Втор пензиски столб

  • Креатор на темата Креатор на темата Jakov
  • Време на започнување Време на започнување
Не го сфаќам ова со прв и втор пензиски столб.

Некоја идеја зошто на извештајот за пензиска заштеда на индивидуална сметка ми пишува "вие сте распределен член"?
 
Не го сфаќам ова со прв и втор пензиски столб.

Некоја идеја зошто на извештајот за пензиска заштеда на индивидуална сметка ми пишува "вие сте распределен член"?

После твоето прво вработување, можеш да избереш да станеш член во еден од двата пензиски фондови: НЛБ и КБ. Твојот избор е ограничен во рок од 90 дена, ако ти не избереш, автоматски системот те распределува во еден од двата фонда.
 
Ај јас да прашам тука, го добив зелениот плик за 2021 година, па се логирав на порталот. На порталот покажува помалку расположливи средства, иако ги вклучува уплатите и за овие 2 месеци. Единствено што видов е промена на сметководствени единици, на порталот беа помали?
Некој да објасни како го калкулираат ова?
 
Вредноста на сметководствената единица се добива така што вкупната нето-вредност на Пензискиот фонд се дели со вкупниот број на сметководствени единици од сите членови на соодветниот Фонд.
Се пресметува секој ден и истата зависи од неколку фактори: принос од поединечни инвестиции, движењето на цените на хартиите од вредност во кои се инвестираат средствата на задолжителниот пензиски фонд, девизниот курс и слично.

Пример:
  • Доколку Вие, како член на задолжителниот пензиски фонд имате една сметководствена единица на лична сметка
  • Фондот има вкупно 1.000 сметководствени единици
  • Во тој случај Вие сте сопственик на 0,001 дел, односно 0,1 % од Фондот (1/1.000).
 
Може некој малку повеќе да разјасни што се случува со уплатите во прв/втор пензиски столб?

Сфаќам дека се уплаќа околу 2:1 во корист на првиот, но што се случува со тие во првиот столб? Дали целосната сума е „солидарна“ и е поткрепа за некоја основна пензиска гаранција или и таму се водат пресметки во зависност од уплатите?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom