• Војник •
БОРБА ТЕ ЧЕКА!
- Член од
- 6 април 2011
- Мислења
- 457
- Поени од реакции
- 1.263
Евакуиран аеродормот „Александар Велики“
![]()
Според првичните информации силни полициски екипи го опколиле аеродромот и вработените во дуќаните и патниците ги извадиле надвор од аеродромската зграда. Вработени од аеродромот за Нова Македонија велат дека се се случило за неколку минути и сега сите се надвор на главниот паркинг. Никој не дал појаснување што се случува.
Пред зградата е и аеродромскиот персонал.
Непознато машко од нерегистриран странски телефонски број попладнево околу 14 часот се јавило на скопскиот аеродром „Александар Велики“ пријавувајќи бомба.
„Бомба Аеродорм Скопје, бомба Аеродорм Охрид, алерт алерт“, кажал машкиот глас на телефонот по што ја прекинал врската.
Од полицијата информираат дека известена е единицата за Антитероризам и се превземаат мерки за расчистување на пријавата.
Eве нешто од Нова Македонија: http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=15687