Дали треба некаква дозвола за кoпање на бунар (10тина сантиметри ширина, повеќе метри длабочина)?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Не е за брзање, работата е во фаза на планирање.
 
дозвола за копање е најмал проблем има многу други работи на кој треба да се обрне внимание не е само да ископаш бушотина и готово системот работи
треба да дефинираш колку проток ќе ти треба, да се види дали на местото каде што сакаш да копаш бушотината би имала толкава количина на подземна вода да не испадне после 2-3 години пресушил изворот, што ќе правиш со искористената вода (тука ти треба уште една бушотина за реинјектирање), на крај да си удриш една математика колку ке ти се исплати инвестицијата и слично. ;)
 
Секако дека математиката е најважна. Но во рaвенката треба да влезат и варијабли како извесните покачувања на цената на струјата кои ќе се случуваат со или без најавената либерализација на пазарот.

Мојата првична намера (како што веќе напишав) не е отворен систем, туку затворен систем со вертикални сонди. Немам намера да црпам вода, само поставувам затворен систем од вертикални цевки.

Освен тоа пресушување на водата едноставно не е реален проблем кај мене. Се разбира, теоретски е можно и тоа да се случи, но само во случај сосема да пресуши Вардар... Во кој случај, секако ќе имаме поголеми проблеми во животов од економично ладење и греење. :)


дозвола за копање е најмал проблем има многу други работи на кој треба да се обрне внимание не е само да ископаш бушотина и готово системот работи...
Топлотните геотермални пумпи заслужуваат своја посебна тема, но оваа тема тука пред се, се однесува на легално правните процедури за изведување бушотини. Неколку луѓе пренесоа лични искуства, но ниеден правник не напиша што конкретно вели законот.
Затоа и ја отворив темава во подфорумот за право, не знам зошто е преместена овде во економија и бизнис... :-/
 
Никој не напиша затоа што непостои таков правилник кај нас сеуште :)
ЈАс сметам дека хоризонтален затворен систем е многу поекономични решение и немаш потреба од никакви дозволи зошто е на мала длабочина е само проблемот е што ти треба поголема површина.
А инаку кај нас сеуште не е многу економично со сондирање зошто според информациите што ги имам метар бушотина оди некаде од 80 до 100 евра што споредено со истата услуга во земјите низ европа е неколку кратно поскапо.
 
Vanlok реков вторник, ете во вторник да споделам
човекот не знаеше вака од памет да ми каже, но ми даде добри упаства.
надлежно е министерството за животна средина и планирање. ако си од ск, се наоѓаат во МРТВ на 11 или 12 кат. еве и линк за нив, па ако не сакаш да идеш, јави им се.
http://www.moepp.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=2A8E5C02C137C442A998C71975D4E66C
да не заборавам, ќе го бараш секоторот за ВОДИ. тие ќе ти дадат инфо за понатаму.
од мене толку, миле паника за вашата телевизија ;)
 
Мене ми треба совет за пумпа, сакаме со татко ми да ја смениме, да ја извадиме раѓосаната цевка која е 6м забиена во земја, па да прашам има ли некој алат за копање ? или ако знае некој кој може да ја замени, дали има одредени луѓе што се задолжени за тоа ?
 
Има некој точни информации како оди целата постапка за вадење дозвола за бушење да биде се легално, 50-60м максимум длабочина и колку одприлика кошта самата дозвола
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom