Свети Мошти во Бигорски манастир?

  • Креатор на темата Креатор на темата filipche2013
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 март 2013
Мислења
14
Поени од реакции
3
Возраст
51
Знам дека има од Св.Јован Крстител,Св.Марина(огнена марија) ,Св Харалампиј,Св.Трифун,Св.Евстатиј,Св.Параскева(петка),Св Пантелејмон,Апостол Јаков,Св Јулита , Св Кирик кои се во кивотот за мошти. А додека во олтарот има од Св.Јован Руски,Св Серафим Саровски,Св Климент Охридски,Св.Григориј Богослов,Св. Климентиј Римски,Св Агатангел Битолски СвТекла,Св Варвара, Св Лазар Четиридневен,Св Стефан,Св Јован Шангајски
 
Иконостас

Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Тој бил изготвен од страна на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Него го правеле занаетчијските раце на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Заедно со брат му Марко Филипов, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој во периодот од 1829 до 1835 година, успевајќи да создадат прекрасна артистичка дрвена постапка.[1]

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Јован Крстител и Пресвета Богородица.[1]
[уреди]
Икона на Јован Крстител

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во 16 век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот а иконата мистериозно исчезнала за да потоа уште помистериозно се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека лотретата рака е благосвувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца. [1]
[уреди]
Легенда

Според легендата, некој бег од Албанија во текот на 16 век дошол во манастирот на поклонение. Наредната година тој добил син и сиот свој имот му го подарил на „Свети Јован“. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Денеска месние жители сметаат дека на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.
 
моштите на св.климент охридски,св.нектариј егински,св.Јован Руски,Св.Стефан Првомаченик,Св.Никола,Св.Јован шангајски,Св.Агатангел Битолски,Св.Климентиј Римски,Св.Серафим Саровски
--- надополнето: 15 јули 2013 во 15:31 ---
Кивотот со мошти на Св.Марина,Св.Параскева,Св.Евстатиј,Св.Пантелејмон,Св Јаков Ерусалимски,Св Јован Крстител,Св.Кирик и јулита ,Св.Харалапиј,Св.Трифун и честица од чесниот крст
 

Attachments

  • 7FBD30E92CF5114195021B71B1ADB0D0 - Copy.jpg
    7FBD30E92CF5114195021B71B1ADB0D0 - Copy.jpg
    50,8 KB · Прегледи: 14
  • 21E4935554D69346972526F0BE11DD3A - Copy.jpg
    21E4935554D69346972526F0BE11DD3A - Copy.jpg
    29,4 KB · Прегледи: 13
  • 51E54C44B525C246B089869CC7A6C0D3 - Copy.jpg
    51E54C44B525C246B089869CC7A6C0D3 - Copy.jpg
    47,3 KB · Прегледи: 13
  • 732B99483503BC4CBD9715D46E7CC038 - Copy.jpg
    732B99483503BC4CBD9715D46E7CC038 - Copy.jpg
    57,1 KB · Прегледи: 14
  • 42237C2DE315214CA067D29EC6BF7473 - Copy.jpg
    42237C2DE315214CA067D29EC6BF7473 - Copy.jpg
    61,7 KB · Прегледи: 13
  • A171960A6C32624CA73AFFB2E17CFD09 - Copy.jpg
    A171960A6C32624CA73AFFB2E17CFD09 - Copy.jpg
    43,9 KB · Прегледи: 12
  • AA0AA7B53A978E4D90D17D17D7FA14F0 - Copy.jpg
    AA0AA7B53A978E4D90D17D17D7FA14F0 - Copy.jpg
    79,8 KB · Прегледи: 14
  • CB05944E33DE884B9521586596E9B44A.jpg
    CB05944E33DE884B9521586596E9B44A.jpg
    68 KB · Прегледи: 17
  • DE35F3CC9ECAF645B1B87FBAFCEBECE1.jpg
    DE35F3CC9ECAF645B1B87FBAFCEBECE1.jpg
    77,2 KB · Прегледи: 15
  • 1C653567C901BC469487DFB9C6268FE3.jpg
    1C653567C901BC469487DFB9C6268FE3.jpg
    53,6 KB · Прегледи: 10

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom