Моторџиите на Балканот: дали навистина се проблем?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Имам другари во Скопје на кои што опсесија им е да возат мотори и да се дружат со други моторџии. И самиот приметив последниве неколку години колку многу се шири оваа подкултура. Арно ама Балкан бандидос? Повеќе ми делува смешно отколку сериозно, нешто како желба за имитација. Кој знае, можеби грешам. Ме интерсираат мислења - и не мора да се однесуваат само за Македонија.


По објавата на Еуропол дека членството во клубовите „Ангели на пеколот“ и „Бандидос“ е скоро двојно зголемено во изминатите шест години, регионалните влади ги следат внимателно локалните моторџиски клубови.

Бројот на локални клубови на „Ангели на пеколот“ низ целиот свет порасна од 120 во 2005 година на 229 во 2012 година, а „Бандидос“ достигна бројка од 137 локални клубови во 2012 година, од 72 во 2006 година, според Сорен Педерсен, шеф за медиуми на Еуропол.

Просечните локални клубови се состојат од околу 14 членови, вели Еуропол.

„Она од што се плашиме на Балканот е дека, иако тие сега-засега се под контрола, како што безброј пати досега сме виделе ќе се вклучат во оружје и се разбира, дрога“, рече Педерсон.

Ова не е првпат регионот да се соочи со опасност од пораст на бројот на моторџии. Во 2010 година Еуропол објави слично предупредување, истакнувајќи ја потребата од меѓународна полициска соработка за решавање на прашањето.

Подоцна истата година Европската комисија спонзорираше работилница од повеќе држави за забранети моторџиски банди за полициските претставници од Југоисточна Европа.

Во Загреб минатиот месец полицијата спроведе рација на моторџиски клуб каде што околу 60 посетители од цела Источна Европа се собраа на годишна забава.

„За време на извршената рација, полицијата употреби мерки на присила против четири лица, а две лица беа приведени за сослушување поради претпазливост, по што беа ослободени“, рече за SETimesпортпаролот на загрепската полиција.

Турција и Албанија, каде што Еуропол вели дека приливот е особено силен, се стратешки точки на дистрибуција за „Балканскиот пат“, преку кој поголем дел од Западна Европа ја добива својата дрога.

Еуропол тврди дека главниот прилив доаѓа од Австралија, каде што моторџиските банди се многу активни.

Таму, групите „имаат значајно место во повеќето аспекти на сериозниот и организираниот криминал и имаат голема способност да се прошират во нелегалните дроги, оружјето, уцената, изнудата и измамата“, објави неодамна австралиската Комисија за криминал.

Австралиската влада ја постави за свој приоритет контролата на моторџиските банди. Неколку држави се обидуваат целосно да ги забранат групите, преку законите што забрануваат покажување на боите на групите и тетоважите на членство. Но, членовите на групите успешно ги оспорија тие закони како неуставни.

Неодамнешните остри мерки на владата против „бајкерите“ можеби се причината за тоа што некои членови мигрираат на запад, но Европа, исто така, нуди бизнис предности.

И покрај неодамнешното предупредување на Еуропол, некои експерти се скептични дека австралиските бајкери ќе се нафатат на ваква голема преселба.

Групите честопати егзистираат како легитимни хоби заедници, вели Данкан Мекнаб, поранешен полицаец и приватен истражител во Австралија, но тој додава „Треба да сте слепи за да не знаете со што пред сè се занимаваат овие клубови“.

Многу австралиски моторџии имаат врски со Југоисточна Европа поради нивното балканско потекло. Многу имигранти кои избегаа од регионот кога Југославија се делеше во 1990-тите -- или за време на долготрајната економска криза што следеше -- дојдоа во Австралија.

Голем дел од нив се регрутирани во „бајкерските“ банди на нивните нови татковини, кои сега ја вклучуваат и соодветно наречената „Балкан бандидос“.

Кога двајца австралиски „Бандидос“ од Балканот беа неодамна судени, а подоцна и осудени, за силувањето на бандата во Голд кост, нивните адвокати ја наведоа траумата што ја доживеале додека растеле за време на војните во Босна и Херцеговина и Косово како контекст за нивното однесување.

Со зголемувањето на разните клубови, тие може да ги надминат своите сопствени територии на тргување и да се замешаат во други, стравува Еуропол. Борбите за територии сигурно не се без преседан во моторџиските заедници; историски, овие банди станувале најнасилни кога се занимавале со проблемите со пребегнување и ривалство во самите банди.

„Ако погледнете историски, ќе забележите: кога тие ќе нараснат премногу, има ризик да се судрат“, вели Педерсен.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/02/25/feature-03
.
 
Во врска со ова и наш ако се сеќавате беше убиен наводно се сомневаа од моторџиски банди, еве ја веста..
Убиен 32 годишен Македонец во Австралија
Убиецот бил на мотор и откако испукал неколку куршуми веднаш го напуштил местото. Во нападот повреден е и таткото на Дарко , кој бил и очевидец. Сведоци на бриталното убиство велат, дека таткото на Дарко се обидел со метална шипка да се пресмета со убиецот , но бил совладан и турнат во оградата на дворот. Јанчевски починал на пат кон болница. Како што пренесуваат тамошните медиуми, ова е трет обид за убиство на Дарко. Првиот обид бил во февруари минатата година кога бил повреден, а вториот во ноември кога неговиот дом бил нападнат со молотови коктели. Дарко Јанчевски бил член на моторџиска банда каде од неодамна бил избркан . Австралиската полиција го поврзува и со истрагата за убиството на Сашо Ристевски кој исто така беше убиен пред семејната куќа во септември минатата година. Случајот се поврзува и со исчезнувањето на Горан Николовски, за кого се претпоставува дека е мртов откако австралиската полиција го пронајде неговиот автомобил целосно изгорен.
 
Моторџиите се наjмал проблем на Балканот. Дури не би ги ни класифицирал како проблем.
Проблеми на Балканот се менталитетот, глупавоста/простоќата, политичарите, криминалот, сиромаштиjата ИТН.
 
Кај мене овие во селово се мирни дечки и голем број од нив се бизнисмени или пак моторџии од типот на Wild Hogs.

Мислам дека не е проблем...
 
Хелс Енџелс и Бандидос нема во Македонија, а има клубови кои се нивни супортери, така да додека не се формираат официјални чаптери ќе бидеме раат после тоа ќе има промени, некои клубови ќе згаснат, некои ќе се спојат...

За сега проблемите со клубовите се стигнати до Хрватска, кај нас рано е уште, моја прогноза е дека ќе ја истераме сезонава без проблеми, за следната не се знае (зборам за проблемите со грбовите, MC и MCC)

Иначе дечките од нашите MC клубови се екстра, не се криминалци и бандити како што ги замислуваат повеќето кои не се упатени, не споредувајте со Sons of Anarchy, филм е тоа.
 
Допрва доаѓаат. Бандитос се во Хрватска и за нив балканот е приоритет. Еден од главните во Бандитос е Mакедонец од Перт, така да мислам кога-тогаш ќе дојдат и во Македонија.

Во Мелбурн секретар/благајник на Хелс Анџелс е Македонец ама него не го интересира многу балканот. Они се и поексклузивни така да не верувам они би иделе натака.

Бандитос примаат лесно, они сакаат квантитет. Во Тајланд еден од главните луѓе на Бандитос е исто така Македонец баран во Аустралија за некој срања што ги има направено порано па може и него да го префрлат мада има доста наши во Бандитос.

Ќе биде весело ако дојдат поготово со брачата од Јаја паша, овие враќаат не се ко МВР.
 
Не се стигнати кај нас сеуште, но, за жал, Македонци страдаат таму.

НАСТРАДА 23 ГОД МАКЕДОНЕЦ ВО ВОЈНА МЕЃУ МОТОРЏИСКИ БАНДИ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Моторџиската војна во Швајцарија меѓу членови на Hells Angels и ривалската банда Црни Јакни.

Нападнат со пепер спреј бил Македонец 23 годишен кој носел јакна со амблемот на Црни Јакни.

Како што јавува lematin.ch инцидентот се случил во понеделникот вечерта на бензинска станица во Oftringen Aargau.

Еден член на Hells Angels нападнал член на спротивната банда и дошло до физичка пресметка.

Бернхард Грасер, портпарол на кантонскате полиција, изјавил дека напаѓачот, е 47-годишен швајцарец за кои имаат информации дека бил во алкохолизирана состојба а со себе имал и палка и нож.

Подебелиот крај го извлекол млад македонски државјанин, 23 годишен, кој завршил во болница со тешки повреди. Освен физички повреди од тепачката, македонецот имал сериозни повреди и од „пепер спрејот“ со кој бил испрскан.

Битка меѓу овие две моторџиски банди трае веќе некое време. Инциденти меѓу моторџиски банди не се ретки во Швајцарија, но ова бил втор напад во неколку дена.

http://mkd-news.com/nastrada-23-god...-vojna-megu-motordhiski-bandi-vo-shvajtsarija
 
Во Бугарија на двата клуба чартeри нема. Има само хендграуд на Hells Angels.
Познавам многу членови на мото клубови од Бугарија, од кои некои се многу ми се добри пријатели. Не знам што е проблемот со такви клубови надвор од земјата, но тука никаков проблем нема - токму напротив. Имам само добри впечатоци од клубовите и нивните членови. Одам на собори од време на време.
 
Патетичен опид на авторот да плука за сетен пут по ЕУ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom