Северна Кореја објави војна на Америка и нејзините сојузници

  • Креатор на темата Креатор на темата Verdict
  • Време на започнување Време на започнување
Мене по ми е веројатно дека ќе почнат ракетите да им се враќаат во Пјонгјанг :D не верувам дека ќе има ептен жртви кај Јужно Корејците ама ако има тогаш верувам дека ниту еден Северно Кореец нема да остане..

Дебелкото многу игри почнал да игра изгледа откако нема надзор од родител.

30 км е Сеул од Северно Корејската граница а лудаците имаат помеѓу 10 и 15К артилерски парчиња само на тој дел од границата .Во тоа внеси ја пресметката дека сите им се и вкопани а и дека Северна Кореја има тргувано со Ирак,Иран и Јужна Африка и најверојатно ги имаат 155 ките и 210 ките што ЈАР и Ирак ги имаа развиено кој имаат огромни досези ( поголеми од каква било артилерија која ја имаат НАТО земјите )+ додади ракетна артилерија.А Сеул има 10 милиони народ и е еден од најгусто населените градови во светот.

Не дека на крај САД нема да ги срамни со земја без никаков проблем,али мора да се земе фактот дека со декади будаливе се спремаат за таа нивна "конечна битка" и ако се користи само конвенционално оружје најверојатно би издржале доста долго.
 
Уште колку теми ќе оторите на оваа тематика.
Дебелкото влага у филмови па може после првиот напад кон Америка,Кореа да биде град на духови од пепел и рушевини.зошто цел свет е против нив единствено не знам за Кина.Нај опасно е тоа што поседуваат хемиско оружје па за тоа ако нешто активираат ојде све у пичку матер кај и да падне.
 
Од каде им ним знаење за нуклеарно оружје да развијат?
 
Зошто мислиш дека Америка има најмоќна армија во светот?
Од проста причина што е технолошки најнапредна, логистички, има најголем буџет...
Знам што следува наредно... Ама Русите, ама Кинезите, ама бла-бла-бла...
Да не се лажиме, Кинезите можда имаат најбројна армија, ама тоа е само топовско месо. Уште многу имаат да работат за да ги превтасаат Америка, ако воопшто биди тоа во догледно време.
Русите можда се најблиску со моќ до Америка, ама ниеден факт не говори дека имаат посовршена и посилна армија. Тоа можи да го тврди само некој што пристрасно размислува, од проста причина што не ги сака Америве...
 
Од толку што се јаки од 2001 се мачат со Авганистан и никако да ги решат. А кој се Авганистан?
 
Од каде им ним знаење за нуклеарно оружје да развијат?

Пакистан има развиено нуклеарно оружје во седумдесетите,ПАКИСТАН. Да развиеш примитивно нуклеарно оружје не е некоја многу голема проблематика.Ако се запнат и некој земји на балкан би можеле да развијат примитивно нуклеарно оружје во не многу долг временски период.

Проблемот е што после има еден тон работа во минијатуризација и зголемување на моќноста на истото што никогаш нема да стигнеш да ги направиш зошто сите соседи ќе се здружат против тебе и ќе станеш изолирана земја.А и чим имаш нуклеарно оружје тогаш стануваш и цел на истото.
--- надополнето: 30 март 2013 во 17:03 ---
Од толку што се јаки од 2001 се мачат со Авганистан и никако да ги решат. А кој се Авганистан?

Ако сакаа ќе ги напикаа во логори или едноставно ќе ги измасакрираа сите.Не е како да им е првпат после втора светска војна имале убиено повеќе од еден милион германци во логори.

Они сакаат војната да трае за воени фирми да се богатат преку договори со државата.Затоа се и цело време се во војна и бараат нови непријатели за политичарите да им се богатат.Тоа и дрогата што ја произведуваат во истиот регион.
 
Земајќи го во предвид изворот....сите "факти" се базираат на нивни новински агенции и холивуд тогаш да најдобри се!

Колку сето тоа е реално е голем знак прашалник?
 
Земајќи го во предвид изворот....сите "факти" се базираат на нивни новински агенции и холивуд тогаш да најдобри се!
Колку сето тоа е реално е голем знак прашалник?

Имаат професионална војска која нема прекинато да војува од 1943 + воен буџет кој е колку следните 15 земји заедно + граѓани кои се желни за крв и се убедени дека они се добрите и само нивен гз ги интересира + цели платенички армии + стотици илјади ветерани резервисти дома.

Вакви трето разредни земји како Северна Кореја би ги прегазиле како плиток поток.
 
Не викам не, туку кога станува збор за нуклеарно оружје и екстремно забегани нации (камикази) тогаш сето тоа и не е така битно.
 
Јас мислам дека треба да се плашат од Северна Кореја, севернокорејите нема што да изгубат,а тие што нема што да изгубат се најопасни. Тие и така се сиромашни стемнато им е се, ако треба и самите ќе се уништат како камикази ама ќе им бапнат неколку нуклеарки во Јужна Кореја, а можеби и во Хаваите. :icon_lol:
 
Објавува војна, никој озбилно не го сфаќа... греота.

Навистина, го сваќа некој сериозно или си фаќаат сеир со него. Објавата на војна навистина делува смешно. Aко сакале да нападнат тогаш сигурно прво ке нападнеле и со тоа ке објават војна, вака се повеке од патетични.
 
Јас мислам дека треба да се плашат од Северна Кореја, севернокорејите нема што да изгубат,а тие што нема што да изгубат се најопасни.. Тие и така се сиромашни стемнато им е се ако треба и самите ќе се уништат како камикази ама ќе им бапнат неколку нуклеарки во Јужна Кореја, а можеби и во Хаваите..:icon_lol:

Што би значело смрт на илјадници и контаминација во Ј.Кореја, голем дел од Кина, Јапонија, Монголија, Индонезија и Малезија, голем дел на источна Русија, евентуално Австралија односно со други зборови апсолутна катастрофа која мора по секоја цена да биде избегната.

Нема ништо смешно..
 
Немаат САД ни пари ни политичка волја за да се бафтаат со нови војни низ светот, затоа и оваа весела дружина на шизофреничари сега најде да покажува сила со објавување на војни.

Геополитиката е многу голема за мали луѓе, така да обемни анализи се само губење време. Ама во секоја случај лошо е да има било каква дестабилизација во тој регион, зошто Југоисточна Азија е и се повеќе станува главниот мотор на светот, без разлика дали се признава тоа или не. Мали контракции на нивните економии може да создадат домино ефект врз целиот свет.

Како и да е, јас навивам да ги бутнат тоа психопатите од власт. Само се надевам со што помалце штета за целиот свет.
 
гледаат дека се будали корејциве, немаат памет и иако се посилни американциве им прпа :icon_lol:
браво за С.Кореја ѕверови се, на никој не им потклекнуваат.

Очекувам американциве да се испичкаат :icon_mrgr: и да попуштат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom