Грчката влада ја затвори државната телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Сигналот на телевизијата е укинат вчера (среда, 12.06.2013) откако владата ја затвори Хеленската Емитерска Корпорација (ЕРТ) и отпушти од работа околу 2700 вработени.

Синдикатите и медиумите започнаа генерален штрајк за подршка на државната телевизија.

Портпаролот на владата Симос Кедикоглу рече дека ЕРТ е случај на исклучителен недостаток на транспарентност и неверојатно претерување. Според Кедикоглу, државната телевизија била “рај за расипниците“.

Кедикоглу најави дека државните медиуми подоцна ќе бидат повторно отворени во нов формат и со значително помај број вработени.

Сите истерани од работа ќе добиваат надокнади од државата и ќе имаат право да конкурираат во новите медиуми кога истите ќе се отворат.
 
радиодифузна такса плакате?
 
Го затворија ERT,WoW ,изгледа поради фијаското што го пуштија порно филм посади спикерот хахаха :)


Испратено од iPad 3 со Tapatalk HD
 
ERT 1750 вработени 3000 евро плата
 
Каде е сега гркофилчето Реален да ги фали грците колку биле богати,силни и демократи..:tapp:
 
Ова треба и кај нас да се спроведи.
 
Така треба.
 
Во гејлада се плаќа 51,6 евра на годишно ниво за државната ТВ.

Ако гејлада со вкупно жители 11.000.000 или отприлика 2.750.000 домаќинства наплаќа годишно по 51.6 евра за државната телевизија - таа значи годишно добива 141.900.000 евра

Во Македонија со 2.000.000 жители отприлика би било вака - 500.000 домаќинства по 39 евра годишно -за МРТВ одат 19.500.000 евра

Во останатите европски држави состојбата е следна:
Кипар: од 2000 г- после негодувањето на народот ја има укинато радиодифузната такса за граѓаните, па дел од буџетот на кипар оди за државната телевизија, а останатиот дел на средства телерадиокомпаниите ги добиваат од разни реклами и спонзорста.

Германија: годишна сума за ТВ е 204,35 евра
Шведска: 200 евра годишно;
Финска 232,20 евра;
Чешка: 56,90 евра;
Латвија: во оваа држава граѓаните не плаќаат за државната ТВ;
Полска: по 53 евра
Австрија: по 223,32 годишно .
Шпанија: и во оваа држава граѓаните не плаќаат за државната ТВ;
Португалија: 20,52 евра годишно
Малта: 34 евра;
Франција: 116 евра;
Холандија: државнатаТВ е спонзорирана од државата и живее на сметка на рекламите ;
Унгарија : финансирана од страна на државата ;
Романија: 12 евра годишно – плаќа семејство ,
Бугарија: 60% ТВ од буџетот на државата, а останатите 40% од реклами.
Естонија,- граѓаните немаат обврска да плаќаат за државната ТВ
Литванија граѓаните не плаќаат за државната ТВ;
Луксембург граѓаните не плаќаат за државната ТВ;;
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom