Регистрирајте ги припејд броевите или ќе ви ги деактивираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја одобрувате пререгистрацијата на припејд броеви?


  • Вкупно гласачи
    69
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Регистрирајте ги при-пејд броевите или ќе ви ги деактивираат

21.03.2013 - 13:09:55
g_mobilen-vo-raka.jpg






Агенцијата за електронски комуникации денеска уште еднаш апелираше за регистрација на при-пејд броевите.
“Причината за започнување на овој проект се податоците и искуствата кои покажуваат дека користењето на нерегистрирани при пејд картички знае да предизвика несакани последици. Неретко истите овие при-пејд картички се злоупотребуваат, се користат како анонимни броеви и ја нарушуваат безбедноста на голем број на граѓани. Затоа апелираме до сите корисници на при-пејд броеви, кои досега не ги регистрирале своите броеви, заради лична безбедност и за безбедноста на сите граѓани на Република Македонија, тоа да го направат во следниот период“, велат од АЕК.
Проектот за регистрација стартуваше во октомври лани и тогаш директорот на АЕК Роберт Орданоски најави дека очекуваат регистрацијата да трае до крајот на март годинава, а нерегистрираните броеви да бидат деактивирани.
Формите на спроведување на регистрацијата се следни: идентификување на претплатникот на самото продажно место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација; повикување од страна на претплатникот на посебно утврден број каде истиот ќе може да ги наведе бараните податоци (Т-мобиле - 1233, Оне оператор - 14181, Вип оператор - 140150); испраќање на податоците од страна на претплатникот преку кратка текстуална порака на посебно утврден број ; внесување на податоците од страна на претплатникот преку соодветна интернет страна (веб портал) или друг начин утврден од операторите и/или давателите на услуги.
автор: Нетпрес​
Што мислите, дали според вас со ваква постапка се крши правото на приватност на граѓанинот или не? Од кога АЕК толку се грижи за безбедноста и сигурноста на граѓаните?​
Кои се добри, а кои лоши страни на ваквата процедура? Дали навистина со регистрацијата ќе се спречат злоупотребите, или не? Јас сметам дека ако некој сака да злоупотреби број, ќе најде начин тоа да го стори, вака или онака.​
 
Па со оглед на тоа што порано , и не толку често сега ме замараат со скриени броеви и ќутат по телефон , и мислам дека е потребно, и не, не се крши правото на приватност, бидејќи ако сакаш твоите податоци да останат во тајност, истиот оператор може тоа да ти го овозможи , и истите податоци може да ги добие полицијата ( за тебе ) доколку си направил прекршок или слично, и доколку е тоа потребно во одреден случај. Јас го поддржувам ова, иако имам еден нерегистриран број , но тоа е поради тоа што ме мрзи да идам до ОНЕ а и не звонам многу многу , пошто на телефонот ми е заебан екранот и го служам само за музика да слушам на него. Али после ова, кај и да е ќе се упатам до најблиското ОНЕ.
 
сум за ова да се регистрираат сите броеви но ме зачудува тоа што ми стигна неколку пати да си го регистрирам бројот ... кога јас истиот број го купив од вип со моја лична карта ... :cautious:
 
Абе точно да се намали злоупотребата,а не да се оневозможи.

Пошто за да регистрираш број не правиш лична верификација.Туку преку смс внесуваш име,презиме и матичен број.Па сеа видете колку е тешко да се заобиколи процедурава.:)
 
Мислам дека е во ред акцијата. На времето во Мобимак знам дека бараа податоци за при-пејд, па даваа и некој Мобимак Пасош, дрн-мрн. Еј што златна фирма си имавме, Мобимак!

Тоа дека кршеле права, операторот мора да те заштити, освен само ако сакаш да те користат за пропагандни материјали и анкети. Претпоставувам дека пак ќе може да се купи број од трафика или каде и да се продава, пример за странци или некој ако сака да го користи привремено, по што ако не се регистрира во рок од ХХ денови, ќе биде деактивиран.
 
повикување од страна на претплатникот на посебно утврден број каде истиот ќе може да ги наведе бараните податоци (Т-мобиле - 1233, Оне оператор - 14181, Вип оператор - 140150); испраќање на податоците од страна на претплатникот преку кратка текстуална порака на посебно утврден број ; внесување на податоците од страна на претплатникот преку соодветна интернет страна (веб портал)


И? Можам да оставам податоци од бабами, па после да ја замараат неа ако направам некоја глупост....

Најдобро е на лице место, т.е. кај операторите, со лична карта/пасош а не така по пораки...
 
Ве регистрира сите владетелот, аку убаво, да се знае ред.
Можам да замислам кога си се родил твоите викале: ете ни бараат да го регистрираме малиов, па ова е диктатура, Тито е диктатор. Он нас со сила ке не регистрира. Него да ти продадам гулаби писмоносци ?
 
А кај можа, да видам дали ми е регистриран бројот со мојте податоци? Или најдобро е да се јавам?
 
А кај можа, да видам дали ми е регистриран бројот со мојте податоци? Или најдобро е да се јавам?

Ако си купил број лично од некој оператор , тогаш ти се земаат податоците, и си регистриран , доколку си добил ( како мене ) СИМ картица у "кафич" од некој кој ти презентирал поволности на одреден оператор и истиот ти дал картица без да ти земе податоци , тогаш не си регистриран.
 
А ако бројот ти е регистриран на име на фирма од пред 143 години?
 
Пробав да се регистрирам преку формата за регистрација на VIP.
Откако ги внесов моите податоци, ми ја даде следнава порака:

ПОДАТОЦИТЕ КОИ ГИ ВНЕСОВТЕ НЕ СЕ ЕВИДЕНТИРАНИ ВО ПРЕТПЛАТНИЧКАТА БАЗА НА VIP. ОБИДЕТЕ СЕ ПОВТОРНО.
Три пати пробав, три пати исто. Очигледно уште не им е средено се и ова им е ставено само да замачкат очи. А крајот на март е за 10 дена. Ни половина од активните броеви нема да ги регистрираат до тогаш!
 
Ќе си земам ја еден гулаб од комшијава мој , ќе си праќам пораки така после и него да не го деактивираат ?
 
јас сум ЗА, не сакам да ми звони некој (во ниедно време) а да нема начин да го идентификувам.
ја користам опцијата за обавезна идентификација, така да, само ќе поднесам пријава за тој и тој број и после тоа државата нека си тера по службена должност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom