1. Се наплаќа исклучиво преку PayPal. На ebay.uk, PayPal мораш да го имаш како метод за плаќање.
Се разбира дека не со МК ПП.
2. За поштарина, има многу опции за бирање. За Eвропа, можиш да избериш Standard. Во Европа, пратките стигаат за 4-14 дена. Зависи од дестинацијата. Најбрзо е за UK. Најбавно за Кипар, Малта. Зошто пратките одат до Турција од таму до Грција и после во Кипар или Малта. Мене ми ја задржаа пратката во Турција скоро 1 месец (племето нивно). За надвор од Европа, можеш да избериш Economy. И така некои пратки се тинкат по 1 месец (Австралија, Јужна Америка. Африка не ти ја препорачувам за праќање, ПОСЕБНО НЕ АЛЖИР И НИГЕРИЈА).
3. Пратките ги пакувам во заштитни пликови (со меури). Ако е кршлива робата, ти препорачувам и во Bubble Wrap (не знам како се вика тука ни каде можиш да најдиш). Ако е вредноста поголема, најдобро е да ги испраќаш како препорачани. Пликот треба да содржи Адреса на примачот, Адреса на испраќачот, CN22 декларација (тоа што содржи. Инаку е зелено ливче - се зема од пошта) и Поштенска уплатница за царинење.
Поздрав!