Израел и се извини на Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.162
Поени од реакции
1.324
Нетанјаху и‘ се извини на Турција

22.03.2013

Израел и Турција ќе ги нормализираат односите, речиси три години по инцидентот во водите на Средоземното Море во кој загинаа девет турски активисти.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и се извинил за нападот врз флотилата која носеше хуманитарна помош за Појасот Газа во 2010 година. Извинувањето значи и нормализирање на односите меѓу двете земји кои беа сериозно нарушени по нападот врз хуманитарниот конвој.
„Двајцата премиери се согласија на нормализација на односите меѓу земјите, вклучително и враќање на амбасадорите и прекин на правните дејства против израелските војници“, се наведува во соопштение од кабинетот на Нетанјаху.
Хуманитарниот конвој кој го предводеше турската флотила се обиде да ја мине израелската блокада на Појасот Газа. Во напад на израелските воени командоси загинаа девет турски активисти.
Инцидентот драматично ги наруши односите меѓу двете земји кои дотогаш важеа за блиски сојузници. Турција го повлече својот амбасадор од Израел, а дипломатските односи и воената соработка беа речиси во целосен прекин.
Освен што се извинил за инцидентот, во телефонскиот разговор Нетанјаху ветил и компензација за жртвите.
Според информации на агенцијата Асошиејтед прес, телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери го договорил американскиот претседател Барак Обама кој изминативе денови беше во посета на Израел.
http://www.dw.de/нетанјаху-и-се-изв...5?maca=maz-TB_maz_dnevnik_KOPIE-4629-xml-mrss
 
Ердоган си го побара извинувањето пред месец дена и сега си го доби. Чисто сумњам дека ако не реагираше кај секретарот Џон Кери ќе дибиеше некакво извинување. Обама ѕврцнал и нема кај да бегаат.
 
Значи сепак наскоро ќе има воена интервенција во Иран, кучињата на САД чим се зближија тоа е лош сигнал за иранците..
Едно од ретките твои мислења со кои се сложувам :D
 
Русија нема да дозволи никаква интервенција над Иран.А на крај краева не е Иран безопасна земја како Либија па да си прават тоа америчките накази што ќе им прдне.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Значи сепак наскоро ќе има воена интервенција во Иран, кучињата на САД чим се зближија тоа е лош сигнал за иранците..

Иран не е Ирак или Авганистан, плус Русија стои позади Иран, тие кога неможат во Сирија да интервенираат а камоли во Иран..
 
Исти газда, ист систем, претстава за малите луѓе.
Турција имаше шанса, ја пропушти.
 
Иран не е Ирак или Авганистан, плус Русија стои позади Иран, тие кога неможат во Сирија да интервенираат а камоли во Иран..

Со копнена офанзива никој ништо не им може на иранците,ама работата е што со воздушни напади ќе ги срушат, максимум за 1 месец од тие воздушни напади иранците ќе колабираат,нема шанси да издржат толку долго, инаку што се однесува за Русија, тие не ќе можат да се мешат доколку САД одлучува да ги нападне иранците,ама очигледно е дека се уште немаат интерес за напад заради тоа и се уште чекат,едноставно тактизираат со времето..
 
Русија и Кина во многу наврати имаат изјавено дека политички (и воено) цврсто стојат зад Иран затоа што Иран е последниот и единствен извозник на нафта кој не ја продава нафтата за долари и последното прибежиште за земјите кои сакаат да купат нафта а не тргуваат со долари. Да се приклучеше Иран во ОПЕК Америка немаше "А" да му каже.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom