Нови / млади изведувачи и нивните траки на Кајгана Радио

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.304
Поени од реакции
34.687
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Здраво,

Како што знаете, во тек е организација на програмата на нашето интернет радио - Кајгана радио! :)

Бидејќи тука сме си наши и не глумиме „Холивуд“, како добри домаќини редно е да им дадеме предност на нашите членови и млади изведувачи кои сакаат да ги презентираат своите дела во нашата програма. Знам дека на форумов има доста талентирани автори кои имаат големо творештво позади нив, но голем дел од тие дела најчесто само „дремат“ во фолдерите на компјутерот и чекаат да бидат чуени од публиката. Чат-пат презентација на Јутуб и Фејсбук, многу тешко на домашните радија и ТВ станици.

Доколку сакате да ја збогатиме базата на песни кои ќе ги стримуваме до нашите слушатели, ослободете ги вашите дела и споделете ги со диџеите (форумџиите) за почесто да ги вртиме во нашата програма. Емпетројките може да ги закачите на некој од сервисите за споделување (како на пример SoundCloud или WeTransfer - тука може да закачите цела зипувана архива од вашите дела) и испратете го линкот во темава или кај мене во директна порака.

Знам дека на членовите како Кискино Cyber Knightи тн. (особено од рап и електронската багра) ќе имаат нешто да споделат. Во план е да организираме и посебни емисии посветени на македонските автори, затоа што тие го заслужуваат тоа. Ако имате идеи или знаете некој форумџија кој би сакал да ја сподели својата музика со слушателите на нашето интернет радио, слободно тагирајте го или дајте му го линкот до темава :)

Поздрав!
 
Многу многу добра идеја ацид дефинтивно (y)
 
Идеата е одлична, знам многу луќе што се членови на форумот и што имаат своја музика. Ќе го споделам ова и во темата за македонска музика.
 
El 'Borracho Mista 93

Едит: И мислам дека има уште некои кои можат да презентираат олд скул. Потоа, момакот кој бараше совети за хаусот што го правеше. Квалитетни парчиња правеше. :)
 
Само кајмене ли на истото јазиче кога ке отворам се гаси радиото ? :) :)
 
Ова е линк до дел од моите проекти. Истите ги има и на youtube, soundcloud, како и на bandcamp. Би било фино повеќе артисти да се активираат во ова. :)
 
Ова е линк до дел од моите проекти. Истите ги има и на youtube, soundcloud, како и на bandcamp. Би било фино повеќе артисти да се активираат во ова. :)
Песните се преземени и додадени во плеј листата за вечерва! :)

Ги охрабрувам и останатите да го следат примерот на Кискино :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom