Ги оправдувате ли луѓето кои имаат многу деца, а немаат пари за да ги прехранат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Брзии
  • Време на започнување Време на започнување

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
За отворање на оваа тема ме поттикна претходната за седумте дечиња кои немаат што да јадат. Навистина е жално... Колку можеме помагаме и донираме... Дали вие оправдувате вакво нешто? Дали оправдувате родителот да седи дома и да кука дека нема работа, додека неговите мали деца плачат и немаат што да јадат. Навистина е болна вистината, но мислам дека тие луѓе најпрвен немаат желба за работа и се многу лакоми. Ако им понудат работа за 4000 денари ќе велат дека им е малку или нешто друго. А сите знаеме дека работа има... Цепење дрва, пренесување цигли и други работи можат да му придонесат по 200 денари на ден за да купи леб и млеко... Што мислите сакаат ли тие луѓе да работат или само се вадат дека немаат работа!?
 
Не ги оправдувам и вероватно ни во иднина нема. Неконтролираното размножување ме асоцира на животните кои што немаат развиено свест и контрола на раѓањето.
За разлика од животните, ние луѓето сме развиле свест и сме способни да го планираме семејството во зависност од околностите и желбите.... освен некои кои не не се способни :)
 
Мислам дека овие луѓе не се при целосна здрава свест и расудување, кога гледаш дека немаш средства да прехраниш 2 деца , запри го раѓањето, сега има медицински третмани и се се псотига. Но ете прават по 7 деца и друг им е крив оти нема со што да ги хранат. Мислам дека 2 или максимум 3 деца ако имаш добри примања се доволни. Во никој случај не оправдувам 1 дете бидејќи јас сум единец и посакувам да имам брат или сестра.
 
Лесно е да ги наклецаш, проблемот е тоа што свесно правиш деца кои ке раснат во мизерија и ке се мачат, поготово ако живеат во град. Ако се на село и родителите обработуваат земја и чуваат добиток, можеби и проблемот со прехранувањето ке го немаат, но пак ке живеат подпропсечен сиромашен живот. Не знам, би сакал да грешам и да не е така, сите тие дечиња да имаат среќно детство но јас по ова прашање сум песимист и не ја одобрувам одлуката на една сиромашна фамилија да има повеќе од 2 деца.
Кај нас Македонците реално треба да се дигне малку наталитетот, кај Кинезите на пример треба да се намали, пошто тие немаат ресурси ни да се прехранат, немаат толку обработлива почва за да ги нахранат своите жители од Кина, за разлика од кај нас, многу необработена квалитетна почва имаме и сеуште неискористени капацитети на енергија. Нели со повеќе жители ппоголема потрошувачка на енергија, храна, облека и сл. ке има.
Ние Македонците и од друг аспект треба да го зголемиме наталитетот, како што гледате се повеќе и повеќе се намалуваме како народ а некои други се зголемуваат.
 
Ги оправдувам оние кои што иако имаат многу деца, сепак гледаат да ги израснат во најнормална средина, да ги школуваат, облечат, нахранат и се друго, они нема да јадат за да ги израснат децата, но за разлика од тие што се нездрави родители, ги знаете и самите кои се, прават по 10 деца за да им питаат, да им носат пари дома а они да легачат, е овие треба да се кастрираат, на -20 децата боси шетаат и питаат по улици, ова во никој случај не го оправдувам.
 
Не ги оправдувам и вероватно ни во иднина нема. Неконтролираното размножување ме асоцира на животните кои што немаат развиено свест и контрола на раѓањето.
За разлика од животните, ние луѓето сме развиле свест и сме способни да го планираме семејството во зависност од околностите и желбите.... освен некои кои не не се способни :)
Да ама не е до свеста на животните бидејки тие и немаат свест, само инстинкт. Животните имаат точно определени периоди на парење додека човекот само 6-7 дена во месецот не може да се "пари" а останатите 23-24 може да прави што сака. И животните немаат валути со некаква вредност за размена на средства. Тие функционираат по принципот, земи онолку колку што ти е доволно да преживееш, за разлика од човекот кој е алчно суштество и не знае колку му е доста, и сака да стекне што повеќе и да не дели со другите иако има доволно и за 6 наредни поколенија собрано. Затоа едни имаат премногу а други немаат ни за вода. Алчни сме, што би рекол Сашко Коцев, ендемски вид сме, ама не во изумирање туку во експанзија.
 
Не ги оправдувам. Сурово е да ги раѓаш за да ги мачиш.

Али, во контекст на инспирацијата на авторот на темава - нема потреба од моето мислење, нити од мојата осуда. Децата се веќе тука, гладни се и треба да се помогне. Касно е сега да се мисли што би требало да се направи порано. Поентата ми е дека подеднакво сурово би било да им ускратиме помош (доколку можеме да ја пружиме) само затоа што не се согласуваме со начинот на кој тие стигнале на светов.
 
Без разлика на се човекот ги има тие седум деца и сега не е време да се зборува за него дали требал или не, тоа сите го знаеме. Колку што разбрав од уводот, прашањето повеќе е дали му се работело на човеков или бил неработник, тема која мегафониве на власта постојано ни ја сервисираат дека имало работа ама на народот не му се работело. За сите што мислат така на форумов еве прашајте ги вашите работодавачите дали ќе се најде некоја работа за човеков. Со носење цигли по потреба денес да па наредни три дена не, не се гледа фамилија, нека е платата минимална ама да е редовна. На крај краева не е секогаш дека луѓево не им се работа едноставно и за тоа денес треба да си снаодлив продорлив а за жал сите не се такви што и не е нивна грешка.
 

Не треба да зборуваме за ова било што било, но треба да се удри и критика за ова што го прават тие глупи (луѓе без памет). Немаат основни средства за преживување,а направиле 5,6,7 па и повеќе деца, се запрашале што ли ќе му прават на тие деца или тие планирале да ги носат на бавча да му копаат на земјата којашто ја немаат?
Да, ова го пишувам како и сите други членови на форумов за да видат сите дека не е смислата на животот да се прави деца затоа што најпрвин треба да си "среден" за да му понудиш на тие идни деца. Можеби не е се така розово како што замислувам(е) ама има работа само кој да работи. Сум начекал луѓе коишто земаат социјално и во меѓувреме му било понудена работа со плата којашто не ги задоволува нивните потребни,а е 5 пати поголема од социјалното што го зема... logic?!?!
 
Порано нарочно ги праеле појче деца оти му требале да работа тутун кај нас ...И не , не сум за појче детно семејство ако нема услови за истото....да ги родиш за да се мача
 
Не ги оправдувам!7-8 деца аааааааау во денешни услови,па тоа дете нема ни леб да јаде...до кај 3 мах мислам дека би можело да се исчуваат ,али повеќе не,освен ако родителите имаат кееееш(наследство некое јако),тогаш ја би и фудбалски тим :D
 
Абе лесно е да се направат, секако дека они кога немаат пари за леб нема ваљда кондоми да купуваат да се пазат ама сепак може да се припази и да се мисли на иднината на тие деца, како тие ќе растат, во што ќе растат, со што ќе се хранат, со што ќе се облечат, кај ќе спијат и многу други битни работи за еден човек, посебно за едно дете. Така да не ги оправдувам и ако немаат доволно примања а сакаат деца нека имаат едно две и доволно им е, барем колку толку ќе можат да ги прехранат ако се помалку, а не да прават по 7,8,9 или 10 деца па после државата им била крива што немале пари... па оди најди работа, црнчи за 100-200 денари колку децата да јадат, а не да ги окривуваш другите... па и помош очекуваат од министерот,од премиерот, од граѓаните да донираат.. и што ако... министерот ќе им помогне еден ден ќе напуни 100 кеси ќе им донесе и тоа е само еднаш нема тој нонстоп да им носи и тоа они ќе го потрошат и пак иста песна ајде дајте луѓе... Луѓево донираат колку можат ама пак не е тоа завека да ти донира некој за ти да живееш... Значи сепак треба да се размисли пред да се направи нешто во животот, а не само со ладна глава да тераш.:confused:
 
Не ги оправдувам, не може ко животни да се ****, а да не мислат на последиците. И само кукаат дека нема работа, тешка сиромаштија, како ќе преживеат, плачат, цмиздрат, а ги мрзи да земат да поработат. Битно цигари знаат да пушат, да изгледаат мизерно и да љокаат ракија. Според мене тоа се ПРЕпасивни луѓе, што чекаат од небо да им паднат пари, и се предепресивни и премрзливи за да земат нешто да поработат, па ај ќе чекаме сеа државата да не спаси, и ќе ги викаме од Сител, да не сожалуваат луѓето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom