Избор на клима уред

  • Креатор на темата Креатор на темата branegj
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
Деновиве разгледував клими ми треба за соба од 33м2 и ме збунија каква треба дакупам 12-ка или 9-ка 2,5kw или 3,5kw паако иманекој искуство со тоа и може дами помогне
 
За таа квадратура 2.5kw ќе ти заврши работа
 
1. Дали климата ќе ти служи само за ладење?
2. На која страна ти гледаат прозорците?
3. Какви прозорци имаш? (ПВЦ? Колку стакла?)
4. Дали имаш изолација на куќата/станот?
 
да само за ладење
на југ
дрвени прозорци 6 прозорци и една врата која половина е стаклена
немама изолација на куќата
 
2.5 kW ќе лади, ама ќе работи повеќе. 3.5 kW е малку поскапа ама полесно ќе го лади просторот. Без многу математика земи 3.5
 
Деновиве разгледував клими ми треба за соба од 33м2 и ме збунија каква треба дакупам 12-ка или 9-ка 2,5kw или 3,5kw паако иманекој искуство со тоа и може дами помогне
Моја препорака е да си купиш BEKO BK 130-131 XP клима уред 3,5kw што е доволна за наведената твоја квадратура.
 
да само за ладење
на југ
дрвени прозорци 6 прозорци и една врата која половина е стаклена
немама изолација на куќата

Мала разлика е во цена помеѓу 2.5 и 3>, но размисли наместо да одиш на поголема моќност на клима да инвестираш во изолација на прозорците од тип надворешни ролетни, мала тендичка и сл. а да ладиш со послаба клима.
 
2.5 kw е подобро со добра изолација на пример за соба во стан, поевтина и помалку ќе троши.
 
Дали некој знае каде во Македонија има помали клима уреди? Под помали мислам на димензии и моќност. Имам видено низ Скопјево, ама на интернет по сајтовиве на продавниците за бела техника не можам да најдам ништо слично.
 
3.5 побргу ќе постига температура и побргу ќе го исклучува компресорот.
2.5 поспоро ќе изладува и подолго ќе работи компресорот.

Моја препорака ти е 3.5 ако нема голема разлика во цена.
 
Да држи логиката за мала разлика во цена, ама без подобрена изолација џабе е и 6К да земе.

Слично објаснување за купување на помоќни клими ќе дадат сите продавачи ... земи си бе 3.5 што ќе се заебаваш со мала? Но не мислам дека послабите се џабе измислени. Или пак можеби на идниот сопственик му е битно од 1 до 100 за колку ќе крева и да прави температурни шокови.

2.5 е сосема доволно за таа квадратура. Не би препорачал никому да паѓа на маркетиншки финти од тип за малку посакпо ќе добие многу повеќе. Ниту ќе добие многу ниту ќе доплати малку.
 
Јас имам 2.5 во слична просторија. Сега да треба да ја менувам 3.5 без размислување би ставил. Затоа што никогаш вратите од собите не се затвараат па иде ладното и на други простории а 2.5-кава ко луда работи за да постигне.
 
Значи ти немаш слична просторија туку слична + другите поврзани простории. Тоа е сосема друга квадратура за ладење а не сличната. Дали ако се затворени вратите одржуваш температура без проблем?
 
Со оглед на тоа дека немаш изолација земи oд 3.5 kw :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom