- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.043
- Поени од реакции
- 16.567
Обично не е пракса да се отвора тема за овој настан, но бидејќи Македонија ќе го има своето прво учество на овие игри, добро би било да си постои темата, за да имаме каде да коментираме.
Без разлика Македонија што нема излез на море, сепак доби право на учество на овие игри и е една од четирите земји кои немаат излез на море, а се дел од игрите, освен нашата земја тука ќе се и Сан Марино, Андора и соседот Србија.
Медитеранските игри се одржуваат на секои четири години, година по одржување на Олимписките игри. Како главен виновник за овие игри се споменува Мохамед Тахер Паша, кој го дал предлогот за овој настан, што до ден денешен се одржува. Но сепак игрите и не привлекуваат големо внимание во јавноста, не само кај нас, туку воопшто кај сите земји учеснички, а да не зборуваме за тие кои не се ни натпреваруваат.
Игрите во Мерсин ќе се 17 по ред, ќе се одржат од 20 до 30 јуни.
Последен домаќин беше градот Пескара, во 2009 година, а во 2017 година ќе е организатор Тарагона
Во игра беа и градовите Риека и Волос - Лариса, домаќинството го доби Волос - Лариса, но поради финансиски причини тие се откажаа од него.
На настанот учествуваат 24 земји, што е рекордна бројка, меѓу нив и Македонија.
Ќе се натпреваруваат во вкупно 264 дисциплини во 27 спортови, три спортови повеќе од игрите во Пескара, нови спортови на програмата се Стреличарство, Бадминтон и Теквондо.
Македонија ќе ја преставуваат околу 150 спортисти, од кои ќе имаме учесници во 4 тимски натпреварувања, фудбал (У-19 репрезентација), ракомет мажи/жени, одбојка мажи и кошарка исто така во машка конкуренција. И во поединечни спортови ќе имаме спортисти, и тоа во борење, бокс, карате, џудо, стрелаштво, стреличарство, велосипедизам, гимнастика, тенис, кајак и пинг-понг.
Пред извесно време беше и извршена ждрепката за групите во тимските спортови, па така Македонија во фудбал ќе биди во групата Б, заедно со репрезентациите на Италија, Либија и Тунис.
Во ракомет (жени) сме во група со Италија, Хрватска и Црна Гора.
Мажите ќе се во Ц група, со уште Турција, Италија и Хрватска, денеска беше и објавен списокот на репрезентативци кои ќе ја преставуваат нашата земја, доста подмладен е составот, па ќе имаме можност да видиме дел од младите надежи на нашиот ракомет.
Кошаркарите, кои и тие како ракометарите ќе настапат подмладени и со селекција на играчи кои ќе играат за да обезбедат место за сениорска репрезентација, а со тоа и настап на ЕП во Словенија, значи игрите ќе се еден вид филтер на играчи.
Групата во која ќе настапува репрезентацијата е составена од домаќинот Турција, Египет и Алжир.
За на крај остана групата на одбојкарите, тие се во група со уште Тунис, Италија и Алжир.
Како што може да се забележи, ќе немаме на овие игри настап на пливачите и атлетичарите, но сепак бројот на натпреварувачи и не е така мал, како што е на ОИ, каде сме едни од земјите каде праќаат најмалце учесници.
Официјална страна на игрите - http://www.mersin2013.gov.tr/
Пренос од ова натпреварување, барем во нашата држава, сега за сега сеуште нема ништо официјално, но се зборува дека МРТ врши напори да обезбеди траса, но ништо не е сигурно.