Дали некој воопшто помисли дека на Џејмс Гандолфини ќе му се случи токму тоа што Кристофер Молтисанти му го предвиде на Тони Сопрано во Сопранови, дека ќе претрпи срцев удар пред да наполни 50 години, со разликата што на Џејмс Гандолфини ова му се случи подоцна, односно на 51 годишна возраст ?
Велат дека е лесно да се биде дебел и со одбивен, асоцијален и социопатски карактер, но потребно е многу повеќе од тоа за да се биде Тони Сопрано, а се вика талент. Таков талент имаше само Џејмс Гандолфини и никој нема да ја има таа харизма и таа сила со која зрачеше сега веќе покојниот Гандолфини.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.