Имам мешани чувства за филмот - воглавно ми се допаѓа но имаше некои ситници кои ми бодеа во очи т.е недовршувањето на приказните, но океј од друга страна кога ќе видиш тоа и му е поентата на авторот да не остава да размислуваме со секоја приказна (пример приказната со таткото и синот, шоферите).
Несекојдневен македонски филм (од гледна точка на начинот на снимање и сценографијата) бидејќи нели 99% од нашиве филмови се со голотија, но во овој имаме во скоро секоја од приказните. Извонредна музика. Глумците совршено одбрани. Васил Зафирчев феноменален, Наташа Петровиќ иако не изусти ни збор во целиот филм, со своите face expressions направи да и се даде огромна почитт.
Која ебена фаца беше хрватката црвенокосата Гога, онаа со лезбејската приказна.

Ептен смешна сцена ми беше со Русите што дојдоа да го купуват хотелот во кеш
А да, Игор Стојчевски и Симона Спирковска голема почит. Одлична глума, публиката најмногу се смееше на нивните сцени, совршени беа!
Оценка, нешто помеѓу 8/10 дека е наш, иначе одлично седмиче!