Во последните два месеци некои од граѓаните добија многу пониски, а некои многу повисоки сметки од вода. Од ЈП Водовод велат дека станува збор за очекувана потрошувачка на вода, а не за некое вонредно порамнување на сметките
Граѓаните се изненадени од сметките за вода што им пристигнаа за јануари и февруари. Кај некои од нив сметката за потрошената вода изнесува само 100 денари, кај други пак таа се зголемила. Жители на скопската населба Ченто посочуваат дека не можеле да поверуваат дека им стигнало за вода да платат само 80 денари, а порано за истиот овој период плаќале и по 1500 денари.
- Долго време за вода плаќав повеќе од 1000 денари и заедно со сметот сметката ми достигнуваше околу 2000 денари, што за мене е многу висока сума. Иако цело време се чудев зошто сметката ми е толкава особено во зимски период кога трошиме многу помалку вода, бидејќи не го полеваме дворот, досега немав добиено објаснување од Водовод. Во јануари сметката за вода ми изнесуваше 100 денари, додека за февруари таа беше 80 денари, што пријатно ме изненади - вели пензионерката Васка С.
За разлика од неа, пак семејство од Црниче вели дека и тие се изначудиле на нивната сметка, ама затоа што таа била повисока од вообичаената иако ништо не се сменило во потрошувачката.
- Зимски период вообичаено сметката за вода ни е 600 денари, но овојпат за февруари ни стигна 1000 денари, а досега никој не не известил зошто е повисока сметката - вели Валентина К.
Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека ова било нормална и очекувана состојба за потрошената вода за првите два месеци и не станува збор за некое порамнување на сметките. Но, граѓаните се скептични и тврдат дека вакви суми досега не добивале, барем не во овој период од годината.
- Живеам во Горно Лисиче и веќе четири години сметките за вода ми се околу 700 денари. Во овие години досега никогаш ми се нема случено да добијам разлика во сметката, а сега ми стигна сметка околу 300 денари - вели Верче М.
Од Водовод посочуваат дека фактурирањето на потрошената вода за првите два месеца од оваа година се во рамките на однапред предвиденото ниво, односно секоја година овие два месеци, како што велат, била со помала потрошувачка на вода, бидејќи станува збор за зимски период. Од таму истакнуваат и дека отчитувањето на водомерите се врши секој втор месец.
- Сметките кои се доставуваат до корисниците на нашите услуги се согласно прочитаните состојби на водомерите кое се врши секој втор месец. Отпочнувајќи од сметките за потрошена вода за месец март предвидено е постепено зголемување на потрошувачката на вода кај корисниците на нашите услуги. Во глобала на територија на град Скопје нема некои драстични намалувања на потрошената вода на годишно ниво месечната потрошувачката на вода со години е на веќе предвиденото ниво, велат од претпријатието.
http://vecer.com.mk/?ItemID=17C658072E469F46A35F61923B9EDBB0