Paul Oakenfold во Охрид - 01.08.2013

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623
1011849_496802357065347_1733962165_n.jpg

Дочекајтего Илинден, со еден од најголемите светски диџеи на сите времиња во најубавиот град во Македонија!
Почитувани,
Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме, дека прославата на јубилејот 20г.Авалон продолжува, овој пат со уште еден наш стар познаник, легендата на електронската музика, човекот кој ги постави денешните стандарди за врвен диџеј сет и кој во својата кариера има 3 Grammy номинации, PAUL OAKENFOLD!!!
Поради фактот дека со овој event ја продолжуваме прославата на нашата годишнина, се одлучивме за симболична цена на влезниците од 390,00 ден, а во продажба ќе бидат од 10ти јули на сите продажни места на билет сервисот kupikartizase.com
Paul Oakenfold доаѓа во Охрид во склоп на својата светска турнеја Full on Fluoro tour 2013.
Paul Oakenfold е единствениот светски DJ, кој во својата кариера има продуцирано албуми на светски мега ѕвезди како Madonna и U2, како и единствен DJ кој правел официјални ремикси на Michael Jackson,The Rolling Stones, Justin Timberlake и има издадено преку 20 DJ микс компилации.
Во изминатите години, неговата кариера на извонреден продуцент и композитор му носи нови ангажмани и тоа во филмската уметност, па така Paul ги реализира соундтраците за неколку Холивудски блокбастери како:The Bourne Identity,Matrix Reloaded,Shrek 2,Swordfish и Collateral.

https://www.facebook.com/events/196504857175402/?ref=3
 
Линкот не работи за настанов на фб.
 
Некој ќе го јаде летово со журките у охрид, немаме ние толку капацитет за журкиве у исти ден
27 јули - санрајз самр фестивал - немо - метју дикеј , фанкермен
27 јули - Лав енд хепинес - градиште - Џајковски и компанија
1 август - Том Нови Немо
1 август - Пол Окенфолд
2 август - Грин бич - Фери и Санчез :D

И ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЧ ќе го заборавев на 3ти :pos:
 
И Аца Лукас е на 2ри. :pos:
 
Добро е и ова што го има, ама нашиве менаџери што донесуваат артисти од електронската музика се претворија во оние што пред неколку години ни носеа светски ѕвезди во рок музиката актуелни пред 10-15 години.

Не се ни обидоа да ја искористат шансата што одлични ДЏ имиња ќе гостуваат во Хрватска на Ултра па кога веќе се близу да ги донесат и наваму. Веројатно нема да одам на ова ете за оние кои ќе одат една одлична и нова песна од Окенфолд

Да не мрчам, ама стварно цела година скоро ништо со ептен мали исклучоци и сеа у рок од 2 дена 2 добри журки на исто место. Вака треба да е преку цела година а не само за овие денови.

А погоре некој пиша дека не се носеле нови актулени дј, епа тоа е коа за жал нема многу публика а овие журки како оваа на Окенфолд ќе биде пуна и ради времето коа се одржува а и ќе има еден куп фаци кои ќе идат колку за да кажат дека биле ама срцето им припаѓа на концерт на Цеца. Еве Орјан е актуелен дј а ни еден не пишал до сеа како беше на журката. :)
 
Добро е и ова што го има, ама нашиве менаџери што донесуваат артисти од електронската музика се претворија во оние што пред неколку години ни носеа светски ѕвезди во рок музиката актуелни пред 10-15 години.

Не се ни обидоа да ја искористат шансата што одлични ДЏ имиња ќе гостуваат во Хрватска на Ултра па кога веќе се близу да ги донесат и наваму. Веројатно нема да одам на ова ете за оние кои ќе одат една одлична и нова песна од Окенфолд

PAUL OAKENFOLD е ЛЕГЕНДА !
Секакви изговори за непристуство на настанот ако си љубител на транс се излишни :)
 
Ќе се продаваат карти на врата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom