Казаки
Атаманот - Army of Christ

Сите сме се запрашале, зошто после повеќе децениско чекање пред вратата на ЕУ, Турција не ја промени „маршутата“ и не побара друга опција. Пред да дојди на власт Ердоган, можевме да дадеме некој реален заклучок, а тоа е дека Турција е сиромашна и економски слаба земја со голема работна сила, која спасот го бара во ЕУ. Сега, кога Турција доживува економски бум и кога прераснува во голем играч на светска сцена (велесила), таа упорно продолжува да моли и да лобира за влез во ЕУ, а нејзините политичари нон-стоп бараат виновници, кои ја кочат Евроинтеграцијата на Турција.
Поостар со изјавите кон ЕУ е самиот Ердоган, но и неговите ставови стануваат се по конфузни со тек на време. Најпрво изјави дека „Турција веќе бара алтернативно решение за ЕУ“, за подоцна да изјави дека Турција до 2023 год. ќе чека за влез во ЕУ, а подоцна ќе ја смени политиката. (2023 год. не е случајна).
HTML:
http://faktor.mk/archives/24803
За на крај да изјави:
- Ќе и кажам на ЕУ: Ако имате намера да не примите, примете не. Но, ако сакате да се откажеме (од членството), подготвени сме да го разгледаме и тоа прашање. Земја која 50 години чека пред вратата на ЕУ, мора да донесе некаква одлука, нагласи Ердоган, додавајќи дека Шангајската петорка не може да биде алтернатива на членството во ЕУ.
http://sitel.com.mk/erdogan-ako-imate-namera-da-ne-primite-vo-eu-primete-ne
Но, дали она што не сака да го признае „челичниот“ Ердоган, го призна „мозокот“ на неговата политика Ахмет Давутоглу. Имено, тој за германското списание „Фокус“ изјави:
Процесот за членство во ЕУ е „пат од кој нема враќање“.
Да не должиме... Ситуацијата е слична и со нас, а оваа влада дефинитивно не сака да скрши од патот кон ЕУ и НАТО и покрај тоа што како организации се 100% на грчка страна во спорот со името.
Очекувам повеќе размислувања, а еве и едно прашање со кое се надевам ќе започне добра дебата:
- Може ли Македонија да си го дозволи тој „луксуз“ и да ги прекини сите врски со ЕУ и НАТО, кога во меѓувреме една Турција дефинитвно призна дека не е спремна за таков чекор?