Хип-Хоп Камп @ плажа „Оревче“ - 20 јули 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата StormRage
  • Време на започнување Време на започнување
S

StormRage

Гостин
Имаше и нешто вакво лани али годинава не се пропушта дефинитивно :)
Веќе се најавени Frenkie и Marchelo, се чекаат уште

FB Event
 
Еве ја на пример немам ФБ.
Сеа шо праиме? Немоеш да пастираш све тука и да отвориш уредна тема со цело инфо?
 
Еве ја на пример немам ФБ.
Сеа шо праиме? Немоеш да пастираш све тука и да отвориш уредна тема со цело инфо?

Повели златен.
Тимот на ХипХоп Камп оваа година има чест да ве покани на второто издание на фестивалот кој поради квалитетот на програмата (Twice as strong in one punch системот) ќе се одржи во една ексклузивна вечер на плажата со изведувачи од целиот регион!!!
428458_10200659448720345_715809271_n.jpg


Легендарниот балкански рап-поет Marchelo доаѓа на ХХК! Marchelo со своите Филтери екипа (Nancy, Министар Лингвиста & DJ Raid) ќе имаат настап на 20 Јули на плажата Оревче во Охридско Градиште.

Marchelo важи за еден од највлијателните рапери/артисти на балканот кој со своето доаѓање на сцената успеа да го наметне интелектот во музиката наместо простиот жаргон и пцовки - нешто за што медиумите мислеа дека е рап.

Овој брилијантен Mc доаѓа во Македонија после пауза од 2 години и очекувајте виртуозот на микрофонот, заедно со еден од најдобрите turntable-исти на балканот - Raid, да ја кренат публиката во воздух!

Ова лето господово 2013, 20 Јули на плажата Оревче ќе се одржи вториот ХипХоп Камп. Настанот ќе биде сведен на една квалитетна вечер на ХипХоп.

Специјален гостин на кампот оваа година е феноменалниот Френки од Босна. Френки е познат на македонската публика преку неговите настапи како поддршка на Едо Мајка, но ова ќе му биде прв соло концерт во Македонија-покрај фактот дека човекот активно твори и создава музика од 2004, кога излага неговиот Одличен ЦД за Хрватската етикета Менарт во соработка со ФМ Џем. Френки меѓу другото ќе го претстави својот материјал од најновиот албум насловен како Тројанец (повеќе информации за артистот имате на неговиот сајт).

Настанот е сеуште во зачетна фаза и од тимиот на ХХК најавуваат уште многу возбудливи и звучни имиња од Македонија и регионот - така да бидете на линија!

Толку можев да најдам. :)
 
Еве ја на пример немам ФБ.
Сеа шо праиме? Немоеш да пастираш све тука и да отвориш уредна тема со цело инфо?

неам обичај да копирам од портали или како и да е, а нема некој line up нити па нешто поопширно... така да more info soon
 
Некој нови информации, плус минус некој настапувач?
 
Иначе премногу ми е криво што не бев во можност да отидам... :place: така да ако некој бил изјаснете се како беше :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom