Ласертаг Скопје (Laser Tag Skopje)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Локација
Скопје
Дечки, деновиве само што се отвори првиот Ласертаг во Скопје, па зашто да не се отвори и тема за истиот :)
Накратко што е ласертаг, од нивната официјална страна.
ЛАСЕРТАГ е тимски/индивидуален спорт или рекреативна активност (забава) во која играчите се обидуваат да остварат поени преку ТАГ-ирање на останатите учесници во активноста. Тоа го прават со Тагер (играчка која личи на пушка) кој емитува инфрацрвени зраци со кои играчите се обидуваат да ги погодат другите учесници во играта. Сите учесници на себе носат детектори на инфрацрвени зраци и на тој начин кога детекторот ќе биде погоден, играчот кој го погодил остварува поен. Тагерите меѓу себе комуницираат со радио сигнали и со инфрацрвени зраци како далечинските управувачи на телевизорите.
Се наоѓа на кеј, кај кајакарско. Само што се испуцавме со другарчиња, доста интересно. За повеќе информации и контакт на нивната фејсбук страна.
Што се однесува до можните СЦЕНАРИЈА <---- линк тука
Може и од тука да се организираат партии, зашто да не. Наскоро има и турнир, па бујрум!
 
Каде е ова? Во „Луна-парк“ во Скопје?
 
Ја па помислив онлајн игрица :D Читам се убаво објаснето , не прочитав дека е РЛ :D
 
Ај да се организираме и да се пробаме шо кој кур.
 
Не знам зошто, ама не ми изгледа привлечно по изгледаните 3-4 видео клипа на YouTube околу играва.
Пејтбол ми изгледа далеку по привлечно. Ова ми е повеќе како за 10-15 годишници од Америка. Организирајте се, може ќе дојдам да видам како е всушност играта...
 
Преку видеа неможе да се осети, тоа е работата. И ние бевме скептици, ама тие што не дојдоа со нас - зажалија. Значи интересно е што е виртуелно, има разни улоги кај што можеш да го лечиш другарчето, да му даваш муниција.. Има и advanced улоги, горе линк имам оставено под Сценарија. Мапата е исто така доста добра, имаат направено специјално една зграда (со повеќе соби и места за криење) и едниот тим почнува од таму, другиот од надвор.
Паинтбол можеби е поадреналинско бидејќи уствари примаш некакви „куршуми“ но ова е далеку поефтино. Цената на ова е 200 денари саат, + имате гратис 15 минути. Уствари се на се доаѓаат 2 саати со паузите меѓу партии, но добро е што они наплаќаат по game time, а не колку време си го „изнајмил“ теренот.
 
Сега ја видов арената, ми се допаѓа. Мислев дека е во некој идиотски затворен простор, како на видеата што ги гледав. Башка, пушките изгледаат добро (реално), а не како пластичните „фејзери“ што ги гледав во Америка :pos:

Еве линк до галериите на Фејсбук: еден, два.
 
Да, инаку, ако некој планира да оди (иако тие дечките таму ќе ви кажат едно 10 пати), реално, многу пазете на пушките бидејќи наводно коштале по 500 евра секоја пушка плус 200-250 евра тој сензорот за на глава. Бидејќи пред да почнете да играте потпишувате договор дека било каква повреда да ви се деси вас, неможете да тужите а ако вие ги искршите пушките сте го кркале :icon_mrgr:
 
E ова ме нервира максимално. Осигурај си ја опремата !!! Нема сеа ја да му ја мислам ако сум дошол да уживам во играта, може да се случи несакајќи да се скриши или да се оштети. Ме не не ме занима колку пари кошта пушката, не ја позајмувам за да играм, туку плаќам за да играм и да се опуштам. Идиоти ебате...
 
Доколку некој оди да пука нека гледа да биде навечер. Преку ден е тапа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom