Вадење имотен лист од Катастар (од практична гледна точка)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zebar
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Не можев да најдам соодветна тема, па отворам нова.

Од веб-страната на катастарот се гледа која е постапката, меѓутоа сакам да завршам работа со едно одење, па имам прашања од практичен аспект:

1. Дали има уште гужви како порано?
2. Дали таму има некој што продава готови (пополнети) уплатници?
3. Каде има најблиско место (банка/пошта) каде што можам да уплатам?
4. Дали ќе има проблем ако моето име не стои на имотниот лист (т.е. барам имотен лист за родителите)?

И секои други искуства ќе бидат добредојдени.
 
Татко ми пред некој ден беше во катастар и мислам дека работат до 18:30, така да отиди си во периодот од 16:30-18:30, жив човек нема тогаш, нема да се малтретираш со пензионери и сл.
За формуларите и уплатниците дома си ги пополни и уплати во Пошта кај нас во населба, да не се малтретираш таму и да трчаш наоколу, и онака ги имаш на страната сите документи готови како да се пополнат.
За 4-та точка ќе прашам и ќе ти кажам, ама по логика би требало да имаш барем полномошно од некој од родителите или некаков друг документ, што знам, инаку ако е така да даваат за било кого можеш да извадиш имотен лист за куќата на комшијата!
 
Не можев да најдам соодветна тема, па отворам нова.

Од веб-страната на катастарот се гледа која е постапката, меѓутоа сакам да завршам работа со едно одење, па имам прашања од практичен аспект:

1. Дали има уште гужви како порано?
2. Дали таму има некој што продава готови (пополнети) уплатници?
3. Каде има најблиско место (банка/пошта) каде што можам да уплатам?
4. Дали ќе има проблем ако моето име не стои на имотниот лист (т.е. барам имотен лист за родителите)?

И секои други искуства ќе бидат добредојдени.

1. Има гужва ама не ко порано. секако во ниеден случај не оди во петок и вторник со пензионерите. Кочат работа.
2.Готови уплатници нема, ама најлесен начин ти е да си платиш со картичка, најмалце замарање е.
3.Доколку уплаќаш, најблиска банка ти е Стопанска во Веро Тафталиџе.
4.нема да има проблем ако ти си подносител за твоите.
НАПОМЕНА: прво шо ке направиш кога ке влезеш е да си земеш бројче од пултот а дури после ке ги вршиш сите тие работи. Во принцип максимум 2 саати ке завршиш работа.
 
Фала за одговорите. Немам картичка. За уплатниците, пак не ми е 100% јасно. Долната (сликата) е за 125 денари, а за административна такса се податоците горе, така? Можеле да пишат на сликата 125 денари или да стават две слики и ќе беше јасно.
 
Едната уплатница од 125 ден е за катастар за имотниот лист,
а другите 50 денари се административна такса (пораненшните таксени марки)
Иначе нема да имаш никаков проблем да извадиш имотен лист иако не е на твое име пошто тоа е јавен документ.
Само пополни си барање со точни податоци.
 
Na istata ulica ima i posta,tamo moze da se uplati.
Moeto iskustvo e katastrofa so katastarot...
Ne kaza dali prvpat vadis imoten list...ako ne e prvpat,togas brzo odi.
 
Неочекувано, ама добро искуство со катастар.
Ме посоветуваа да вадам имотен лист од катастар во Автокоманда, незнам како точно се вика местото, нешто како Геодетски завод или слично, се наоѓа пред трговскиот....
Значи гужва-ич, плакање со картичка, целата работа ја завршив за 5 минути
 
Да, нема таму гужва, во задниве 2 месеци 3 пати вадев и се немав задржано повеќе од неколку минути.
Како и да е друже не мора да одиш ти во главниот катастар да вадиш имотен лист, тоа можеш да го направиш во секоа општина.

Освен 22-те подрачни единици на Агенцијата за катастар на недвижности, низ државата имотни листови ќе издаваат и општините, нотарите и приватните геодетски фирми.
 
Неочекувано, ама добро искуство со катастар.
Ме посоветуваа да вадам имотен лист од катастар во Автокоманда, незнам како точно се вика местото, нешто како Геодетски завод или слично, се наоѓа пред трговскиот....
Значи гужва-ич, плакање со картичка, целата работа ја завршив за 5 минути[/quote
Toa samo ako veke si izvadil ednas imoten list...ako e za prv pat mora vo glavniot katastar, a mora i za tie sto treba da legaliziraat kuki dvorovi...
 
може да се извади имотен лист за било кој имот, исто како што може јавно да се гледа на интернет; тој што бара поднесува своја лична карта и има одговорност за евентуална злоупотреба на личните податоци (во пишаниот ИЛ) на сопствениците. А се бара имотен лист и за туѓ имот од повеќе причини, најчесто ако треба да се тужи, треба како доказ. Исто така ако се купува некој имот треба да се осигуриш чиј е имотот и дали има хипотеки. Има еден друг важен документ кој се вади за туѓ имот кој планираш да го купиш, тоа е движење на имот, да провериш кој се го поседувал тој имот, односно како е стекнат имотот . Се разбира може и продавачот да вади овакви документи, но обично вади само имотен лист.
--- надополнето: 5 април 2013 во 00:20 ---
Na istata ulica ima i posta,tamo moze da se uplati.
Moeto iskustvo e katastrofa so katastarot...
Ne kaza dali prvpat vadis imoten list...ako ne e prvpat,togas brzo odi.
не е битно дали првпат вадиш, туку дали е запишан имотот во катастар... ако е запишан и го има на интернет, вадењето бргу оди; мислам дека најавија дека и кај нотар ќе може да се вади ИЛ, ама незнам дали одпочна тоа ??
 
може да се извади имотен лист за било кој имот, исто како што може јавно да се гледа на интернет; тој што бара поднесува своја лична карта и има одговорност за евентуална злоупотреба на личните податоци (во пишаниот ИЛ) на сопствениците. А се бара имотен лист и за туѓ имот од повеќе причини, најчесто ако треба да се тужи, треба како доказ. Исто така ако се купува некој имот треба да се осигуриш чиј е имотот и дали има хипотеки. Има еден друг важен документ кој се вади за туѓ имот кој планираш да го купиш, тоа е движење на имот, да провериш кој се го поседувал тој имот, односно како е стекнат имотот . Се разбира може и продавачот да вади овакви документи, но обично вади само имотен лист.
--- надополнето: 5 април 2013 во 00:20 ---

не е битно дали првпат вадиш, туку дали е запишан имотот во катастар... ако е запишан и го има на интернет, вадењето бргу оди; мислам дека најавија дека и кај нотар ќе може да се вади ИЛ, ама незнам дали одпочна тоа ??
ne e taka kako sto vikaat....so Butel ne e taka:mad:
 
Зошто ме потсети на тоа патешествие...
 
Да ја злоупотребам темава со прашање во заграда ( Во кој стадиум треба да е куќата за да можеш да извадиш имотен лист за неа?). Под стадиум на куќа подразбирам - карабина, да е затворена со прозорци или...?
 
Фала уште еднаш за tips&tricks, за 10 минути завршив работа. Сега се враќам од таму. Имав (набавив) картичка и стварно така е наједноставно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom