Albafone - Нов мобилен оператор само за македонските албанци во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата toni-bitola
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јануари 2009
Мислења
671
Поени од реакции
557
Локација
Битола
Додека Ало телеком ги брои парите за да почене со работа како прв виртуелен оператор во Македонија, ReHox груп ги креира тарифните модели и ќе започне со работа во Македонија како Втор виртуелен мобилен оператор.
Фирмата за која стои вториот виртуелен мобилен оператор се вика ReHox, така стои на нивната официјална страна http://rehoxgroup.com/units.html.
Се работи за компанија од Косово која се занимава со продажба на накит уште од 1969 година, преработка на дрво, нивно е исто така American School http://www.askosova.org//?id=1, градежништво во Косово и Албанија, ноќен клуб во Косово, додека во Македонија ReHox group се влезени со Артурс, продавница за големо и мало на спортска опрема од програмата на Converse, Miss 60, High Road, Speedo, Dr. Martens.
Името на вториот виртуелен мобилен оператор е Албафон - Македонија
Главен извршен директор e Ardian Hoxha.
Со започнување на работа на Албафон во Македонија како втор виртуелен мобилен оператор, најмногу ќе се рефлектира врз голем пад на пазарниот удел на Т-Мобиле Македонија, бидејки приближно 20% од вкупниот број на корисници на Т-Мобиле Македонија се албанско население.
Албафон се очекува да почне со работа Ноември- Декември 2012, нивната официјална страна е http://albafone.mk/
извор: www.telefoni.com.mk
 
Нема потреба од ова, сите оператори се Shqip-friendly и имаат и албански верзии на саjтовите а Албафон тешко дека ќе направи македонска верзиjа..
 
Овие изгледа решиле да ги јадат „трошките“... Сите оператори имаат корисници од сите националности, а „Албафон“ сигурно ќе има само албански корисници. Ако имаат сметка да се одржуваат во бизнис само од албанските корисници од Македонија и корисниците од Косово кои доаѓаат на посета - океј, ама мене ми изгледа како тотална утка.
 
Зошто сите оператори имат од сите националности, а фирмава by default сигурно ќе има само албански корисници?
Или мислиш патриотизмот ќе влезе во игра?
 
Зошто сите оператори имат од сите националности, а фирмава by default сигурно ќе има само албански корисници?
Или мислиш патриотизмот ќе влезе во игра?
уште е рано но веб страницата се ќе каже, 100% ќе биде само на албански jазик :) можеби и грешам но ќе видиме
 
А бе кај е четвртиот да ти ебам, па за петти тука да се расправа.
 
^ Пак ќе има идиоти што ќе си ги купуваат куршумите, не се секирај.
Не верувам до ептен до толку дека сме.
Но, друга работа ќе се покаже.
Имено, сите ќе го гледаат како нормално, преминувањето на Албанците кон овој оператор. Исто како што на сите им е нормално сите Албанци, при регистрирање кола што го бираат Албсиг.

Работата е што, покрај сето она што ни го прават Албанците, на некои персони им личи крајно националистички ако Македонците би го правеле истото.
 
Зошто сите оператори имат од сите националности, а фирмава by default сигурно ќе има само албански корисници?
Или мислиш патриотизмот ќе влезе во игра?
Затоа што, со самото тоа што тие го почнуваат бизнисот со името Албафон, тие самите почнуваат да си „играат“ со патриотизмот и сакаат да „ќарат“ корисници од албанска националност. Немам никаква аверзија кон албански бизниси, дури и сметам дека Албанците во многу сфери подобро го тераат бизнисот од Македонците - само го кажувам моето мислење за можните негативни реперкусии поради користењето на ова име... Едноставно, според мене, ова со името е осетлив стратешки потег кој може да им се врати како бумеранг.
 
доколку понудат поефтини цени и услуга,ќе ме добијат како странка.....и во право си дека албанците повеќе ги бидува - македонците немаат на пазарот свој оператор каде од “патриотски“ чувства ќе станат претплатници,еве албанците си добија (y)
 
Голема утка, нема да можат ни во најмала рака да им парираат на Т, Вип , и Оне a посебно неисплатливо како виртуелен (само албански ) сервис
 
Името е маркетинг стратегија, и со класично ефтин потег ги отвораат вратите кон западно македонскиот пазар. Ризик од бумеранг? Секако дека постои.
Но, битно е што во секој случај претставуваат конкуренција, а тоа нам корисниците најмногу ни одговара.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom