Филмот „Боли ли?“ го видоа 22 милиони гледачи

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Според мене мислам дека овој филм заслужува посебна тема бидејќи според колку што знам јас овој е единствен македонски филм кој направил толкава гледаност од 22 милиони гледаност на јутјуб.


BF6B61EFF4F8034295A2D1BB42712620.jpg

Македонскиот игран филм „Боли ли?“ на Анета Лешниковска, познат како првата балканска догма, ги собори рекордите на гледаност на каналот „Јутјуб“. Ова остварување во продукција на „АКА филм“ оствари 22 милиона гледачи, поради што доби честитки и од овој канал, но и понуда да отвори сопствен канал за понатамошни активности и соработка.

Сопственикот на „Јутјуб“, корпорацијата „Гугл“, најави дека филмот е избран како пример за DIY онлајн-дистрибуција и ќе биде промовиран со „Гугл“ и нивните алатки. Како што известуваат од продукцијата „АКА филм“, на овие честитки им се придружи и Интернационалниот филмски фестивал во Ротердам, кој им понуди „Боли ли?“ да биде внесен во нивната дигитална онлајн-архива.

Сето ова е дотолку поинтересно што станува збор за филм, кој својата премиера ја имаше пред цели шест години, во почетокот на 2007 година. „Боли ли?“ или првата балканска догма ја потпишува Анета Лешниковска како сценарист и режисер, а овој филм беше направен во копродукција со Холандија. Улогите во филмот ги играат: Ирена Ристиќ, Даниела Стојковска, Висар Вишка, Бошко Бозаџиски, Игор Џамбазов и други, а директор на фотографија е Ленард Хилехе од Холандија.

Инаку, продукциската куќа „АКА филм“ моментно работи на долгометражните проекти „Бучно“ (во соработка со „Фемили афеар филм“ од Холандија и „Моуна продакшн“ од Германија) и на „Споменик на Мајкл Џексон“ (во соработка со „Дрим фектори“ од Македонија и „Папа филм“ од Србија). Проектите се поддржани од македонскиот Филмски фонд.

Додека, краткометражната анимација „Пред Бабел“, направена во копродукција на Македонија, Англија и Холандија, е последниот завршен проект на „АКА филм“. Овој филм, чиј режисер е Черил Вајт, а продуцент Анета Лешниковска, е номиниран за награда за најдобар анимиран краток филм на претстојниот Холандски фестивал за анимиран филм, кој се одржува од 20 до 25 март во Утрехт. (С.У.)
 
Ова е и единствен цел филм што сум го сретнал да има толкава гледаност на YouTube, мене ми личи на FAKE
 
Доста го хејтале на јутуб... баш ме интересира зошто

Зашто под клипот пишува мацедониан муви..а ние имаме 4 соседи..од исток,запад,север и југ.
 
Коментарите се блокирани, а и односот на лајкови и дислајкови е интересен. И покрај тоа што немам обврски немам 1 саат и 20мин за фрлање !
 
Коментарите се блокирани, а и односот на лајкови и дислајкови е интересен. И покрај тоа што немам обврски немам 1 саат и 20мин за фрлање !
Не секогаш лајковите и тоа што нема коментари значи дека филмот е лош. Секој е со свој вкус (y)
 
ги собори рекордите на гледаност на каналот „Јутјуб“

Мижи да те лажам.
 
Сигурно голем дел од прегледите се заради голотиите и сексот...
porn on youtube
 
Интересна класификација - балканска догма?!

Догма - мислење, теорија што се прифаќа како апсолутна вистина без критичко проверување; цврсто изложено мислење или тврдење без докази.

Според ова нема потреба за коментирање само едноставно прифаќање дека опишаните случувања се такви, без анализа на аголот на гледање... и толку.
 
Зашто под клипот пишува мацедониан муви..а ние имаме 4 соседи..од исток,запад,север и југ.
И тие 4 и пол милиони дислајкови се од исток,запад,север и југ.
 
Ако сака 100 милиони прегледи нека има јас овој филм нема да го гледам,немам време за фрлање.
 
Интересна класификација - балканска догма?!

Догма - мислење, теорија што се прифаќа како апсолутна вистина без критичко проверување; цврсто изложено мислење или тврдење без докази.

Според ова нема потреба за коментирање само едноставно прифаќање дека опишаните случувања се такви, без анализа на аголот на гледање... и толку.

Нема везе тоа што го објасни.

Догма 95 е друго. Тоа стил на снимање на филм, без употреба на посебни камери, ефекти, музика, правење на сцени - сè треба да биде како што е вистински. Нашиов филм има интересна приказна - догма 95 филм за снимање на догма 95 филм.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom