Анталија

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Анталија е сместена во истоимениот залив на Тиркизниот брег, над кој се издигнуваат планините Таурус покриени со борова шума. Поради богатото историско наследство и природните убавини, Анталија со право ја носи титулата – една од најпрестижните европски дестинации
EUROPEMEDITERRANEANTURKEYCON_TURTURKEY-ANTALYAANTALYARES_001387.jpg

Градот го сочинуваат два дела: современиот, со широки булевари, трговски центри и можности за добар ноќен живот и стариот дел од градот – Калеиџи, подигнат околу старото пристаниште. Во овој дел има тесни улички, стари турски куќи, занаетчиски работилници, кои не се само пример за архитектурата туку и за начинот на живеење. Во близина на градот, на плажата Лара се наоѓаат хотелски комплекси, кои на туристите им овозможуваат уживање во морето, сонцето и природните убавини на најчистиот дел на Средоземјето
about_antalya.jpg

Хотелската понуда е повеќе од разновидна. Во овој дел од Турција има луксузно сместување, хотели со пет ѕвездички. Хотелите се совршени и за млади парови и за друштвени и за семејни одмори.
Областа Анталија има околу 300 сончеви денови годишно, а во Лето температурите се премногу високи. Просечната температура изнесува 28 степени.
photo-of-Antalya-Turkey-view.jpg

Песочните долги плажи, тиркизното и чисто море, пријатната и здрава клима, хотели богати со содржини и забави, богат ноќен живот се само мал дел од она што ви го нуди Анталија.
tuerkei_lara-beach-antalya.jpg

kaputas_beach_antalya__turkey__unlimited_holiday.com.jpg

turkish_gulet_cruises__antalya__turkey__unlimited_holiday.com.jpg
Оваа регија изобилува и со други природни убавини како што е планината Таурус која се протега во позадината на Анталиското крајбрежје полна со борови шуми, еукалиптус, реки, водопади и пештери.
Waterfall-Duden-at-Antalya-Turkey.jpg

Во Анталиската област се видливи трагите на безброј стари цивилизации како Римската, Грчката, Византиската, Османлиската и многу други кои се одличен контраст со модерното: аква паркови, делфинариуми, најразлични терени за спортување и забава.
7902391.jpg
yunus6.jpg
antalya+lara+beach.jpg

Какви се вашите впечатоци од Анталија?
 
Бев пред некој ден, искулирав два дена таму. Не велам дека не е hubavo, меѓутоа не е неповторливо. Стариот дел ко Oher ми наликува(ше). Среден градот, убав и чист, а и плажата ме бендиса. Меѓутоа, ќе се повторам, ништо досега невидено.
 
Имам отидено 2 пати. Многу се блиску со Аланија и климата е слична. Сликите од тобоганите и големите базени се од екслузивниот, а богами и експлозивниот Rixos. За да легнете на нивната мека и удобна перница ќе треба да издвоите добри две тисуча евриќи од човек. Плус, токму таму се наоѓа и аква паркот. Имам влезено внатре на поминување и ми беше страв да згазнам на светкавиот под, бидејќи не носев нивна алка.

Ама темава не е за Риксос, туку за Анталија. Плажите се преубави, секој хотел си има по неколку базени секој со тобогани, но водата (кај повеќето) иако е топла и бистра, има карпи. Има сплавови и специјални простори каде што се симнуваш дирекно во длабочините на Средоземно море, но пак не ми прави ќејф.

Како и да е, вреди да се види бидејќи е одлично. :D
 
Бев минатата година во Анталија во 5* хотел. Впечатоци ми се следниве:
за:
убава и обилна храна
обслужването беше на ниво
Конс:
каменеста плажа
многу топло - 40градуса
при влез во комплексот обезбедувањето ни проверуваат торбите.
затворен си во комплексот
 
Не сум бил во Турција на летување, но она што можам сепак на темава да придонесам е следново според луѓе што биле таму. Турција излегува од 3 страни на море, север на Црно, југ на Средоземно и запад на Егејско. Аранжманите обично се нудат за јужниот и западниот дел. По тоа што ми кажале јужниот дел е неподнослива клима. Жешко и спарно, најлошата комбинација, без клима во хотел и плус ако патуваш со автобус е ужас, уште нестигнат ќе ти одмили одморот. Од неколку луѓе имам препорака-Ако веќе одиш во Турција, строго западното крајбрежје односно Егејското море каде што климата е подобра, пак е топло ама не толку и плус воздухот е подобар. За знаменитости и за гледање има доволно, ама и покрај се тегот на климата е стварно тежок и претежнува и покрај сите прос што би рекол источниов македонец над мене. Ова од 3-4 ца ми е кажан муабет кои ги знам од различни страни, значи не се познаваат еден со друг. За мене е доволно за да не помислам за јужна турска обала.

map_of_turkey.jpg
 
Ја видов и Анталија и тоа преку ОЛИМПИЈА и тоа баш на Кајгана и тоа прв пат.
Се разбира само на слики, а да намокрам нозе таму секако нема,не бар овој 21 век.
 
Преубаво место....
 
Бев пред неколку години. Месец Авугст. 2 пара влечки си искинав чекајќи на семафор. Како?
Залепени беа на асфалтот.Морав маицата да ја вржам на нога за да стигнам до хотелот.

Најискрено ништо друго не ми текнува во моментов за местово. Плажа ко плажа (има поубави), град ко град (има поинтересни), само тоа жешкото ми остана во сеќавање.
 
Како што рече Sussaro, пот ме фаќа на самата помисла на Анталискиот залив...многу е топло+огромна влага. Ако одиш во супермегахиперултраолинклузив хотелите и ресортите на Лара, Кунду и сл.и си затворен во нив, се ок, феноменално е, но си бил во хотел во Турција, а не во Турција. Тоа е најголемиот случај со туристите кои слетуваат на Анталискиот аеродром.
Како што е спомнато и погоре, а ќе споменам и пак...Најубавиот дел на ТР е Turqoise coast како што го викаат сега или Ликија(од Фетије, Олудениз-погледни последната слика во постот на Олимпија, преку Каш па до Финике) и обратно до Бодрум.
Анталија е милионски град на море, со бескрајна плажа која по еднипати има океански бранчиња и огромна влага поради што идеално време за посета е секогаш освен јули и август. И секако, Анталија е Руска престолнина на медитеранот. Кој бил, знае за што зборам.
 
Бев пред неколку години. Месец Авугст. 2 пара влечки си искинав чекајќи на семафор. Како?
Залепени беа на асфалтот.Морав маицата да ја вржам на нога за да стигнам до хотелот.

Најискрено ништо друго не ми текнува во моментов за местово. Плажа ко плажа (има поубави), град ко град (има поинтересни), само тоа жешкото ми остана во сеќавање.

Не толку жешко како што е спарно..!
 
Како е атмосферата во Турција? Има напнатост поради загриженост од терористички напади?
 
Искуства со Мардан Палас? Или хотел за со 3 бебиња и 1 дете во Анталија средина на јуни? И дали да размислувам сега воопшто на одмор со бебиња од 2м во Турција?
 
Искуства со Мардан Палас? Или хотел за со 3 бебиња и 1 дете во Анталија средина на јуни? И дали да размислувам сега воопшто на одмор со бебиња од 2м во Турција?

Со 3 бебиња од 2 месеци, ни на крај памет не би ми дошло да одам на одмор во Турција.
Подобра варијанта ти е да одиш некаде поблиску во Македонија, барем тука си. Бебињата ти се прилично мали за толкави патувања и толку драстични промени.
Прво претпоставувам би одела со авион. Замисли која тортура би ти било во авион со 3 бебиња од 2 месеци. 2 час пред полетување да си на аеродром, летот трае околу 1 час и половина, па таму на аеродром уште 1 час минимум додека да излезеш од аеродром, уште 1 час да стигнеш до хотел. Кога веќе си таму, замисли на климатските разлики, топло, влажно. Бебињата се прилично сензитивни, замисли еден стомачен вирус да ги фати или да ти кренат температура, каде би одела?Толку мали бебиња да се изложуваат на таков за нив стрес не е потребно.
Во Македонија имаме толку убави предели (доколку веќе одлучуваш да одиш на одмор со толку мали бебиња), а и што и да се случи, барем дома си. За 2 часа си од една точка до друга.

Турција е преубава, факт.
Уживај во мајчинството, ќе имаш време и прилики да уживаш со твоите ангелчиња.
 
Бадијала трошиш некој килобајт на интернет. Модерните мамички одат на одмор и не фермаат жива сила, али океј ти се обиде да дадеш конструктивен совет - а секој си одлучува според сопствените убедувања. Женската ќе оди на одмор, другото (ај да бидам фин и да не и судам) паѓа во втор план.
 
Ќе видиме крај на јуни како сме прошле, па ќе ви раскажувам дали било мачење за мене и бебуши, сега џабе е да коментираме. Ако бил некој во Мардан нека пише искуства.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom