Хрватска од утре 28 членка на Европската Унија

  • Креатор на темата Креатор на темата ACTION
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам кај да го постирам ова.....да отварам нова тема ми нема смисла.

http://www.vecernji.hr/vijesti/prosvjednici-cekicima-razbili-cirilicne-ploce-vukovaru-clanak-606963

Нема лабаво.....поставија натписи на српски во Вуковар во седиштето на полицијата и на даночната управа дојде група од 30 души и ги симна.


Evropski civilizaciski vrednosti, dzabe falenje na Hrvatite deka se gospoda nasproti neandertalnite Srbi.
 
Навистина во Хрватска после влегувањето во ЕУ е феноменално...

Гледам оделе таму да молат да работаат тешки физички работи и тоа народи: Норвежани, Швајцарци, Австријци, Jaпонци, Сингапурчани, Катарци, Канаѓани, Новозеланци... И тоа за дупло помала плата од нив... Сакале и тие да го почувствуваат тој „CROATIAN DREAM“...

А пак никој Хрват не сака да ја напушти својата татковина „Хрватска“...
 
Изгледа има доста нафта во Јадранското Море.Некоја норвешка компанија ги завршила снимањата на околу 15.000 километри квадратни и има голема заинтересираност на најголемите светски нафтни компании за да ги откупат резултатите.Би требало после ова некоја од компаниите да добие концесија и уште околу 4 години да го истражува морето,а само тоа ќе чини 17 милијарди куни (1 евро = 7,65 куни). Хрватска и без да најдат доволно нафта за да ги заинтересира компаниите за вадење може да извади добра пара.
Најрано со експлатација ако е се во ред би требало да се почне во 2019 година.

Изгледа од уште еден потенцијален пациент ЕУ да примила една нова Норвешка.
Со оглед на тоа што Хрватска има мала популација (4,2 милиони жители) ништо чудно ова да има голем позитивен одраз на економијата и стандардот на граѓаните.Ако е така и ЕУ и Хрватска добиле 7ца на лото.
 
Како се живее во Хрватска и како е таа депресивна демографски опустошена земја знае само тој што бил таму.
Хрватска е во најлоша состојба во последниве 15 години.
Изгледа дека тоа е услов за членство во ЕУ.
А ова со нафтата е истата приказна како и златото кај нас на Беласица.
Ама има народ се пали на тоа и тие што ги пласираат овие информации го знаат тоа.
Им треба некоја голема лага и веднаш се продуцира големата лага во функција на лажна перспективност.
 
Како и е крива ЕУ на Хрватска ?

Иначе малце е поинаква приказаната од златото во Беласица.Нафта и гас има во Јадранот и веќе се вади (Хрватска задоволува околу 30-35% од своите потреби со домашно производство). Италијаните веќе на нивната страна ја црпат,само што Италија е едно 12-13 пати поголема земја и потешко се задоволуваат нејзините потреби,а на северниот дел од Јадранот Хрватска и Италија веќе пола пола имаат платформи и вадат гас ако не се лажам.

Овие истражувања се за јужниот дел на Јадранот.Црногорците си најдоа веќе дека на нивниот дел има нешто.Уште од 70ти се направени истражувања кои викаат дека има нафта (мислам дека пред да се распадне Југославија требало да се направат нови,но војната ги има прекинато),но донесен е заклучок дека во тоа време не е комерцијално исплатлива да се вади.

Е сега од тогаш нафтата е едно 5 пати поскапа и тоа што некогаш не се исплатело сега се исплати.Башка и напредокот во технологиите за бушење и црпење и тоа што пред 40 години било скапо да се вади сега е ефтино.

Тие норвежаните што ги имаат правено снимњата се озбилна фирма која низ целиот свет прави снимања и во случај да најдат нешто интересно ги продаваат тие снимки на заинтересираните компании.

А чим решиле да ги понудат снимките и резултатите тука има нешто,само никој не знае колку е тоа нешто и дали ќе се нафати некој да го вади тоа.

Чисто се сомневам дека има доволно да ја направи Хрватска нова Норвешка или Дубаи,но верувам дека има доволно за да ја направат енергетски независна држава.Ова е далеку од готова работа и мали се шансите да се почне да се црпи таа нафта во наредните 5-6 години,а не па да станат нова Норвешка,но дека е озбилен муабетот и те како е.Многу посериозна работа од златото во Беласица и нафтата во Овче Поле.
:)

p.s Што се однеснува до демографијата и таква покосена е меѓу најдобрите во регионот.
 
Хрватска може подобро котира економски од другите поранешни ју земји но сепак и тие имаат балкански менталитет да бидат зафркнати од своите лидери. Случајот со нафтата може да им донесе бенефиции, нормално ако лидерите не направат грешка во чекори.

А и да им ја зезнат стратегијата со нафтата, бар ќе се пофалат дека имаат сетови за снимање на Game of Thrones. :)
 
пих,ако навистина има нафта лесно корумпираните политичари ќе им ја остават на западните коорпорации за ефтини пари,а народот ќе остане со прстот в уста одново..........Хрватска го има можеби најдоброто море во Европа каде со задоволство Скандинавци и Германци ги трошат своите заштеди,колку пари влегуваат во Хрватска,би требало ко шеици да живеат,арно ама........

лично мислев дека заради “домовински рат“ Хрватите ќе успеат да направат одлична држава за живот,но......дури и премиерот им одговара за корупција :facepalm:

пред 22 години започнаа војна за подобар живот, скапо ги чини сево ова,имаше убава анализа дека Хрватска е на половина пат од постоењето во споредба со југославија,но воопшто не напреднала,ами заостанала во сите сфери на живот :facepalm:
 
Европската комисиja почнува процедура спроти Хрватска зарад преголемиот дефицит.
 
во Хрватска масовни протести против новиот предлог закон за работни односи (y)
Доколку во случај се изгласа овој закон - ќе им се дозволи на работодавците да намалуваат плати , работниците ќе бидат мн.малку или воопшто незаштитени при работа, отказ по воља на работодавец и без образложение итн
http://danas.net.hr/hrvatska/zastup...-o-radu-sindikati-prosvjeduju-na-markovu-trgu
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom