Видови на аспиратори

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.098
Поени од реакции
11.508
Локација
Sydney
Да не знае некој како да препознаам аспиратор за кој е потребен отвор кон надвор/оџак?
Кај мене немам можност за таков отвор, а по интернет има мал милион марки и видови, па не можам да се снајдам.

Не најдов тема за аспиратори, ако има нека ја спојат админите.
 
Како мислиш аспиратор да нема отвор за воздух? :confused: Мораш да имаш некаков отвор за вентилација за да поврзеш аспиратор. Кај мене од превенција оти некој во зградата гори ќумбе во отворот за вентилација пуштав 8 метри цевка за да извадам отвор за вентилација надвор.

Истата ја обложив со гипс картон, ставив ламбичиња да светат надолу и сега изгледа супер. :love:

Инаку си купив аспиратор Макс со два мотори на извлекување. го вградив во висачот и си функционира супер.
 
Како мислиш аспиратор да нема отвор за воздух? :confused: Мораш да имаш некаков отвор за вентилација за да поврзеш аспиратор.

Има и за без отвор, кај моите родители има вградено таков, само и они (не) се разбираат како мене во оваа тематика.
 
Има и за без отвор, кај моите родители има вградено таков, само и они (не) се разбираат како мене во оваа тематика.
Да бе сега изгуглав, имало и такви модели и се нарекуваат абсорбатори. Само не се препорачуваат ако се има можност за да се постави класичен аспиратор.
 
Овој модел го гледав, на него пишува дека е самостоен и нема информации за одводно црево, па можеби е таков абсорбатор.
 
Овој модел го гледав, на него пишува дека е самостоен и нема информации за одводно црево, па можеби е таков абсорбатор.

Според болдов подоле мислам дека има одвод, а самостоен е затоа што не е вградлив во висачи, барем јас така мислам.

Куќиште:
Инокс
Инокс
Одвод:
Инокс
Боја на декоративниот оџак:
Инокс
Самостоен ѕиден кујнски аспиратор
Издувно и проточно

Овој модел го гледав, на него пишува дека е самостоен и нема информации за одводно црево, па можеби е таков абсорбатор.
Како успеа да го промашиш?
Код:
Технички особини/Димензии
Пречник на одводното црево:    15 cm

А оние на кои не им треба одвод (оџак) работат со филтри на активен јаглен. Истите треба често да се менуваат (зависи од користењето). Тоа кошта а и не се така ефикасни како овие со оџак. Подобро разгледај варијанта да отвориш некоја дупка кон надвор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom