Одгледување на Алое Вера

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Бидејќи не најдов соодветен подфорум, ја отворив темава овде. Доколку модераторите мислат дека не и е тука местото, нека ја преместат.

Најверојатно повеќето од вас имаат слушнато за Алое Вера, и колку е лековита. За тие што немаат, еве линк:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Алое_вера

Ме интересира, дали некој од вас има искуство со одледување на Алое Вера? Доколку има такви и доколку не им е тешко, би ги замолил да ги споделат нивните искуства и да ми го објаснат целиот процес, од садење, каков тип на ѓубриво ми треба, на колку време да и ставам вода, дали воопшто да ја фаќа сонце и слично. Благодарам однапред.
 
Мислам дека баба ми има цел живот едно такво растение во саксија. Не едно повеќе се и прави нешто од него.
Колку што знам не им прави некој посебен третман како и сите други китки го наводнува и се грижи за него.
А за садење неам поима, посадени се одкако знам за себе, ама секоја година други има и никад не сум ја фатил да ги сади или слично.
 
Алое вера е сукулент, значи спаѓа во група на кактуси.

Ти треба земја која не држи многу влага и која убаво дренира. Значи земаш песок и го мешаш со било која хумусна почва, во однос 50:50, па можеш дури и 60:40 (песок:хумус).

Како сукулент не бара многу вода, летно време 1 неделно, зимно 2 во 2 недели, сепак не се води по ова правило, најдобар начин да провериш е да поткопаш малку во саксијата едно 2cm ако е влажно, одложи го наводнувањето за ден-два.

За ѓубрење незнам како иде, јас имав, ама не им одговараше местово и ги однесов кај баба у соларник, таму почнаа и да цветаат, сакаат Сонце, ама не да се печат по цел ден, најубаво на прозор да ги чуваш, источна или западна страна.
 
Алое вера е сукулент, значи спаѓа во група на кактуси.

.....не мешајте сукуленти и кактуси

....чувам неколку типови на алое.....дали некое од нив е вера....незнам
многу лесно се размножуваат...се осекува врвот од постаро растение и се става во песок....или доклу има пуштено млада ЌфиданкаЌ се одделува од матичното растение и се пресадува....

...вообичаенои сака песоклива земја (50:50 или 60:40) песок:хумус... многу сонце и повремено темелно вадење....но саксијата мора да има добра дренажа
 
Сум слушнал дека ова растение помага при малигни заболувања. Како се конзумира? Се јадат листовите, се пијат цедени, или само хемиски преработени се конзумираат?
 
Јас колку што знам има повеќе од 300 видови на Ало Вера а само еден се користи за медицински цел Aloe Barbandensis Miller.Е сега дали некој го одгледва и можи да се одлегва баш тоа во домашни услови не знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom