ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
И во двата случаи нема да ги добијат парите :)
Автоматски споено мислење:

Не сум слушнал за таа фирма, вака изгледаат ок, америчка компанија... Не мора ти да слушаш искуства и да влезеш у фирмата со предрасуди. Можеби тој што ќе ти пише не го примиле и ќе збори лошо за фирмата или го избркале. И да не ти чини ќе излезеш и ќе си најдеш друга работа. Не се замарај со туѓи искуства, тоа е субјективна работа.
ti blagodaram na odgovorot
 
Им кажуваш да го намалат на 30 или не потпишуваш (ова во случај да имаш други сигурни опции).
 
Имаше голем бум 2021 во scalefocus.
Има некој таму да сподели импресии како му оди?
Имаа голем влезен бонус па ме интересира како се снаоѓаат луѓето
 
Имаше голем бум 2021 во scalefocus.
Има некој таму да сподели импресии како му оди?
Имаа голем влезен бонус па ме интересира како се снаоѓаат луѓето
Мислам дека и реферал бонусите им се големи. Па така ако има некој таму сигурно ќе те убеди дека е топ! :icon_lol:
 
Ако е лесно заменлив може да има потешкотии да најде фирма што би го чекала три месеца.

Pain in the ass е отказен рок од три месеци во ситуација кога 90% од фирмите бараат човек за вчера. Се осеќам прилично ограничен со ваква работа, ама па не знам како ќе го сфатат моето негодување за ова одма на почеток.
 
Јас бев во таква ситуација на моето второ работно место и две-три фирми се откажаа понатака од интервјуа со мене кога слушнаа колкав ми е отказниот рок. Не дека си им потребен до толку или не можат да најдат друг па три месеца отказен, туку колку да се откажат тие што би имале план да те регрутираат.
 
Pain in the ass е отказен рок од три месеци во ситуација кога 90% од фирмите бараат човек за вчера. Се осеќам прилично ограничен со ваква работа, ама па не знам како ќе го сфатат моето негодување за ова одма на почеток.
Искрено ако не планираш да шалташ фирми, не глеам зашто е ова проблем. Од тоа што сум слушнал, стандардна пракса е.
И фирмите не праеле проблем да те почекаат.
 
Pain in the ass е отказен рок од три месеци во ситуација кога 90% од фирмите бараат човек за вчера. Се осеќам прилично ограничен со ваква работа, ама па не знам како ќе го сфатат моето негодување за ова одма на почеток.
Голем дел од фирмите го имаат во договорите, некаде пишува дека е фиксен 90 денови, а некаде е по барање на фирмата дека може да те држат до 90 денови. Со второво баш свежо ми е примерот на блиска особа, таму се договорија со газдата за 30 денови да може да замине, но без одмор во тие денови, туку комплет да ухода нов човек во работата, и да спремне документација.
Можеш да пробаш да се пазариш, но ако станува збор со поодговорна работа, тешко да ти се согласат, а другата фирма ако навистина и требаш ќе те чека и 5 месеци :D
 
Ако е лесно заменлив може да има потешкотии да најде фирма што би го чекала три месеца.
Досега апсолутно никој не ми рекол дека му е проблем да ме чека 3 месеци. Ниту па кога интервјуираме сениор ни е чудно ако каже дека има 3 месеци отказен.
 
3 месеци отказен рок во договор е ок според мене. Но исто така сум бил сведок луѓе што за џабе примале плата 3 месеци :)
 
Досега апсолутно никој не ми рекол дека му е проблем да ме чека 3 месеци. Ниту па кога интервјуираме сениор ни е чудно ако каже дека има 3 месеци отказен.
Во случајов не знаеме дали се работи за сениор. Што ако реши да смени работно место за година дена?
 
Што правите кога ќе ви понудат договор со отказен рок од 90 дена?
Зошто да не потпишам таков договор на пример? Тоа кажува дека сум сериозен да работам за таа фирма. А ако сакам да си одам на друго место, 3 месеци не е нешто што не се дочекува или па некој работодавец ќе се откаже од мене. Според мене, доколку се побуниш за намалување на отказниот рок, делуваш несериозно. Многу е по-ОК да побараш временски договор, на 3 или 6 месеци да видиш како ќе се вклопиш во фирмата.

Некако ептен сте ги сватиле работите како непријатели да сте со работодавците :) Одма на зуб, уште од потпишување на договорот. Малце треба релакс...

3 месеци отказен рок колку е лошо за тебе, лошо е и за работодавците. Јас мислам дека не повеќе од 20% од вработените кога си одат за фирмите е пожелно отказниот рок да е 90 дена.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom