Се сеќавам, бев многу мала, сведочев на една расправија помеѓу мајка ми и татко ми. Одеднаш татко ми почна да урла од бес, треперев од страв. Прв пат го видов во такво издание. Крвта ми се заледи. Се онесвестив намерно, односно глумев со цел да им привлечам внимание. Се стиши ,,бурата,,. Верувале или не, кога ќе се сетам мислам цела крв во глава ми се собира. Беше само обична расправија, но во моите (детски) очи хорор филм. А како им е на оние деца, кои секојдневно ја гледаат мајка им со модринки?
Имам една пријателка, уште во врска кога беше го јадеше ќотекот од дебилот. На почетокот пробав да ја убедам, да се тргне од него. Ама девојчево како да немаше мозок у главата ,,штом ме тепа ме сака,,. Па почна да си праве филмчиња во глава дека и љубоморам, и се што ја советував му пренесувала на типот. Па крши глава тогаш, што да и кажам? Се омажи за него, и ете ја од дома нема излезено, и ако погледне некој случајно фино лепо ја фаќа за коса и пред сите ја влечи у кола.
Додека има дебили глумци, што тек во брак си го покажуваат вистинското лице. Ќе ја мели од ќотек еден добар период, ќе го пријави и пак се по старо. Нашите служби се чисто срање ништо повеќе.
Едно не ми е јасно, овие жеништата што се сместени во такви институции па немат ли мајка му стара желба да учествуваат во таков случај, да дадат се од себе, да се осетат корисни? Јас знам дека како нација сме мрзливи и знам дека кешот и ноктите им се најважни али ипак... некој исклучок..