Македонска (?) пошта

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Локација
јужно од бурегџилницата на аголот
барајќи некои услуги од Македонска пошта налетав на следното
http://www.posta.mk/novosti/3066.html

По повод 100 годишнината од ослободувањето на градот Скопје, се организираа ред културно-уметнички активности во главниот град на Р.Македонија. Во чест на овој ден се промовираше и поштенска марка со наслов “Зани и Малеве”, која опфаќа мотиви од музичкиот оркестар основен од страна на патриотот, Кол Бојаџиу односно таткото на Гонџе Бојаџиу. Во склоп на активностите Македонска пошта одлучи да даде свој придонес не само во одбележувањето на овој ден, но воедно и да стави впечаток, едно обележје кое ќе не потсети сите нас долго време на овој историски настан и овој јубилеј. Поштенската марка “Зани и малеве” како амбасадор на градот ќе ја промовира историјата на албанците во различни градови и насекаде, и ќе биде една од сведоштвата на историските вредности на минатото на градот Скопје”, рече по тој повод генералниот директор на Македонска пошта Г-дин Рафис Аљити. Во знак на благодарност на востаниците кои го ослободиа градот Скопје, директорот на А.Д. Македонска пошта, г-дин Рафис Аљити, му подари на роднината на патриотот Идриз Сефери, еден посебен примерок од поштенската марка “Зани и малеве”.
**********************************************************************************************************
лично сметам дека е во ред различните етникуми кои живеат и живееле на овие простори да бидат застапени во историјата и културата....но болдираното во текстот погоре едноставно боде очи
 
Не е македонска....балистичка пошта е.

токму тоа е темата ....предзнакот Македонска....кога би била приватна фирма нема ништо спорно...но се работи за јавна институција

и уште нешто....
http://www.posta.mk/za_nas/obrakane_na_direktorot/voveden_govor_na_gen_direktor.html

Името на директорот е напишано на латинично писмо иако јазикот на страната е МАКЕДОНСКИ и ЦЕЛИОТ ТЕКСТ Е СО КИРИЛИЧНО ПИСМО
 
Името на директорот е напишано на латинично писмо иако јазикот на страната е МАКЕДОНСКИ и ЦЕЛИОТ ТЕКСТ Е СО КИРИЛИЧНО ПИСМО
Ништо ново,тоа е пракса со години веќе.Истиот случај е таму каде што сум вработен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom