До кога со овие финти на EVN?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acohipmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.018
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.historyofmacedonia.org
Дома имаме обичај да ги чуваме сите сметки што ги плаќаме. Нормално, не вечно да ги чуваме туку некој разумен период од неколку години. До сега 2 пати се имаше случено да доаѓаат извештаи, односно предупредувања пред тужба за неплатена сметка за струја. 2 пати до сега среќа што ги чувавме веќе платените сметки за да ги приложиме и за да се повлечат истите.
Но, еве денес повторно, по 3 пат. Само што сега сметката е од 2005 година. Значи тоа се еб..и 8 години! Пред 8 години е таа сметка платена и нормално сега веќе е во пепел претворена.
( нема веќе "шпиц" па користам сметки за ќумбето ).
Ние дома сме едногласни и сигурни дека сите сметки се плаќани по ред, без исклучок.
Оваа сметка немаме намера да ја платиме, па макар и до Стразбур да дојдеме за неа.

Прашањето ми е дали и вие сте се нашле во ваква ситуација? Неодамна ми се пожали пријател за истиов случај, со неплатена сметка од пред неколку години во износ нешто поголем од 12 000 денари. Дали овие од ЕВН играат на картата, ако пројде, пројде, ако не, никому ништо?!

Изгледа дека ќе треба да го проширам подрумот...
 
Да, на таа карта играат.
 
Ми се чини има веќе ваква тема.
Да ти одговорам на прашањето не знам баш.
Ако не се лажам по една година сметките застаруваат или така нешто(Можеби и сум помешал со нешто друго во секој случај некој од правниците на форумов ќе ти одговори точно)
 
Дома имаме обичај да ги чуваме сите сметки што ги плаќаме. Нормално, не вечно да ги чуваме туку некој разумен период од неколку години. До сега 2 пати се имаше случено да доаѓаат извештаи, односно предупредувања пред тужба за неплатена сметка за струја. 2 пати до сега среќа што ги чувавме веќе платените сметки за да ги приложиме и за да се повлечат истите.
Но, еве денес повторно, по 3 пат. Само што сега сметката е од 2005 година. Значи тоа се еб..и 8 години! Пред 8 години е таа сметка платена и нормално сега веќе е во пепел претворена.
( нема веќе "шпиц" па користам сметки за ќумбето ).
Ние дома сме едногласни и сигурни дека сите сметки се плаќани по ред, без исклучок.
Оваа сметка немаме намера да ја платиме, па макар и до Стразбур да дојдеме за неа.

Прашањето ми е дали и вие сте се нашле во ваква ситуација? Неодамна ми се пожали пријател за истиов случај, со неплатена сметка од пред неколку години во износ нешто поголем од 12 000 денари. Дали овие од ЕВН играат на картата, ако пројде, пројде, ако не, никому ништо?!

Изгледа дека ќе треба да го проширам подрумот...

Стара финта. Според Законот Комунална Сметка со навршена една година од денот на доставувањето, а не е наплатена се смета за застарен ДОЛГ и немораш да ја платиш. Тоа ЕВН со закани за Тужби го прави зошто многу граѓани не си ги знаат за правата. ЕВН неможи да тужи зошто знае дека дека тужбата ке му биде одбиена. Доколку ве исклучат слободно тужи. ЕВН нема шанси да остави таков долг од пред 8 годни. Се знае 3 месеци не плати - исклучваат струја.
 
Си играат со живците на народот, минатиот пат на чичко ми за ѓубре му дошла некоја фактура/пријава заверена од нотар и бил даден на суд, кога ги приложил сите сметки ги прашал дали треба јас сега вас да ве тужам за вознемирување и губење на дневница поради вашите пропусти? Додека не се дигне народот како во Бугарија, ќе си трпиме и ќе си го јадеме. Не одраа живи. Имаше некое правило за застареност и без пресуда демек не можеле да те натераат да платиш, но кај можеш да се спротивставиш на ѓаволот.
 
Стара финта. Според Законот Комунална Сметка со навршена една година од денот на доставувањето, а не е наплатена се смета за застарен ДОЛГ и немораш да ја платиш. Тоа ЕВН со закани за Тужби го прави зошто многу граѓани не си ги знаат за правата. ЕВН неможи да тужи зошто знае дека дека тужбата ке му биде одбиена. Доколку ве исклучат слободно тужи. ЕВН нема шанси да остави таков долг од пред 8 годни. Се знае 3 месеци не плати - исклучваат струја.
Меѓутоа, се јавува проблем доколку неплатената сметка е утужена пред да биде застарена, а од некои причини (за мене необјасливи) судот дури сега на тужениот му ја доставува тужбата! На тој начин тужениот не само што мора да ја плати сметката, туку и каматите, судксите трошоци, па дури и трошоците на извршителите (со што се стигнува до еден енормно висок износ, далеку поголем од самата утужена сметка).
 
Дома имаме обичај да ги чуваме сите сметки што ги плаќаме. Нормално, не вечно да ги чуваме туку некој разумен период од неколку години. До сега 2 пати се имаше случено да доаѓаат извештаи, односно предупредувања пред тужба за неплатена сметка за струја. 2 пати до сега среќа што ги чувавме веќе платените сметки за да ги приложиме и за да се повлечат истите.
Но, еве денес повторно, по 3 пат. Само што сега сметката е од 2005 година. Значи тоа се еб..и 8 години! Пред 8 години е таа сметка платена и нормално сега веќе е во пепел претворена.
( нема веќе "шпиц" па користам сметки за ќумбето ).
Ние дома сме едногласни и сигурни дека сите сметки се плаќани по ред, без исклучок.
Оваа сметка немаме намера да ја платиме, па макар и до Стразбур да дојдеме за неа.

Прашањето ми е дали и вие сте се нашле во ваква ситуација? Неодамна ми се пожали пријател за истиов случај, со неплатена сметка од пред неколку години во износ нешто поголем од 12 000 денари. Дали овие од ЕВН играат на картата, ако пројде, пројде, ако не, никому ништо?!

Изгледа дека ќе треба да го проширам подрумот...

Барај состојба на броилото за тој период и доказ зошто немало заостанат долг во сметките до сега. И само упорно и на сила малку. Во слична состојба бев само што кај мене се работеше за сметка во периодот од 1986-1988, со замената на броилата му се даде простор за заебанција (кај мене беше ушто покомплицирана ситуациајта, броилото беше пренаменето од двотарифно во еднотарифно за деловен простор) ама погодија на тврд орев. Само упорно и без страв. Пиши како ќе поминиш.

Поздрав.
 
Додека на народот не му дојде преку глава од евн па оваа оваа зграда не ја запали со 2-3 молотови.

1.jpg
 
Баш прееска бев да плаќам :)
 
Прашањето ми е дали и вие сте се нашле во ваква ситуација? Неодамна ми се пожали пријател за истиов случај, со неплатена сметка од пред неколку години во износ нешто поголем од 12 000 денари.
Исто како твојот пријател и јас сум бил сведок кај други луѓе.Кај нив среќна околност беше плаќање со траен налог преку банка, па во банката си побараа извод од движење на сметката во тој период и ЕВН веќе беше во аут.

Дали овие од ЕВН играат на картата, ако пројде, пројде, ако не, никому ништо?!

Изгледа дека ќе треба да го проширам подрумот...
ДА!Не си ни прв, за жал и веројатно ниту последен.Само мислам дека после 5 години е застарена сметка?:confused:
По некоја логика, а и тужените сметки од претплатниците кон ЕВН до пред некое време имаа 5 години пред застарување?За ова да почекаме oд правнициве...Sase_Ohrid
 
mi se slucilo, ova bese dodeka licno ti naplakjaa na vrata pa cesto znaese toj aramijata da ti stavi pecat plateno i posle da ti stigne zaostanat dolg zosto toj aramijata gi stavil parite vo dzeb arno ali ja imavme smetkata i otide tate u evn i gi otera u pm im ja pokaza smetkata i toj cickoto ne go vidov vise.
 
Ако не си ја платил во секоја сметка ке стоеше заостанат долг, неможи туку така да ја извадат од 2005 :pos: ич не ги ебај :)
 
Исто како твојот пријател и јас сум бил сведок кај други луѓе.Кај нив среќна околност беше плаќање со траен налог преку банка, па во банката си побараа извод од движење на сметката во тој период и ЕВН веќе беше во аут.


ДА!Не си ни прв, за жал и веројатно ниту последен.Само мислам дека после 5 години е застарена сметка?:confused:
По некоја логика, а и тужените сметки од претплатниците кон ЕВН до пред некое време имаа 5 години пред застарување?За ова да почекаме oд правнициве...Sase_Ohrid
Како што кажа некој погоре, за физички лица оние барања кои втасуваат месечно (како месечните сметки за вода, струја, телефонија и сл.) застаруваат за 1 година. За правните лица (фирмите) тој рок изнесува 3 години. Доколку во овој рок од 1 година не се поднесе тужба, тогаш таа сметка застарува и не мора да се плати. Но доколку тужбата се поднесе пред истекот на овој рок тогаш застареноста се прекинува и ќе мора да се плати неплатената а утужена сметка.
Рокот од 5 години се однесува на стекнување без основ (во теоријата познато и како неовластено збогатување), на пример, кога некој ќе наплати нешто кое што според закон не смеел да го наплати.
Во овој конкретен случај, ако добро разбрав, луѓето добиле само предупредување пред тужба, а не тужба поднесена во суд, па во тој случај веќе не ни можат да поднесат тужба бидејќи нивното барање (кое би било предмет на тужбата) веќе е застарено. Меѓутоа, не ретко во праксата се случува токму ЕВН да поднесува и тужби со застарени барања (точно играјќи на каратата кој не е упатен ќе плати). Во таков случај тужениот, односно неговиот полномошник, треба да истакне приговор за застареност, бидејќи судот по службена должност не внимава на застареноста, па доколку не се истакне таков приговор тогаш судот ќе го уважи застареното тужбено барање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom