Либерализација на пазарот за електрична енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата mijak_76
  • Време на започнување Време на започнување
Нема шанси да дадат да се либерализира пазарот.Можете да очекувате дека ќе почнат и протести самите против себе само да не се продаде.

ЕЛЕМ и пазарот на струја им се златни кокошки.Исто е и со топлификација во Скопје.Па ова сега уставен што го досуди дека сите станови требале да плаќаат зошто се грееле едни од други е еднакво на од Итар Пејо приказната кога меанџијата му барал пари дека кога го гледал огнот во далечина он всушност се греел.

Јас не знам дали се свесни каков преседан направиле со таква пресуда.Плус на која основа топлификација ги собира парите од неактивните корисници а не активните корисници. Јас го плаќам греењето на мој стан би требало да значи дека сите останати станари да ми плаќаат на мене за топлината.

Али зошто живееме во Република Дизниленд се е можно.
 
Е за овие работи ви пишувам овие неколку недели .
Во Хрватска 30 посто поевтинела а ?
И кај нас ќе дојде денот !
 
Сепак ќе добиеме поевтинување на цената на струјата . Но од само 5,2% . Зошто не остават цената да се одредува на берза ? Македонија има геостратешка положба кај што може да ги поврзува Албанија , Бугарија , Србија , Косово и јужниот сосед . Со либерализација не можеме да имаме повисоки сметки ! Искуствата на соседите го покажуваат тоа но исто така во ситуација кога струја се наоѓа за 30-50 евра за мегават час + пренос ние плаќаме по стотриесет евра . ДУИ го продаде ЕСМ и затоа Ваљони експертот не пушта да се либерализира пазарот !

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/berzata-ne-nosi-povisoki-ceni
 
ГОСПОДЕ ПРОСТИ ИМ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ !

Струјата ќе поевтини за 4,48 проценти наместо за 5,24 проценти

28/06/2013 // Пред 5 минути // ЕКОНОМИЈА // Коментирај
electric-564x272.jpg

Регулаторите ја сменија вчерашната предлог одлука со нова – наместо 5,24 проценти од први јули цената на електричната енергија се намалува за 4,48 проценти, објави „Канал 5“.
Ова е конечната одлука на регулаторите која ќе биде вкалкулирана во сметките за струја за јули.
Корекцијата доаѓа по реакциите на енергетските компании кои вчера доставија дополнителни документи што им ги побараа членовите на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на максимален приход.
Како што изјави претседателот Петров на вчерашната прес конференција реакции на предлог цената стасале од сите енергетски компании, а од ЕВН тврделе дека со таа предлог цена се доведува во прашање ликвидноста на компанијата.
За конечната одлука што регулаторите ја соопштија пред еден час енергетските компании најавија став во текот на денот.
 
Не да го заштити стандардот, туку од едноставна причина што лепотаните од регулаторна се упропастија и навистина не е можно во ваква ситуација да се изврши либерализација
 
честитки до сите кои постираа досега на оваа тема и предвидоа дака сепак нема да има либерализација на пазарот. Подобри сте од сите министри и државни службеници заедно. Сега само се чудам зошто компаниите на кои им беше ветено поевтина струја од 25% не изразија никаков револт или негодување кон ваквата одлука. Исто не ми е јасно кој ќе им ги надомести трошоците за реклама на лиценцираните компании за реклама по телевизии, билборди итн. Зарем сме толку флегматична држава?
 
честитки до сите кои постираа досега на оваа тема и предвидоа дака сепак нема да има либерализација на пазарот. Подобри сте од сите министри и државни службеници заедно. Сега само се чудам зошто компаниите на кои им беше ветено поевтина струја од 25% не изразија никаков револт или негодување кон ваквата одлука. Исто не ми е јасно кој ќе им ги надомести трошоците за реклама на лиценцираните компании за реклама по телевизии, билборди итн. Зарем сме толку флегматична држава?
Ми се чини дека нешто друго се подготвува
Погледнете го прилогов.
цената на струјата од 2008 до денес е покачена преку 60%, а МАР (вкупниот приход на ЕВН ) само за десетина посто
Слепец ќе види дека има криминал
 

Attachments

Се оддложи бидејќи ја одложија и либерализацјата и за гасот, а тоа се оддолжи поради притисок од ЕУ за да не влезе русија тука. Тешки политки има...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom