Flickr (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.653
Поени од реакции
1.899
Пред некој ден дадоа милијарда за Tumblr, денеска објавуваат дека даваат терабајт storage на Flickr....
Што се дешава со Yahoo?
Дали ќе живне?
 
Колку сака нека живне, сеуште ќе викаме "изгуглај" а нема да викаме побарај на јаху

Не им е само тоа работа на нив, пребарувачот...
 
Мене mail-от ми е на Јаху. Го мразам g-mail, не го поднесувам, така да Yahoo ако ништо друго за мене секад ќе биде подобар од таа гледна точка.
 
Мене mail-от ми е на Јаху. Го мразам g-mail, не го поднесувам, така да Yahoo ако ништо друго за мене секад ќе биде подобар од таа гледна точка.
Да, плус тоа на јаху постојано има некои пола/третина страна реклами со слики од гладни, боси, голи деца од Африка (или НеЗнамКаде) и кога ќе ги видат јаху маил корисниците сликите одма инстантно тоа придонесува за благосостојба на загрозените деца, поефективно и централно организирано е од борбата на фејсбук против ракот во светот.
 
Друштвената мрежа за споделување фотографии Flickr oбјави „подобар, посветол“ редизајн. Редизајнот е дел од стратегијата на Yahoo, Flickr e нивна сопственост, да биде покул со помладите корисници. Kупувањето на Tumblr за 1,1 милијарда долари беше првиот чекор, сега следи редизајнирање на другите услуги, од кои прв е Flickr.
Прво што ќе забележите на вашата почетна страна на Flickr е дека е целосно променета со Activity Feed преку кој се прикажуваат најновите споделени фотографии и активности на вашите фотографии. Photostream е комплетно преуреден за да ги покажува сликите поголеми во поубав распоред, и дозволува персонализација на воведните (cover) фотографии. Претставени се и нови презентации за поубаво прегледување на фотографиите кои се прикажуваат во „најмногу пиксели кои се можни“.
една од поголемите промени со друштвената мрежа не е редизајнот, туку функционалноста на Flickr Pro профилите кои сега се изгасени. Oвие профили за месечна претплата нудеа пристап до неограничен простор и статистики за прегледаните фотографии. Но, редизајнираниот Flickr сега нуди еден терaбајт простор за да ги зачувате сите фотографии и видеа во висока дефиниција (HD). Терaбајтот ќе биде достапен и за Flickr Free и Flickr Pro профилите. За да го ставиме терабајтот во перспектива, ќе ви треба да правите по една фотографија секој час во следните четириесет години.
Flickr Pro корисниците ќе можат да си го зачуваат Pro профилот, и да продолжат да си плаќаат, но единственото нешто што ќе го имааат како предност пред Free корисниците за 50-те долари годишно е што нема да им се прикажуваат реклами.
Yahoo преку Flickr нуди и можност да платите 500 долари годишно за да добиете двоен простор, но тоа е бесцeлно бидејќи може да отворите два бесплатни профили, нели? Доколку одлуката да се изгасат Pro профилите ви звучи чудно, земете во обзир дека Flickr веќе не е пионир за фотографии како што беше еднаш, туку сега има далеку пoјака конкуренција (пр. Facebook, 500px итн) кои нудат доста корисни функционалности безпари. Тоа што е сега важно за Yahoo е Flickr да биде интересен за корисниците за да може да прави пари од рекламите.

Превземено од it.com.mk

Ајде фотографи и ентузијасти, споделете ги своите профили :)

Еве го мојот, но сеуште немам свои фотки таму закачено

http://www.flickr.com/photos/96768733@N07/
 
Превземено од it.com.mk

Ајде фотографи и ентузијасти, споделете ги своите профили :)

Еве го мојот, но сеуште немам свои фотки таму закачено

http://www.flickr.com/photos/96768733@N07/

Веќе има тема за онлајн фотографски портфолија, во кои е опфатен и овој сервис, па не знам колку има потреба од посебна тема за Flickr, ама ајде - нека стои за сега :)

Ставај твои фотографии, не е поентата да шибаш туѓи дела.
Инаку, еве го и мојот профил (сите мои фотографии): www.flickr.com/photos/mlazarevski/
 
Ми требаа фотографиите да ми стојат на нет некаде во фул резолуција за да принтам постер :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom