коцка
Curiouser and curiouser!
„Со големо разочарување ве информирам дека искачувањето на македонското знаме на врвот на светот, Монт Еверест на височина од 8.848 метри и тоа првпат од македонска жена, не беше вредно за награда на државно ниво, спортски оскар“, е само дел од статусот објавен на „Фејсбук“ од страна на планинарката Илина Арсова, кој денеска предизвика голем интерес во јавноста.
„Многу емотивно ја доживеав вчерашната манифестација на доделувањето спортски оскар и едноставно морав да изреагирам, а пишувањето статус на ’Фејсбук’ ми се виде како адекватен начин на искажување на мислите. Не сметав дека тој ќе предизвика толку големо внимание во јавноста, но од друга страна мило ми е што е така“, ни изјави Арсова.
Првата Македонка на Еверест е разочарана од исходот на синоќешната манифестација „Спортски оскар на годината“ во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС), но не толку од фактот што не го доби признанието за спортистка на годината, што според многумина неминовно требаше да заврши во нејзини раце, туку од тоа што ѝ беше деградиран успехот при воведната најава. Наградата, пак, заврши во рацете на ракометарката Билјана Црвенковска.
Имено, таа во конкуренција за престижната награда била пријавена како „Илина Арсова – прва Македонка на Еверест“ и тоа од страна на Федерацијата за планински спортови, но на вчерашната прослава беше претставена само како „член на експедицијата што го искачила Еверест“.
„Не ме повреди што не добив награда туку што максимално ме омаловажија при претставувањето на кандидатките за оскарот. Луѓето од АМС самите го направиле тоа, од кои причини навистина не знам, бидејќи од мојата матична федерација бев кандидирана како што треба и како што заслужувам. Не ми е јасно зашто го деградираа мојот успех. Како може преку ноќ од првата жена од нашата држава на Монт Еверест да станам само дел од некоја експедиција“, со видна лутина во гласот го продолжи својот монолог храбрата планинарка.
Арсова по херојскиот успех во мај годинава, од македонската спортска јавност беше доживеана како национален херој, но од државата не и беше дадена ниту една конкретна награда или парична помош. Таа дури не доби државна пензија, каква што своевремено добиваа пливачите што го препливуваа каналот Ла Манш и тоа само поради фактот што категоризацијата на спортистите кај нас е преземена од држави со голема традиција на искачувања на Монт Еверест поради што во неа се вметнати услови што македонските планинари тешко може да ги исполнат.
„Државата преку АМС имаше удел во спонзорирањето на мојот потфат, но за да си го исполнам сонот морав и самата да се финансирам. Пред заминувањето во Непал продадов речиси се што имав материјално и откако се вратив дома се соочив со сериозен проблем околу обезбедување основна егзистенција. И тогаш ми беше кажано дека не можам да бидам носител на државна пензија, бидејќи таа следувала само за искачувања без кислород и по првенствена насока, што значи искачување до врвот по уникатна патека по која никој претходно не минувал. Но, и тоа не ме погоди толку колку вчерашното деградирање на мојот успех“, го заврши разговорот првата Македонка што се искачила на „Покривот на светот“.
Колку за илустрација, минатата година на Монт Еверест за првпат се искачиле и една Португалка, Пакистанка и Арапка, кои веднаш по враќањето во своите држави биле пречекани со највисоки почести и со многу државни награди, како компензација за вложениот труд, но и за промоцијата на своите нации.
Игор Крстевски
Ме интересира вашето мислење бидејќи многу луѓе ми кажаа дека малку и се птетерува. Илина доаѓа од богато и одлично ситуирано семејство. Значи дека продавала се од дома и после имала проблеми за егзистенција...после враќањето купи место во охрид и отвори хостел, што би било невозможно доколку е како што кажува. После по луѓе одела барала пари, во америчка амбасада имало отворено финд само за неа, зборела дека оди само за да си напраи бизнис, реклама за елем и да земе пензија...зарем луѓето стануваат толку очајни за некакво си признание? Толку многу им значи? Вистина ли е сето ова? После таа стварно беше дел од експедиција или јас имам погрешно разбрано.
Не знам ни што точно ми е прашањето. Бев стварно горда на неа, но после сето ова малку и се подразочарав. Што мислите вие?