Машки одела

  • Креатор на темата Креатор на темата Litajko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Каде можам да купам во Скопје евтино машко одело до кај 4000 денари?
 
Абе немора баш 4.000 еве нека биде до 100 евра
 
Каде можам да купам во Скопје евтино машко одело до кај 4000 денари?

Макпримат на плоштад и Т.Ц. Мавровка 4-5 дуќани сигурно :) Секогаш таму имало одела од 3500 (сако и панталони) па се до 6-7000 :) И едно од правецот на црквата Св. Димитрија кога идеш накај мост стоковната од лева страна едно дуќанче мислам дека мондо базар се викаше имаш секакви дезени и бои на одела, не сум сигурен дали шијат и по нарачка.. Имаше и кравати, кошули итн итн
 
Е фала ти многу за информацијата , ќе идам да разгледам оваа недела.
 
Макпримат наоѓаш за 4000 сигурно. Беатина имаш за 5-6 000 многу солидни струкирани исто така, и по локални дуќани се наоѓа нешто.

Нашиве конфекции праат солидни и ефтини, додека други повеќето ти ги носат од Бангладеш и ти ги шиткаат за 200 евра и нагоре (y)
 
Има бе до 4000 секаде, оди прошетај низ центар и од околу има на секој чекор попусти, кој купува сеа одела у сред лето не ме јеби. Ќе влезам и ќе се ценкам... Башка коа ќе искочам нареден пут ќе ти сликам кај има али не мал број дуќани видов со "Комплет одела + кошула 4000 денари". Ми текнува само во ГТЦ на самиот влез од десно карши бившо космофон има за таа цена, и горе на 3ти имам видено....
 
Јас да ти кажам, имаш одела, одела и одела...

Да си отидеш во Битсиани во Лисиче (го викаат дека е магацин али си е продавница со фискална), имаш од 4,500 па до 12.000+. Последното одело го земав 4,500 од таму, одлично е, додека едно од ГТЦ за 5.000 е нула во споредба со тоа, само кај ми беше паметот. Имаш и ефтини кошули за квалитетот кој го добиваш.

Ако не знаеш кај се наоѓа, ќе ти објаснам подетално, за до 100 евра сигурно ќе најдеш нешто.
 
Макпримат, одамна не сум влегол, ама последен пат кога бев супер беше, имаше голем избор и не беа премногу скапи.
 
Јас да ти кажам, имаш одела, одела и одела...

Да си отидеш во Битсиани во Лисиче (го викаат дека е магацин али си е продавница со фискална), имаш од 4,500 па до 12.000+. Последното одело го земав 4,500 од таму, одлично е, додека едно од ГТЦ за 5.000 е нула во споредба со тоа, само кај ми беше паметот. Имаш и ефтини кошули за квалитетот кој го добиваш.

Ако не знаеш кај се наоѓа, ќе ти објаснам подетално, за до 100 евра сигурно ќе најдеш нешто.

Ако не те мрзи да подобјасниш каде точно се наоѓа овој магацин, ќе ти бидам благодарен.
 
Ако не те мрзи да подобјасниш каде точно се наоѓа овој магацин, ќе ти бидам благодарен.

Претпоследна 5ка Ново Лисиче, тоа е кај Тедико/Рамстор на кривината десно вртиш по земјен пат и на 50 метри од лево се наоаѓа, ќе прашате некој ќе ви каже. Спроти него има кафана, Спортска Гостилница(Паце) (тие што се по биртии ја знаат). Има и чевлар, кај чевларот одма.

И не е магацин бе, продавница е :D
 
Сум бил во тоа неколку пати... има добри работи за ефтини пари, али затоа има и чкарт кршови (едно сако за конец да го тегнеш ќе се распаднеше)... човек треба да пази таму што зима
 
Сум бил во тоа неколку пати... има добри работи за ефтини пари, али затоа има и чкарт кршови (едно сако за конец да го тегнеш ќе се распаднеше)... човек треба да пази таму што зима
Може така ти се погодило, генерално не се согласувам. Да отворам шкафот имам преку 10 работи од таму и сите се здрави и после неколку години носење. И многу јасно е тоа со конците, не се влечат конците туку се сечат :)
 
Знам, и ја имам од таму работи, али кога ги земав некои имаше што стварно не чинеа, мада да генерално има ептен добри ствари за ефтини пари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom