Od kade sega pretcedatel na evropska drzava, sigurno mislis kandidat clenka, se uste ne sme vo evropa
Така е. Затоа неговата изјава нема никаква тежина. Ако ништо друго, не ја одразува ориентацијата на народот во Македонија.
Министер на Ердоган: Прво е Алах, а дури потоа нацијата
Вторник, 09 Јули 2013 12:22
Прво е Алах, а други потоа нацијата, изјави турскиот министер за култура Омер Челик, на обраќањето пред илјадници поддржувачи коишто се собраа во Диселдорф.
-Доколку верувате знаете што е прво. Алах, па потоа нацијата. Никој не може да ве натера да скршнете од патот, додаде тој.
Челик присуствуваше на собирот заедно со неговиот следбеник и заменик министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
-Вие ја донесовте партијата на власт во 2002 година за да ја исполниме вашата желба и вашата визија. Ние заедно поминавме многу заговори и атентати врз партијата. Но сите знаеме дека прво е Алах, а потоа нацијата, рече Челик на обраќањето.
Тој додаде дека министерот Ердоган испратил порака за неповлекување од Египет, затоа што многу Турци се добро запознаени со воените трупи.
Челик го отстапи местото за држење говор на Ердоган, којшто испрати порака до сите за да го поддржат соборениот египетскиот владетел преку видео порака.
-Не ги почитуваме оние кои не ја почитуваат волјата на народот, затоа што скапо го плативме тоа. Не сакаме нашите браќа во Египет да ја платат истата цена, рече Ердоган, изразувајќи ја „огромната љубов“ кон граѓаните на Египет.
Село гори - баба се чешла:
Помош од Турција за Босна: 150 колективни сунети
Вторник, 09 Јули 2013 12:06
Во селото Зворник вчера беа обрежани 150 деца. Свеченоста беше организирана од здружението Истанбул, едукативно-културен центар од Сараево. Овој проект е поддржан од Здружението на теолошките училишта и градот Ескишехир, Турција. Проектот е финансиски поддржан и од турската општина Одунпазари од Ескишехир, за да се помогне на браќата од Босна и Херцеговина.
Во колективното обрежување учествуваа деца на возраст од 1 до 21 година.
Заменик началникот на општината Одунпазари, Мехмет Кепез, рече дека е среќен што го поддржал овој настан.
Тој додаде дека овој проект, според нив, е поддржан и од Здружението на теолошките училишта Ескишехир, како и градот Ескишехир.
Според него, тие и претходно дека едукативно-културниот центар Истанбул од Сараево организирал слични проекти и дека и тие се вклучиле за да им помогнат на браќата од Босна и Херцеговина.
-Денес се обрежани деца на возраст од 1 до 21 година. Многу ни е мило што сме дел од овој проект и сметам дека овие проекти повеќе ќе не поврзат. Ние како општина и здружение на теолошките училишта ќе бидеме отворени за вакви проекти и секогаш ќе ги поддржуваме, изјави Кемез.
Тој исто така истана дека забележал оти биле обрежани и деца постари од 20 години, кои најверојатно досега немале прилика да го направат тоа.
Претседателката на Здружението, Фејза Шебајрактаревиќ, рече дека програмата била прв дел од проектот и дека денес ќе биде организирана уште една свеченост за уште 150 деца.
Таа особено се заблагодари на градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек, како и на неговата сопруга Невин Гокчек, кои донираа облека за сите учесници во проектот за колективно обрежување, поточно за 300 лица, како и на турскиот министер за образование, кој до крај го поддржа овој проект.