Македонија - Белгија [22.03.2013 - 20:45 часот]

  • Креатор на темата Креатор на темата Donatella Versace
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    104
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
images

Победа и приклучок кон второто место во квалификациите тоа импративот на избраниците на Јаневски вечерва кога Македонија вечерва ја пречекува Белгија, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил. Овој дуел, заедно со дербито во А групата, Хрватска-Србија, е еден од најпривлечните натпревари кои ќе се одиграат на европскиот континет ќе се одиграат во петок.
„Рисовите“ во овој натпревар влегува по серија од три победи кои максимално ја зголемија самодовербата кај избраниците на Чедомир Јаневски.

„Победите на секој спортист му даваат екстра енергија, тоа е добро. Добро е да имаат високо ниво на самодоверба, да почувствуваат дека и тие имаат калитет, од друга страна не треба да се плашат, бидејќи ова е само фудбалски натпревар, кој носи максимални три бода. Јас само им препорачав на играчите по победата над Данска, тоа да не прерасне во еуфорија, бидејќи некогаш еуфоријата може да има последици“, рече македонскиот селектор.
Добар момент е што селекторот очигледно нема проблеми со тимот и ги знаеше уште од стартот на подготовките играчите кои ќе ја реализираат неговата замисла- Пачовски, Тодоровски, Новевски, Грнчаров, Лазевски, Хасани, Демири, Тричковски, Пандев, Ибраими, Јаховиќ.

Селекторот потенцира дека Белгијците максимално ќе му пристапат на овој дуел, но и на оној во Брисел, ќе се обидат да освојат шест бодови, со кои по долга пауза повторно би биле учесници на едно големо натпреварување.

Белгија сигурно е една од најатрактивните репрезентации која гостувала во Скопје, составена е од извонредни индивидуалци, но пред селекторот Вилмотс престои уште многу работа да ги вклопи во идеална целина.

Во досегашниот тек од квалификациите, играта од прекините беше најсилната страна на Белгија и тоа е елементот на кој најмногу ќе треба да внимаваат ‘црвено-жолтите’.

Инаку, селекторот Вилмотс, без оглед на индивидуалниот квалитет, не отстапува од планот, да користи сосема различни тактички варијанти за натпреварите, во зависност од тоа дали Белгија игра на домашен терен или гостува.

Многу е веројатно, на „Филип Втори“, Белгија да започне со еден класичен напаѓач, најверојатно Бентеке, а како поддршка да добива од Азар и Дембеле или Фелаини.

Голем проблем за Вилмотс преставува повредата на капитенот Компани, кој нема да игра на овој натпревар, тој уверува дека дека неговите избраници ќе се обидат да победат, но и дека нема да биде трагедија и доколку не освојат три бода.

„Победдата е обврска за нас во овие квалификации и доколу ја забележиме нема премногу да се радуваме, но и доколку не победиме тоа нема ништо да смени во нашите амбиции за овојување на првото место во групата“, рече Вилмотс.

Македонија и Белгија својот квалификациски дуел ќе го започнат во 20:45 часот, билетите за натпреварот се распродадени, а на „Филип Втори“ ќе присуствуваат и околу 400 белгиски навивачи

Извор: Сител

---

Мислам дека не е потребно да кажувам за кого навивам. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА, ВЕЧЕР ПОБЕДУВАМЕ! :D

П.С. Ете ја темата за најважниот дуел за нас Македонците, а фино кажав во другата тема дека не сум фудбалски експерт и неможам убаво да ги напишам работите (Сител се убаво напишале, но сепак мислам дека и авторот на темата треба да напише), но бидејќи бев нападната од "патриотите" (кои инаку во слободно време на форумов плукаат по се Македонско) зошто сум отворила тема за Хрватска-Србија...

П.П.С. Сменете наслов, погрешка напишав 18 часот, А 20:45 треба да стои.
 
Нерешен резултат или победа на Белгијците очекувам. Инаку ништо чудно да дочекаме и изненадување , се си бива во фудбалот за 90 минути :) Како што беше случајот со Данска на пример :D
 
А нерешено камо на анкетата? :нинџ:

Моjа прогноза: 2-2 :)
 
Се мислам дали да закачам едно 50 еура на Македонија хмм.....
 
Се надевам на победа.Тешко ќе биде со Белгија.Клучот го гледам во нивниот среден ред(ако добро се притисне и не им се даде простор да се “размахаат“ ондак преку полуконтри и контри се има шанса за победа).Значи,типична јака дефанзивна линија,цврст среден ред со огромна предпазливост и напаѓачи кој се во константна мобилност носи резултат.
 
Се чудам како од дете до сега истото чуство го имам кога игра Македонија. Секоја секунда од денот ми е исполнет со мисли за вечер. Немаме што да загубиме денес. И да изгубиме со неколку гола разлика нема да ми биде криво затоа што Белгијциве имаат најкомпактен тим со играчи што се најдобри во своите клубови. На самата помисла на играчите кои играат во Белгија и нивната форма во клубовите ме фаќа страв. Ама како што кажав. Нема што да загубиме. Јако, машки со срце за МАКЕДОНИЈА.
МОМЦИ ГОСПОД НЕКА Е ВЕЧЕРВА СО ВАС И НАПРАВЕТЕ НЕ ГОРДИ :vozbud::cuc:.
republika-16.jpg
 
Предизборен кец, слушајте ми го зборот:sneaky:
 
Ајде да стиснеме заби. Тепаме со 2 : 0
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom