Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали има плин на бензиските од Битолска граница према лефкада?
Тоа е последна станица кај нас со плин, ама кај античкиве браќа послабо со плинот а и со распоредот на пумпите е малку незгодно...на Егнатиа одос е малку терсене во врска со бензинските, тек кај Гревена вели дека има на Игнација.Плин има на битолската макпетрол на излез према грција
И јас се думам натаму да зафатам летово... само мене ме интересира каде можиш да се сместиш а да има плажа? Значи, прајме муабет да можи да одиш до море пешадија, да немора да палиш кола. Не за друго, ќе бидиме друштво (одиме со кола), па можи да се расштркаме/запиеме натаму наваму, а јас станвам рано така да битно ми е да има плажа во близина за да можи да се искористи максимално морето![]()
Тоа што го бараш, ем тешко ќе го најдеш во Лефкада, ем тоа не е поентата... Ама, ние кај што ќе бидеме сместени (Василики) има фина и пристојна плажа на 20 метри од хотелот/вилатаЗатоа што убавите плажи на Лефкада се „диви“, нема да најдеш сместување во близина на некоја од нив. Барем не така како што ти сакаш, да излезеш од смештај и за 5 минути да си таму...
Кога планирате да идете?
Па идејата е од 1-ви до 10-ти да се оди... инаку, не ми е битна плажата каква е, можи и на 15-20 минути пешачење да е, битното е да немора да се мотам натаму наваму дури да станат сите
Во која вила планирате да одите?
Плажа и смештај имаш во Василики. Одма до него е Понти каде е песочна плажата, а на 15-20 минути пешадија од Василики е убавицава АгиофилиИ јас се думам натаму да зафатам летово... само мене ме интересира каде можиш да се сместиш а да има плажа? Значи, прајме муабет да можи да одиш до море пешадија, да немора да палиш кола. Не за друго, ќе бидиме друштво (одиме со кола), па можи да се расштркаме/запиеме натаму наваму, а јас станвам рано така да битно ми е да има плажа во близина за да можи да се искористи максимално морето![]()
Плажа и смештај имаш во Василики. Одма до него е Понти каде е песочна плажата, а на 15-20 минути пешадија од Василики е убавицава Агиофили
![]()
А до неа има и бродчиња кои тргаат од Василики и повратна карта е 6 евра![]()
Не знам дали е вистина за високите бранови, ама знам дека пирка ветре после 14 часот. Какво е местото и дали има превоз и до останатите убави плажи ќе ви пишам за некој ден.Jaс се изначитав дека василики било само за сурфери и имало високи бранови, вистина ли е ? И дали од Василики има превоз и до останатите убави плажи освен оваа???
И јас ке идам накај Лефкада ме интересира колку е цена на бензин 95 во Грција ако знае некој нека пише.