Влијанието на литературата врз општеството и на општеството врз литературата

  • Креатор на темата Креатор на темата Mary Poppins
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Општеството има(ло) огромно влијание врз развојот на литературата, филозофијата или кој било друг вид на уметност. Литературата е родена од општествените верувањата, мислења, идеологии односно го рефлектира општеството.

На пример во средновековието делата имале исклучиво религиозна содржина, во класицизмот се пишувало според строго определени правила и секој писател кој се спротиставувал на тоа = му се спротивставува на Луј XIV. Исто и во комунизмот, кога секој обид да се создаде дело кое ќе ги отслика негативните страни на ова државно уредување завршувал со протерување на Голи Оток или пак со погубување.

Од друга страна пак, има и многу литературни дела кои успеале да влијаат на општеството. На пример Божествената комедија на Данте Алигиери – првиот поет кој внесол светлина во литературата која во тој период (средновековието) била само религиозна. Еве би го спомнала и Гете затоа што неговото дело “Страдањата на младиот Вертер” предизвикало масовен бран на самоубиства во Германија. “Капитал” на Маркс итн.

Примерите ми беа колку за посочување.

Ме интересира чие влијание според вас е поголемо. Она на општеството врз литературата или на литератаурата врз општеството? Или можеби мислите дека е еднакво?
 
Општеството има големо влијание врз литературата. Народот е заинтересиран за она што се случува во времето во кое живее, така што литературата се создава врз основа на теми кои биле актуелни за време на создавањето на делото.

Од друга страна пак, одредени дела наметнуваат или изменуваат одредени мислења и норми во општеството, така што јас велам дека взаемно си влијаат.
 
Секое време има своја "фора". Свој правец по кој чекорат уметниците воедно натаму носејќи ги своите дејанија. Авторите многу често црпат инспирација од нивната околина, случките што ги опкружуваат и воопшто природни и општествени феномени кои понатаму помагаат во концептуализацијата на одреден уметнички правец.
Посебно на овие простори можеме да забележиме како поголемиот процент на изворната уметност е инспирирана од тегобите на македонскиот народ низ историјата.
Вака поставено, уметноста навистина изгледа премногу реактивно. Сепак, секогаш постоеле и ќе постојат револуционери чии подвизи ќе покренат размрдување на општеството и креирање на инквизиторен став кон моменталниот општ менталитет.
Како и да е, не постои правило за тоа чие влијание е поголемо. Низ разни периоди во историјата, во разни култури постоело случаи каде што едното е поголемо од другото.
Така да, се е ситуационо.
 
Едни полуписмени камилари од блиски исток решиле да ги напишат народните приказни што биле општо познати во тоа време, и ни подарија 1000 години темница, утепан морал, и најново, забрадени ајвани што се разнесуваат во автобуси. Ебати литературата.
 
Опшетството има влиание на литературата и на сите други видови уметност, а обратно не постои значајно влијание
Ќе објаснам со пример:
1924., додека бил во затвор, Хитлер му ја издиктирал на Рудиол Хес, својата книга Мојата борба
http://mk.wikipedia.org/wiki/Мојата_борба
Ова книга до 1945, во Германија е продадена во 10 милиони примероци и се сметала дека влијаела на развојот на нацизмот и доаѓањето на власт на нацизмот. По војната, во некој земји, дури е и забранувана.
Во 2005 е објавена на Македонски јазик, но кај нас не се појавил нацизам и ако многумина ја купија и прочитаа.
( инаку јас ниту ја купив, ниту ја читав, ниту ми паѓа напамет да читам книги од Хитлер )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom