Екстерно тестирање - па што?

Член од
16 април 2013
Мислења
19
Поени од реакции
53
На нас, обичните граѓани, во оваа држава се ни е исто дали тестирањето ќе било ЕКСТЕРНО, или НЕ!

На мене, додека учев, сите тестирања ми беа „ЕКСТЕРНИ“!!!

Зошто?

Затоа што, ниту татко ми беше директор, ниту мајка ми професор, ниту „ВУЈКО МИ ВЛАДИКА“. Си учев „ЗА МЕНЕ“. И станав тоа што сум.

За жал, знам и такви, чии што „ВУЈКО БЕШЕ ВЛАДИКА“, татко им директор, мајка им професорка, и кои што добиваа оценки „ПОРАДИ ШКОЛАТА НА ВУЈЧЕ, ТАТО И МАМА“, и кои што и денес (за жал) се „ОВА, ОНА и ТОА“ и некој друг работи и наместо нив.

„Ама АКО“ (Пеперминт).
Мене и тоа не ми смета. Јас и си учев, а и си работам „ЗА МЕНЕ“.
И така, ги воспитувам и моите деца.

И сум „ЗАДОВОЛЕН СО СЕБЕ“.

Како што НИКОЛА ТЕСЛА, не го биеше ГАЈЛЕ, затоа што матурираше како „МНОГУ ДОБАР“ поради 2 „двојка-та“ од „НАЦРТНА ГЕОМЕТРИЈА“, и не продолжеше да учи „ЗА СЕБЕ“ и да стане тоа што стана, така и јас моите деца ги учам дека, „ЧОВЕКОТ УЧИ САМО ЗА СЕБЕ“.

А, на кој му смета „ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ“ - заклучете сами.
 
друже у право си само цела тема да отвараш.... ке ти ја преместат обавезно - искажи си го мислењето во веќе постоечката тема - таму има дебата за ова па разменете и други мислења
 
Едноставно работите функционираат на тој начин секаде и во секое поле. Едни ќе се мачат за да постигнат нешто, а други од мали ќе го имаат на тацна резултатот без никаков труд. Кој под каква ѕвезда е роден. Правда тука нема :)
 
Јас сум за ова ама каква е државава ќе полука ко за државната матура кога пред 5 години се велеше само тие што ќе имат државна ќе може да пишат факултет за на крај море ајде без ограничувања! Кој е против ова јас би рекол сите затоа што ние во контунитет создаваме само дипломи а знање нема!
 
Ја незнам што толку џева се крена ? Страв ли им е дека ќе им ги откријат на децата поклонетите оцени ? Крај краева и на заокружување се тестовите, а воедно може и да се препишува исто како и на матурата што може ( во некои школи ). Не се притресувајте.
 
друже у право си само цела тема да отвараш.... ке ти ја преместат обавезно - искажи си го мислењето во веќе постоечката тема - таму има дебата за ова па разменете и други мислења
Абе, пријателе.....

Ги гледав јас и другите теми....

И видов дека таму има многу “El Shaarawy“ форумџии, кои што во моментот мислат само на својата „флизура“, иако можеби и на нив, ниту „ВУЈКО ИМ Е ВЛАДИКА, ниту татко им е директор, а ни мајка им професорка“. Таму целта на темата е во сосема друга насока.

И, немам намера и јас во таа насока да дебатирам.
 
Јас сум за ова ама каква е државава ќе полука ко за државната матура кога пред 5 години се велеше само тие што ќе имат државна ќе може да пишат факултет за на крај море ајде без ограничувања! Кој е против ова јас би рекол сите затоа што ние во контунитет создаваме само дипломи а знање нема!
без положена државна матура односно со школска матура можеш да се запишеш на факултет? ја ко шо знам неможеш
 
Јас кога учев полагавме полуматура(македонски и математика), па приемни за во средно, па после матура и приемни за на факс.
Незнам што толку џева се крева со ова? Ке ми објасни некој на кратко?
 
без положена државна матура односно со школска матура можеш да се запишеш на факултет? ја ко шо знам неможеш

Епа може. Што не може во оваа наша чудесна земја?
Имавме предавања во школо од скоро сите факултети...и скоро сите го нагласија тоа. Дека може да се запишат со школска матура.
Посебно Земјоделски, убаво објаснија да не се плашат учениците дека нема да ги примаат без државна :tapp:
 
од една страна сум за да има.
ако, нека се види како ги дујат оценките.
како си пишуваат оценки од ракав, од три 2ки на крај 5ка :facepalm:
само не ми е јасно што се бунат дечиштава? тестирањево е за проф.
или ги боли и нив што ќи им се пишат реалните 2ки.......

од друга страна па кога ќе видиш стварно глупава работа е ова. прашања од учебник од 300 страни да ги решиш за еден саат. се знае дека сите ќе препишуваат и пак нема да биде фер. ова ќе ти биде едно обично губење на време :tapp:
 
Абе копиљаци дрвете го дур можете ако се упишете на факултет ќе молите за екстерни боенки
 
од една страна сум за да има.
ако, нека се види како ги дујат оценките.
како си пишуваат оценки од ракав, од три 2ки на крај 5ка :facepalm:
само не ми е јасно што се бунат дечиштава? тестирањево е за проф.
или ги боли и нив што ќи им се пишат реалните 2ки.......

од друга страна па кога ќе видиш стварно глупава работа е ова. прашања од учебник од 300 страни да ги решиш за еден саат. се знае дека сите ќе препишуваат и пак нема да биде фер. ова ќе ти биде едно обично губење на време :tapp:

Чек на факс кога ќе одат и кога ќе решаваат учебници од 1000 страни за три саати и кога после тоа ќе имаат усно полагање.Барем така беше додека бев на ЕТФ, сега незнам како е, tbh.
 
Чек на факс кога ќе одат и кога ќе решаваат учебници од 1000 страни за три саати и кога после тоа ќе имаат усно полагање.Барем така беше додека бев на ЕТФ, сега незнам како е, tbh.

Не туку тропајте зелени, А се сеќаваш како беше пред да одиш на факс, пред да одиш во средно... кога имаше 12 години и дали тогаш беше спремен да одиш на вакво тестирање или заборави како ги добиваше оценките со кој се запиша во средно, а подоцна на истиот начин и на факс?
Како може да споредуваш деца од 11-14 години со студенти.
 
Ако мислиш вака, подобро не проверувај какво е екстерното тестирање насекаде во светот.Прогуглај како е во УК и што е тоа ГЦСЕ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom