Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.242
- Поени од реакции
- 26.425
Може е новинарска патка, меѓутоа според овој сајт http://www.balkanrock.com/index.php/vesti/najave/7716-jean-michel-jarre-besplatno-u-nisu Жан Мишел Жар ќе настапува во септември во Ниш по повод 1700 години од донесувањето на Миланскиот Едикт и тој концерт би бил бесплатен. И на самата страна пишува дека ова официјално не е потврдено, ама ако биде ова е одлична прилика да се види оваа вистинска жива праклаберска легенда. Оние што гледале негови настапи знаат за какви спектакли станува збор пропратени со извонредна кобинација од светлечки, звучни, сценски ефекти. Специјалист е за прослави од ваков тип на отворено во урбани средини и централни градски подрачја. Фановите сигурно го паматат по таквите легендарни концерти како оние во Париз, Хјустон, Москва, Пекинг... Дали би иделе? И да коментарите дека Ниш е на крај на светот далеку, дека до таму да стигнеш ти требаат брдо време и пари, па кај ќе се паркираш, па кај да јадеш, па колку пари ќе чини тоа се очекувани. Да оставиме да видиме дали ова ќе се потврди официјално, на што искрено се надевам.