Болки во градите

Член од
5 јуни 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Значи вака, имам 18 години и имам проблем со болки во градите. Овие болки прв пат ги почувствував пред 3 години, значи кога имав 15 години. Интересно е тоа што овие болки ми се јавуваат секоја година почнувајќи од 2010 значи кога бев 15 години, но во период кога е зимо или рана пролет. Значи секоја година Октомври, Ноември, Декември, Јануари, Февруари, Март, Април јас ги чувствувам тие болки во градите. Поголеми се болките во пределот на десната страна од градите, но ги чувствувам тие болки и на левата страна што значи насекаде по градите. Имам одено по многу доктори, ми имат правено ЕКГ на срце, ме имат гледано на ЕХО и докторот ми вели дека немам никакви срцеви заболувања ниту пак проблеми со белите дробови, значи никакви дишни проблеми и дека нема никаква причина за да чувствувам такви болки. Ми даде некакви апчиња anti-stress да ги пијам само по потреба и ми рече дека тие болки ги чувствувам демек поради стрес и сум бил таква личност која што сака се да и биде пуно-рамно во животот и најмали ситници ми предизвикуваат стрес. Јас имам забележано дека додека сум дома, додека повеќе време не излегувам од дома болките во градите исчезнуваат, ги снемува но има случаеви и кога додека сум дома ме заболуваат. Но многу поголема е шансата да ме заболат градите додека сум на школо или така излезен некаде на прошетка, на диско, било каде. Значи не знам како да ви ги опишам тие болки, кога ги чувствувам како светот да ми се руши.. само можам да легнам во креветот и да чекам болките да се намалат и да ги снема. Ќе ви бидам благодарен доколку споделите некое слично или исто искуство, и секако доколку знаете некој лек за ова кажувајте оти не се издржува ова веќе. Страв ми е кога доаѓа Зима или Пролет бидејќи знам дека ќе морам да ги трпам тие болки. :)
 
Не знам другар што ти е проблемот, само ќе споделам слично искуство... На секој месец-два, ако нагло станам или нагло променам движење во непогоден момент, ми се јавува страшна тахикардија која трае околу 5 минути. Ама во тие 5 минути цел се потам, ми снемува здив... Првиот пат кога ми се деси се посрав од страв.. Еве последен пат ми се деси пред некои 10тина дена..
 
Не си једини :)
 
Јас имав слично искуство, чуствував притисок во градите, посебно навечер, тешко ми беше за дишење, срцето ми се зачукуваше побрзо, се усрав отидов на доктор, ми рекоа ништо не ми е на срцето дека сето тоа ми е од стрес и немање железо во крвта. Ми препиша да пијам некои апчиња, не ги пиев, него почнав да вежбам, да јадам овошје, зеленчук почесто и сега немам никаков проблем веќе неколку месеци.
 
Не знам колку се силни болките ама бидејќи си млад поради самиот раст и развој на пршлените може да се чувствуваат одредени болки кои не значи дека се знак дека имаш срцеви проблеми (самиот кажа дека си се прегледал и се е во ред).
 
И јас имав слични болки на ваши години , кога на пример земав воздух ќе ме сецнеше некако неубо и цел ден болеше .... некој ми кажуваше тогаш ( не се сеќавам најдобро ) демек тоа било заради тоа што се ширела таа срцева шуплина или нешо така беше .... ама после некое време без доктори и чуда престанаа болките
 
Не знам колку се силни болките ама бидејќи си млад поради самиот раст и развој на пршлените може да се чувствуваат одредени болки кои не значи дека се знак дека имаш срцеви проблеми (самиот кажа дека си се прегледал и се е во ред).

И ја помислив на тоа, пецкање кај срцето може да биде од ширење на мускулите и тоа врши притисок и стегање, ама проблемов го има од 2010 како што пиша, нема шанси развојот да трае 3 години.
Чим докторот не ти рекол ништо почни да спортуваш, смени ја исхраната и ќе бидеш таман.
 
И што к*р е ова?

Појма немам, коа нагло стануваш ваљда е ради промена на притисокот, али ништо страшно, ми се случува некогаш ама се навикнав веќе
https://en.wikipedia.org/wiki/Postural_orthostatic_tachycardia_syndrome
--- надополнето: 23 април 2013 во 14:50 ---
И за отворачот на темата нека си провери

http://en.wikipedia.org/wiki/Gastroesophageal_reflux_disease

!!!
 
каква болка како да те стега нешто или како воспалување?
 
Значи вака, имам 18 години и имам проблем со болки во градите. Овие болки прв пат ги почувствував пред 3 години, значи кога имав 15 години. Интересно е тоа што овие болки ми се јавуваат секоја година почнувајќи од 2010 значи кога бев 15 години, но во период кога е зимо или рана пролет. Значи секоја година Октомври, Ноември, Декември, Јануари, Февруари, Март, Април јас ги чувствувам тие болки во градите. Поголеми се болките во пределот на десната страна од градите, но ги чувствувам тие болки и на левата страна што значи насекаде по градите. Имам одено по многу доктори, ми имат правено ЕКГ на срце, ме имат гледано на ЕХО и докторот ми вели дека немам никакви срцеви заболувања ниту пак проблеми со белите дробови, значи никакви дишни проблеми и дека нема никаква причина за да чувствувам такви болки. Ми даде некакви апчиња anti-stress да ги пијам само по потреба и ми рече дека тие болки ги чувствувам демек поради стрес и сум бил таква личност која што сака се да и биде пуно-рамно во животот и најмали ситници ми предизвикуваат стрес. Јас имам забележано дека додека сум дома, додека повеќе време не излегувам од дома болките во градите исчезнуваат, ги снемува но има случаеви и кога додека сум дома ме заболуваат. Но многу поголема е шансата да ме заболат градите додека сум на школо или така излезен некаде на прошетка, на диско, било каде. Значи не знам како да ви ги опишам тие болки, кога ги чувствувам како светот да ми се руши.. само можам да легнам во креветот и да чекам болките да се намалат и да ги снема. Ќе ви бидам благодарен доколку споделите некое слично или исто искуство, и секако доколку знаете некој лек за ова кажувајте оти не се издржува ова веќе. Страв ми е кога доаѓа Зима или Пролет бидејќи знам дека ќе морам да ги трпам тие болки. :)
jas go imav ovoj problem nekolku godini se do 2012
moras da jades med da pies kombuha
i jas odev po lekari cuda ama eden dedo mi kaza za ova i ete prestana a cela god nemam problem
znaci med sabajle po edna lazicka a kombuha barem po 2 casi dvevno i bolkite ke gi snema a ke dobies i poveke energija
 
Пошто пиша дека ти се појавуваат болките на пролет и обично кога си излезен, да не се работи за некоја алергија? Не сум доктор и ова лаички го велам,не знам дали од алергии болат градите ама пошто не спомна дека си направил алерготест,да го имаш како опција
 
Ми даде некакви апчиња anti-stress да ги пијам само по потреба и ми рече дека тие болки ги чувствувам демек поради стрес и сум бил таква личност која што сака се да и биде пуно-рамно во животот и најмали ситници ми предизвикуваат стрес.

Не е демек, туку е така. Анкциозноста знае да ствара такви болки, порано имав вакви болки, мислев инфарк доживувам, одвај се довлекував до кревет да легнам додека да се смири болката.

Си бил на испитувања, се е во ред, не се замарај со тоа. Докторите немаат згрешено, здрав си. Посети психијатар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom