Tour de France | 29.06 - 21.07, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Шлек има ритам да прати нечиј скок,али самиот да се одвои од групата,многу лесно го стигаат,ич не е експлозивен,кога ке ми текне минативе години Контадор како со леснотија ги испраѓаше неговите напади..плус многу време губи на хронометрите,дефинитивно не би го земал за фаворит,Фрум/Контадор победуваат.
 
топ 10 фаворите според кладилнициве:

1. Фрум 5/8
2. Контадор 11/4
3. Родригез 18
4. Порт 22
5. Квинтана 22
6. Еванс 33
7. Ван Гарденер 33
8. Валверде 33
9. Шлек 40
10. Ван Дер Брук 100
 
Конечно почна Тур де Франс, имате преноси на еуроспорт од сите етапи.
 
Марсел Кител е победник на денешната етапа од Порто-Векио до Бастиа.
1010635_530721583643892_430247285_n.png

Утре се вози од Бастиа до Ајачио, етапата е долга 156km.
 
Што се однесува денеска со времето во Франција. Нема да има никакви врнежи од дожд и не би требало да има ладно и ветровито време.
 
Денеска беше прва етапа што ја гледав и можам да кажам дека Скај не е тоа што беше лани, стварно незнам зошто отидоа со волку слаб тим.... Но сепак утрешниот хронометар треба да покаже повеќе.
 
PROFIL.png


Ајде денеска конечно да видиме кој има шанси за да се бори за жолтата маица (y) Моја прогноза е дека Фрум ќе успее да направи некоја разлика и дека само Квинтана (ако не е повреден) и Пурито ќе бидат со него.
 
Добра прогноза. Фрум има одличен тим.

Квинтана е малце млад и луд, но тоа е добро за трката.

Едвај чекам да ми дојдат во комшии во 19та и 20та етапа. Ќе има уште едно наше знаме крај патот ;)
 
Скај не се за верување....:eek:
Возачите им се медицински проекти, тоа е максимумот на човечкиот род - она што го возат Фрум, Порт и Вигинс. Секоја чест :cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom