- Член од
- 22 февруари 2007
- Мислења
- 1.852
- Поени од реакции
- 1.382
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 20:15 ---
ама да не заборавиме дека тие албанци се гурбетчии и неписмени за цивилизација да незбориме
Не,тие се магистри, ти си неписмен.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 20:15 ---
ама да не заборавиме дека тие албанци се гурбетчии и неписмени за цивилизација да незбориме
и тоа што викашНе,тие се магистри, ти си неписмен.
Планирањето на семејството е клучот, едноставно ќе правиш деца колку што ти дозволуваат твоите примања.
Од друга страна неможеш ни да судиш за тоа што некој направил 1 или 7 деца. Секогаш во нашите судови ги вклучуваме нашите субјективни мислења, ставови, искуства.
Дека работа е лесно да најдеш, да, лесно е на вести!![]()
Тотално се согласувам дека детето е најголемата инвестиција во животот од повеќе аспекти. Можеби единствената работа која што треба многу длабоко да ја размислиш и да се ставиш во психолошка состојба во која и самиот ќе бидеш спремен да бидеш родител. Но како што кажа, после тоа да се жалиш и да кукаш до небо не иде.Нема мислење од коа ке се напраат како ќе бара работа, ќе му ја мисли пред да земе деца да прави, децата се инвестиција во која цел живот мораш да инвестираш колку и да звучи паушал или материјално така е, не барале да дојдат на свет, си ги створил, сега има да ринташ што ќе најдеш ако треба и за 300 ќе растовараш твој проблем има да имаат на маса за јадење, зошто инаку би правеле толку деца, за да не има на телевизија? Да ти гори душата кај што неможеш смоки да му купиш покрај сува корка леб, не е лесно ама ич, треба напор, труд, време и јаки нерви, тоа е родилеството не е паштета отворија и намачкај ја на леб, не е ова времето на баба и дедо што ќе си посееш тоа ќе си жнееш и ќе си јадеш, малку посурови времиња за кои треба да имаш муда ко коњон на Аце на плоштад за да опстанеш и израснеш деца и истите ги ставиш на прав пат.
ги оправдувам нека прават што сакаат тоа си е нивен живот
јас доаѓам од семејство со повеќе деца (за македонски услови) односно 4.
Татко ми кога не правел немислел дали ќе има пари да не издржи затоа што била Југославија а подоцна нетранзициска Македонија , имал убава работа, убава плата и можел да не издржува. Кога Македонија влезе низ транзицијата ни започнаа проблемите иако татко ми е многу работлив човек и човек со диплома која многу вреди, но тоа што ни започнале проблемите не значи дека сме биле без леб, имам дедо кој веќе е многу стар но додека беше помлад работеше на село и секогаш имавме брашно за леб (мајка ми иначе иако градско дете чиста Скопјанка занаетот го научила од баба и) и се останато што може да се замеси од брашно, а татко ми работеше се што ќе најдеше иако инженер работеше и како испомош (чирак) во градежништво.Низ годините беше турбулентно, некогаш имавме многу ,некогаш доволно ,некогаш малку но никогаш не кажале немаме или премногу е тешко ,секогаш се трудеа да ни овозможат храна, здравје, облека и школување исто како и денес кога јас како 3то дете студирам и ми е потребна голема финансиска подршка од нив.
Јас лично ги оправдувам луѓето кој имаат повеќе деца но само ако се погрижат за тие деца да имаат се што им е потребно за да живеат и растат нормално (а не како денес гледам 8 годишни деца со ајфон 5 на улица - тоа е веќе претеризам), но доколку немаат и неможат да им овозможат (несакаат) тогаш мислам дека тие луѓе не треба ни да ги имаат децата.
Секогаш може да се најде работа ,денеска најслабоплатена работа е во конфекциите но мажите можат да работат градежништво и најниските дневници во градежништво се 300-500 ден зависи каде. Јас лично сум работел во градежништво по објекти само затоа што не сум сакал да им бидам преголем товар на мојте а сум имал слободно време (викенди) и со тоа сум покривал голем дел од трошоците и ми останувале пари.