- Член од
- 1 мај 2005
- Мислења
- 2.612
- Поени од реакции
- 32
- Возраст
- 52
Од Дневник:
Античките Македонци биле писмени
Проблемот во современата наука е што се' уште се смета дека Античките Македонци биле неписмени и покрај сите свои успеси во формирањето империја, држава со сите елементи на современа цивилизација
Неговите колеги, членовите на Македонската академија за науки и уметности, се оградуваат и неговото откритие го сметаат за „сајанс фикшн“. Но, тој со својот тим излезе храбро, игнорирајќи ги сите последици во нашата и во светската научна јавност и го претстави јазикот и писмото на Античките Македонци. На академик Томе Бошевски, пензиониран професор на Електро-техничкиот факултет во Скопје и на неговиот долгогодишен колега, професорот Аристотел Тентов, им појде од рака да најдат „равенка“ и да го дешифрираат средниот текст од познатиот артефакт - каменот пронајден во Розета, Египет и со аргументи да потврдат дека тоа е мајчиниот јазик и писмото што ги користеле големиот Александар Трети Македонски, неговите предци и неговите потомци. Каменот од Розета бил издлабен во 196 година пред новата ера и на него е напишан декрет на Птоломеј Петти Епифан. Идентичниот текст е напишан на три писма - со хиероглифи, во светот прифатеното демотско писмо, за кое нашите научници потврдија дека е всушност старомакедонско, и на писмото на Античките Грци. Артефактот го пронашол француски војник од војската на Наполеон, во текот на неговата кампања во Египет во 1799 година.
Идејата да се обидат да го дешифрираат текстот се родила во деведесеттите години, кога академикот Гане Тодоровски беше амбасадор во Москва. Тој во нашата Академија ја испратил книгата „Православјанска писменост“ од Генадиј Станиставлович Гриневич.
- Во уводниот дел се споменува каменот од Розета. Руските зборови многу ми приличија на зборовите на Црноризец Храбар, дека Славјаните пишувале со „черки и рески“. Тогаш во очи ми падна делот во книгата, каде што за каменот од Розета се употребени слични зборови, дека предците на Славјаните пишувале со „черки и рески“. Со колегите на Интернет го најдовме каменот од Розета и записите на средниот текст. „Черките и реските“ кај нас побудија интерес да се обидеме да ги разбереме, да ги дешифрираме. Тогаш се роди идејата дека Славјаните и пред да дојдат светите браќа Кирил и Методиј биле писмени. Дополнителен поттик ни беше фактот дека во тоа време со Египет владееле Птоломеите, македонската династија. Така настана синџирот на поврзување. Светската слава на каменот од Розета се однесува токму на писменоста. Тоа е експонат што не трпи апсолутно никакво оспорување. Но, ние во нашите истражувања ниту додадовме нешто што не постои, ниту одземавме од текстот што е напишан и сочуван.
„СЕ ВО СВОЈОТ БОГ“
*Како се развиваше проектот?
- Поминаа пет-шест години откако го подготвивме проектот и почнавме да работиме. Постепено се зголемуваше и побудата да го решиме „проблемот“ и дојдовме до сознание дека навистина можеме да го сториме тоа. Токму зборовите во руската книга каде што е објаснето дека на каменот, над текстот напишан со старогрчко писмо има текст со „черточкех, кључкох и других знакох“. Реченицата беше иницијатор да видиме што значат тие цртки и рески. Претпоставивме дека Славјаните биле писмени и пред азбуката на светите словенски браќа. Во суштина, проблемот во современата наука е што се' уште се смета дека Античките Македонци биле неписмени и покрај сите свои успеси во формирање империја, држава со сите елементи на современа цивилизација. Тоа е нон-сенс. Тој факт не можевме да го прифатиме. Чудно е современата наука да прифати дека цивилизацијата која, пред да биде напишан текстот на каменот од Розета, опстојувала 300 години и немала писмо на својот јазик.