Скопско лето 2013

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Еве и ова година го дочекавме почетокот на Скопски лето и јас како и минатата година ја отварам ова тема на која ќе споделуваме информации

Еве што вели Дневник:
http://dnevnik.mk/?ItemID=CA138188A6A69741BC70E494235167A8
Колку што разбрав вечерва на програмата ќе биде 9 - тата симфонија, но тоа ќе биде во МОБ
Со очекува оваа година Фестивалот да биде посебно богат поради годишнината од Скопскиот земјотрес.
Програмата ја најдов овде.
http://www.sk.com.mk/?ItemID=B1D67FFFBE2C7A489E636DB45F00FC0E
Повелете да дикутираме кои интересни кутурни настани не очекуваат ова лето
 
Конечно го почнувам летото со Скопско лето.
Порано речиси и да не пропуштав она што ме интересираше, за последните неколку години речиси и да не присуствувам на ништо од програмата.
Какои да е, вечерва, отворање на Скопско лето 2013, МОБ, 21ч., па потоа, да сме здрави и живи. :)
 
Денес на програмата има во 12 часот отварање на изложба на слики од Демир Белули - Сликар од Косово во Чифте Аман
А во 21 и 30 во Сули Ан проекција на турски филм од Осман Синав - Долга приказна
На турска википедија за филмот најдов ова ама со гугл траслејт ништо не разбрав/
http://tr.wikipedia.org/wiki/Uzun_Hikaye_(film)
Ако некој има повеќе информации нека сподели
 
Читам Скопско лето и се радувам викам фала богу им текна и на овие од Скопска пивара да направат некоја акција Скопско да се пие покрај добра музика и во друштво. :pos:

Ај да не бидам оф, добро е да се прават вакви настани, во Драчево почнувајќи од вчера па не знам точно до кога има Културно лето 3 Круши, па идат доста луѓе, вчера Синтезис пееа, ем друштво, ем дека на високо место ќе пропешачиш малце, чист воздух и СКОПСКО супер е :D
Сигурен сум дека и на Скопско лето ќе има добра посетеност, програмата е интересна :)
 
Читам Скопско лето и се радувам викам фала богу им текна и на овие од Скопска пивара да направат некоја акција Скопско да се пие покрај добра музика и во друштво. :pos:

Ај да не бидам оф, добро е да се прават вакви настани, во Драчево почнувајќи од вчера па не знам точно до кога има Културно лето 3 Круши, па идат доста луѓе, вчера Синтезис пееа, ем друштво, ем дека на високо место ќе пропешачиш малце, чист воздух и СКОПСКО супер е :D
Сигурен сум дека и на Скопско лето ќе има добра посетеност, програмата е интересна :)

Oва ми де допаѓа... Во Драчево барем нема зонско
Те молам напиши поопширно каде, во колку саат и што е на програмата
 
Oва ми де допаѓа... Во Драчево барем нема зонско
Те молам напиши поопширно каде, во колку саат и што е на програмата

22.06.2013 г. ( сабота) - 21.00ч. – Три круши - театарска претстава ,, Последните Македонци” - Драмски театар.
Искрено да ви кажам минативе години многу повеќе и подобри пејачи имаше, за отварањето имаше и огномет и т.н годинава Беличанец ни е малце скржава. Поточно да ти кажам кај се наоѓа од влезот во Драчево кај што двои нели десно за на кај Батинци лево на кај Драчево вртиш има уште таму табла пишува патот за на 3 Круши ама еве и јас ќе ти подобјаснам кога ќе свртиш лево за на кај Драчево го поминуваш мостот и тераш само право. Тераш право цело време ќе видиш после едно 3-4 мин со кола ќе видиш од лева страна има црква св.Спас па ќе продолжиш уште малце право па после една минута од десна страна имаш парк, тоа ти е веќе сред село, од тука втората уличка десно нагоре се искачуваш има табла кај што пишува св.Петка 3 Круши. Многу комплицирано ти го објаснив јас во принцип влагаш во Драчево и ни лево ни десно само право тераш после 5 мин возење гледаш табла 3 Круши и натаму вртиш. Еве сега ќе споделам и некој слики од 3 Круши.
555244_10152258407646664_1922179566_n.jpg
5922_10152493335586664_644833849_n.jpg


1013385_10152493332326664_1559786476_n.jpg


307965_10152305609986664_1325417693_n.jpg


285387_10152304014051664_159357710_n.jpg

п.с Скопско од дома си носиш :)
--- надополнето: 22 јуни 2013 во 11:40 ---
Еве да се надополнам, овие денови ќе биде најинтересно
- 26.07.2013 г. ( петок) – 21.00 ч. Три Круши – концерт- Миле Кузмановски

- 27.07.2013 г. (сабота) –21.00ч. Три круши – концерт Силви Бенд

- 03.08.2013 г. (сабота) – 21.00 ч. Свечено затворање на ,,Културното лето Три круши,, Настап на Даниел Тошевски; настап на КУД ,,Китка”, КУД ,, Јордан Мијалков”, КУД ,, Никола Јонков Вапцаров” и Војо Стојановски.
 
Денес, на програмата е амбиентална представа „5.17“ - почеток во 22 часот - Која ќе се одржи кај Стара железничка станица
Програмата ја најдов овде, ама тешко се чита,
http://issuu.com/skleto/docs/skopsko_leto_2013/5?e=0/3642970
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a
Денес во 21,30 во Куршумли - Ан, Солунски патрдии
а во 20 часот концерт во МОБ, на филмска музика
И за двата настана се плаќа влезница
 
Денес на програмата се само Солунски патрдии во 21,30, во Куршумли Ан
Програмата која ја најдов тешко се чита. Дали сте сретнале програма која полесно се чита
http://issuu.com/skleto/docs/skopsko_leto_2013/5?e=0/3642970
 
Денес, во 22 часот, во Музејот на Градот Скопје ( стара Железничка станица ) концерт за пијано во изведба на Дуња Иванова
Дуња Иванова е млада пијаниска ( родена 1985 ) а на програмата е современа музика
Јас сигурно ќе присуствувам и Ви го препорачувам овој концерт.
Обично за влез на концертите во Стара железничка не се плаќа
Најдов и многу убав напис за вечерашниот концерт, па кој сака може да прочита:
http://www.makdenes.org/content/article/25026465.html

Денес исто од 19 до 21 часот ќе има мултимедијален проект Урбани приказни
На повеќе места во Центарот ќе има изложби
Овде можете да видите кои се тие места
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=0E1618E20619EC4F86014B5DE020BA34
Мислам дека денес имаме прекасна програма и дека ќе имаме пријатна вечер
 
Верувам дека Ви се допадна концертот на Дуња Иванова
Денес во Драмскиот театар гостува Театарот од Велес со представата „ Ноќите во бел сатен “. почеток во 21 часот.
Инаку вчера конечно добив и програмата на Скопско лето
( печатена ) и тоа лично од рака на Директорот.
Тој ме информира дека секој може да побара информации на меил и дека одговараат.
меилот е: skleto@unet.com.mk
 
Денес во 21 часот балетска претстава Александар 3 Македонски во МОБ
Истовремено, во 21, во галерискиот простор на МОБ изложба
Не знам дали забележувате, оваа година досега немаше претстави пред Домот на АРМ, на Кеј, на Плоштад и досега немаше фолклор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom