Ниту заклучок ниту датум за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
И после толку години е***е иста песна Ниту заклучок ниту датум за Македонија?!

Ирското претседателство објави дека на Самитот на Европскиот совет на 27 и 28 јуни ќе се разговара само за доделување датум за преговори на Србија. За Македонија на овој Самит нема да има ниту заклучок ниту датум за преговори

32F21FEEB65C904989C62C48F9745C58.jpg
Ирското претседателство со Европската унија ги разби сите надежи дека Унијата ќе ги надмине тесноградите интереси и по пет позитивни извештаи со препораки на Европската комисија ќе и додели на Република Македонија датум за почеток на преговорите со членство, јавува дописникот на МИА од Брисел.
По синоќешните и денешните состаноци на КОРЕПЕР-групата составена од амбасадори на земјите-членки на Унијата, Ирското претседателство објави дека на Самитот на Европскиот совет на 27 и 28 јуни ќе се разговара само за доделување датум за преговори на Србија.
Како што пренесуваат извори од претседателството за Македонија на овој Самит нема да има ниту заклучок, ниту датум за преговори. Според Ирците, на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) што ќе се одржи во вторник (25 јуни) во Луксембург, министрите за надворешни работи и европски прашања на земјите од ЕУ, во делот за проширувањето на Унијата ќе носат заклучоци само за Србија и можен заклучок за потпишување Договор за стабилизација и асоцијација со Косово.
- За Македонија, ќе кажам дека жалам, но вчера по барање од Комисијата да даде предлог, кај земјите-членки се појавија погледи дека сега не е време оваа земја да се придвижи напред од претходните позиции. Не е тајна дека настаните во земјата меѓу декември месец, минатата година, и пролетва имаа влијание, иако е забележан добар прогрес во нивно решавање. Сепак, за отворање на преговорите се потребни и добри билатерални односи со соседите во што нема прогрес за Европскиот совет да донесе позитивна одлука, вели изворот од Ирското претседателство
Според претседателството со ЕУ, на прашањето за доделување датум за преговори на Македонија ќе се навратат наесен, а ќе се решава на декемврискиот Самит на Европскиот совет во рамки на Литванското претседателство со Унијата.
На прашањето дали ќе има каков било заклучок во однос на евроинтеграцијата на Македонија за кој би се разговарало на Советот за општи работи во вторник, а потоа би го усвојувал Европскиот совет, од Ирското претседателство со кус и конкретен одговор - нема да има никакви заклучоци за Македонија.
Ваквиот развој на настаните, се чини, беше очекуван откако и покрај позитивниот Специјален извештај на Европската комисија правен врз база на заклучоците на декемврискиот Самит на Советот издаден пролетва, јавните истапи на бугарски и грчки владини претставници ставија јасно до знаење дека повторно нема консензус и по седумгодишен кандидатски статус и четири позитивни препораки по ред, Македонија, сепак нема да добие датум за преговори за членство во ЕУ.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=214BA9B2F39D9049AFD008CE2BDED2A1
 
Од сега па натаму нема ни заклучок ни датум,фала богу нема повеќе да се потресуваме пред секој јуни или декември,од сега само шамари ќе ни маваат
 
време е веќе МК да си ја побара среќата во некој друг сојуз- штом постои заговор од страна на ЕУ
 
Кога ја отворив темава се почуствував како да сум доживеал дежа ву ... :confused:

Како и секогаш една иста песна ја пее Грујо и остало ... и секако господата од ЕУ ... и тоа ти е тоа народот си трпи ти е си се заебават и си тераат своја работа. Кој нас не пита.
 
па време е!
а кој е тој друг сојуз?
брикс?
шангајската организација?
или има и други

или и тие не не сакаат,немаат корист од само 2 мил народ
не у еу
 
време е веќе МК да си ја побара среќата во некој друг сојуз- штом постои заговор од страна на ЕУ

Не постои никаков заговор,тоа само власта го сервира веќе неколку години заради својата неспособност.Кај у мајчината би оделе,кога природно припаѓаме во Европа,што би барале во Азија или Ј.Америка.Време е веќе да се признае за својата нестручност и местото да се препушти на некој поспособен за евроинтеграции.Во нормални демократии по оваков неуспешен обид доаѓа до оставка на власта,заради националните интереси.
 
Кога ја отворив темава се почуствував како да сум доживеал дежа ву ... :confused:

Како и секогаш една иста песна ја пее Грујо и остало ... и секако господата од еу ... и тоа ти е тоа народот си трпи ти е си се заебават и си тераат своја работа. Кој нас не пита
Да да ќе дојдат на власт ќе седнат до коска и голтнат до желудник па за 6 месеци ќе влеземе во еу.
Сигурно не трпи тој што работи.
А кој не прашува дали сакаме во еу
 
време е веќе МК да си ја побара среќата во некој друг сојуз- штом постои заговор од страна на ЕУ

Само да припамтам зборовите на тетка Бакоjaни ушге како министарка за надворешни на ГР,коja jaсно и гласно кажа,дека от статежки интерес на Грциja е Македониja да не получи датум преди Србиja. Затоа сега ке гледаме дали Србиja ке добие,а после може и вие. Се сега е во рацете на Германиja и тетка Меркел.
 
Не постои никаков заговор,тоа само власта го сервира веќе неколку години заради својата неспособност.Кај у мајчината би оделе,кога природно припаѓаме во Европа,што би барале во Азија или Ј.Америка.Време е веќе да се признае за својата нестручност и местото да се препушти на некој поспособен за евроинтеграции.Во нормални демократии по оваков неуспешен обид доаѓа до оставка на власта,заради националните интереси.
Никогаш не сме ни припаѓале,повеќе наклонети сме биле кон Русија
 
што сакаш да кажеш ?!
-поспособни или предатори- кои по брза постапка ќе променат име - од Македонија во Беладонија
-има и те како има заговор- читај притисоци од ЕУ а посебно од соседите
-територијално припаѓаш во Европа- но силом прилике ти не си добредојден во таа унија- затоа ќе си бараш чаре- а излез секогаш постои.
безизлезна ситуација нема
 
Никогаш не сме ни припаѓале,повеќе наклонети сме биле кон Русија

Кој стратешки интерес Русија го има со нас,и кој договор го имаме со нив?Србија добива датум за ЕУ,а покрај тоа и потпишува воена соработка со Русија.Ама и се може,никој од ЕУ за тоа не и приговара,и ниту ја попречува.
 
Не знам што овие нашиве толку се бламираат па фаќаат илегални емигранти и не им дозволуваат да влезат во еу,згора на тоа и камп имаме па престојуваат и по повеќе години на државен трошок.
Ма пушти све да оди у еу и биди посредник,кога гејците не ги боли дупе,зошто па ние да изиграаваме будали
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom