Вчера прекинав 2 поста: оној за прва недела од Велигден и оној од елктронска журка.
Ги оставив Сектор завчера да се испозанасаат со 800 денари карта за Дерик Меј и иако признавам со недоумица решив да одам на Judge Jules.
Не може да ми текне кој бил последниот клабинг на кој што сум бил (оние од Сектор фенсерајските квазижурки не ги бројам), а чим не можам да се сетам има барем една година и тоа на мислам дека беше на првиот White Dimension исто така на него. Џаџ Џулс требаше да биде уште пред 2-3 месеца, ама тогаш откажа мислам поради лошо време. Да не ставеше еден другар статус на Фејсбук со кое бара друштво ни јас немаше да знам. Цена на картата-200 денари што е крајно смешно. Се договорив со уште двајца другари исто препекани за електроника. Влеговме некаде 1 и 20 малце и по кажувањата едно 20-тина минути сме подзакасниле. Внатре два спротивни филинга. Првиот разочарувачки, Би ту беше полно но ни оддалеку не со таа гужва што ја очекував за Џаџ Џулс за 200 денари, пред 5-6 години местото ќе крцаше до таван, што значи дека клубската сцена во Скопје сеуште не е опоравена како што треба и тој податок е стварно депримирачки. Можеби донекаде кривца за тоа има и во недоволниот број плакати, реклами и интернет најави по порталите, но кога такво име ти гостува во Скопје не ти ни требаат најави, ако ги следиш збиднувањата обавезно ќе знаеш, што сепак не враќа на тоа дека електрониката бавно изумира или во малку пооптимистичка верзија е во нокаут со надеж за издигнување во блиска иднина. Жално...



.
Ама од добрата страна тоа што Би ту е мал клуб и беше таман полн правеше една поприватна атмосфера, за таков тип на журки од позатворен тип со помалце луѓе на запад се плаќаат карти и по 100 евра и нагоре. Имаше шмек како да си поканет на некој ВИП роденден кај што Џаџ Џулс пушта музика.
Иако отидов трезен, не ми требаше многу време да се загреам. Џулс го фатив за време на оние загревачките песни и набргу почна да ги вози се погоре и погоре за некаде периодот од 2.15-3.15 да биде кулминацијата. Два пати ја пушти Епик
а публиката уживаше на ремиксот од Битер свит Симфони на Верв
модифицираната Everything's gonna be alright
ремиксот на What I've done на Linkin park и уште многу, многу други. Манекените и манекенките, односно оние што беа дојдени од курч почнаа некаде 2 и пол да си одат и приближно тоа време се ослободи место и се ставив во први редови пред самиот стејџ на околу 3 метра воздушна линија од Џулс со едно 10-тина најватрени клабери. Фраерот цело време комуницираше со публиката, дури и со оние досадните кои бараа музички желби и возеше 3 саата без престан до некаде 4. Еднаш го вративме на бис со ремикс на старата но легендарна Sandstorm на Darude и ги исцица последните сили на подуморената публика.
Џулс беше одличен избор да не избави од дооолгата суша. Можеби фактот што одамна не сум бил на електронска журка делуваше малку да бидам пристрасен ама мислам дека не во голема мера. Можеби не најдобрата журка на која што сум бил, меѓутоа дефинитивно журка на која сум се осеќал како да била custom made за мене, како цигани кога ти свират во кафана на увце и дефинитвно журка која ќе зажалев ако ја пропуштев и по цена 5 пати поголема од таа што ја платив. Фала и на Sun Production за оваа можност да се присуствува на едно одлично возење и полненње позитивна енергија за толку ефтини пари.
JULES RULES!!!