Mutua Madrid Open | 5-12 мај, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на Mutua Madrid Open?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 12 34,3%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 7 20,0%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 11 31,4%
  • Енди Мареј

    Гласови: 4 11,4%
  • Давид Ферер

    Гласови: 1 2,9%

  • Вкупно гласачи
    35
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.044
Поени од реакции
16.573
17.jpg
По сите тие перипетии кои се случија минатата година, со менувањето на земјата од оригиналната боја во сина, и сите тие негодувања од страна на неколку врвни тенисери, и со закани за тоа ако и сезоната ја има таа сина земја, ќе го откажат учеството на турнирот, па така оваа година турнирот во Мадрид се враќа на препознатливата земја, а со тоа и шансите за тенисерите кои се специјалисти за земја, се зголемуваат за неколку проценти.

Тука се алудира на Шпанците, поточно на Надал, и да видиме колку е рехабилитиран од поразот во Монте Карло од страна на Новак Ѓоковиќ, кој убедливо го совлада и после неколку успешни сезони на тој турнир, Монте Карло доби нов шампион.

Но да се навратиме на Мастерсот во Мадрид.
На овој турнир, по пауза од неколку месеци, враќање ќе има Роџер Федерер, а со тоа ќе има шанса и да ја одбрани титулата освоена минатата сезона, каде во финалето беше подобар од Томаш Бердих, во три сета, со пресврт после изгубениот прв сет.

2013-venta-entradas-640x356.jpg
Како најголеми фаворити нормално дека се првиот тенисер во Светот, Новак Ѓоковиќ, домашниот тенисер, Рафа Надал, па после нив следува Федерер, и тука некаде се затвара кругот, без разлика што во него го нема Енди Мареј, мислам дека Британецот и нема некои големи шанси за триумф на овој турнир, тоа се виде и на турнирот во Монте Карло, каде прерано испадна од игра, а во не толку добра форма е и другиот домашен тенисер кој е во самиот врв на тенисот, Ферер, некако во последно време се мачи со мечевите, и во неколку наврати се вади од пораз со не така познати тенисери.
Како фаворити од сенка може да биднат и Дел Потро, па и ланскиот финалист Бердих, но ако се земе во предвид дека далеку од брза ќе е подлогата од ланската сезона, шансите за влез меѓу најдобрите и не се толку големи.

Последните шампиони на турнирот:
mutuamadridopen.JPG


Главни носители на турнирот:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Роџер Федерер
3. Рафаел Надал
4. Енди Мареј
5. Давид Ферер
6. Томаш Бердих
7. Хуан Мартин Дел Потро
8. Џо Вилфред Цонга

Награден фонд: € 3,368,265
Телевизија која ќе го пренесува турнирот: Спорт Клуб/Спорт Клуб+, финалето ќе биде пренесувано на Спорт Клуб+
Oфицијален сајт на турнирот
Главен ждреб
 
Надал трети носител а? :icon_lol: Иначе гласав за Џокович. :cautious:
 
Се надевам на титула на Рафа. Инаку интересното за овој турнир е тоа што собирачите на топки овде се девојки-манекенки. :D :cool:
 
Ич не е грешка тоа што си гласал за Ѓоковиќ :)
Не ме сфати изгледа. Многу ретко погодувам некоја анкета, обично се испаѓа обратно. If you know what I mean. :D
Шала на страна прв фаворит е Новак за мене, енигма ми е Надал со неговата форма, многу му варира во последно време. Ако продолжи да игра како во 1/2 финалето и финалето во Барселона ќе го освои Мадрид, ама ако пак забушава му нема спас.
 
Абе не се знае ништо, може ни Ѓоковиќ, а ниту Надал да не земат титула, не знаеме во каква форма е Федерер, може и тој да изненади, ова изненади го пишувам бидејќи не може на толку врвно ниво да игра на овие години, а и после толкава пауза ептен е дискутабилно.
Не дека го потценувам, ама мора да признаеме дека нема баш да го гледаме тој Федерер од изминативе години, убаво би било да ме демантира и да гледаме одличен тенис, но ќе видиме..
 
Абе дај кажи нешто поише за Новак, пред 2 дена мислам прочитав дека бил на некакви прегледи во Прага (мислам Прага беше али не ме фаќај за збор, могуче е и на друго место да беше).
Иначе Мадрид е еден од најбрзите земјени терени, ете можност за оние кои не се типични земјаши да направат нешто повеќе. Од сите Мастерси овој најмалце му одговара на Надал али ништо не се знае, да не го занемариме фактот дека игра на домашен терен.
Федерер мислам дека нема премногу да запиња, ќе ја темпира формата за РГ и Вимблдон. Но треба да се земе во предвид и дека брани 1000 поени така да Роџер може да тера до полуфинале комотно, зависи и од ждребот нормално.
 
:pos: Го боли цеф си мава ракија типот. :D
 
Не е ракија. Шљивовица :D
 
Гласав за Енди Мареј и се надевам дека нема да игра како во Монте Карло.
 
Надал сметам дека не е доволно одморен бидејки играше во Барселона и имаше нешто помалку време за одмор од Ноле,кој одмараше после Монте Карло,моја прогноза Ноле освојува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom